Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 08.06.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.05.2026 во Казнено - поправната установа Затвор Идризово бил извршен претрес над пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.        

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Р.(35) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 14.05.2026 на паркинг простор во Гостивар, пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.

 

На 07.06.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, во близина на с. Нова Брезница, 36-годишниот В.М. од Скопје, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 07.06.2026 во 16:40 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 44-годишната С.С. од Скопје. Според пријавеното, на 06.06.2026 на ул.„Жан Жорес“ во Скопје околу 21:00 часот, управувајќи велосипед, паднала во одводна шахта, при што се здобила со повредите. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 07.06.2026 во 19:00 часот на автопатот Скопје - Тетово, кај наплатната станица Желино, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиja од слобода А.Р.(41) од село Добридол, поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Имено, според пријавеното, претходно на наплатната станица тој физички и со тврд предмет го нападнал Н.Џ.(28) од село Мала Речица, тетовско. Нападот го прекинале полициски службеници кои биле на местото, по што А.Р. е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.06.2026 во 01:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги приведоа Џ.А.(46) и Б.Ј.(24), двајцата од Велес, затоа што во казино во Велес го нарушиле јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување. По преземени мерки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно на Џ.А. му биле измерени 1,54 промили, а на Б.Ј. 1,47 промили алкохол во крвта. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 07.06.2026 во 22:20 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во паркот „Жена борец“ во Скопје имало починато лице. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека починатото лице е Х.Р.Г.(79) од Индија. Извршен е разговор со Т.М.Л.(43) од Индија, кој изјавил дека додека двајцата се движеле, одеднаш Х.Р.Г. паднал, по што тој повикал Итна медицинска помош. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на судска медицина за обдукција. 

 

На 07.06.2026 околу 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на клучка Мирковци,  по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Н.(49) од с.Арачиново, скопско, од една страна и А.Е.(37) и А.Д.(35) од друга страна, двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 07.06.2026 во 12:05 часот во СВР Скопје, Р.Д.(70) од Скопје пријави дека на 06.06.2026 околу 21:30 часот во влез од зграда на подрачјето на Центар две лица физички ја нападнале, при што едниот употребил тврд предмет и ѝ одзеле паричник со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 07.06.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, А.П.(68) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот на подрачјето на Центар, две машки лица физички го нападнале, додека едно женско лице кое било со нив, му одзело пари од паричник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 07.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.К.(47), Љ.Ј.(32), Б.С.(28), А.А.(27), Љ.Љ.(27), сите од Скопје и И.Д.(26) од САД затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Мени за пристапност