СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Р.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.11.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
ОВР Виница поднесе кривична пријава против Н.П.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 22.05.2026 во семејната куќа во виничко село, пријавениот физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга и ѝ нанел повреди, констатирани во Здравствен дом Виница.
На 06.06.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.С. (58) од село во тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“, постапувајќи по пријава од неговата поранешна 53-годишна невенчана сопруга дека вчера во неколку наврати Ј.С. ја следел, вознемирувал и упатувал закани по нејзината безбедност, барајќи од неа да почнат повторно да живеат заедно. Ј.С. е задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.06.2026 околу 15:30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с. Нераште – с. Радуша, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки удрило во велосипедистот А.М. (29) од Тетово. По несреќата, возачот со возилото го пренел повредениот велосипедист во приватна амбуланта во село Нераште, по што си заминал. Потоа А.М. со друго возило бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, а за време на вршењето на увидот, на местото дошол Л.М. (39) од с.Нераште со возилото “фолксваген туран” и се пријавил дека тој учествувал во сообраќајната несреќа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 06.06.2026 во 23:00 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода В.Д. (46) од Тетово, по претходна пријава од страна на А.А. (54) и Н.А. (49), двајцата од Тетово, дека во Тетово физички ги нападнал и им нанел повреди. Поради сериозноста на повредите, А.А. бил пренесен во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза" во Скопје. СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.06.2026 во 22:40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце го лишија од слобода С.К. (30) од Скопје, постапувајќи по пријава од 30- годишна жена од Тетово, со која порано биле во врска дека истиот ден во неколку наврати ја следел и барал од неа повторно да бидат заедно. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.06.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат с.Сарај кон Матка во атар на с.Глумово товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.Ј.(60) од с.Шишево,скопско излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 07.06.2026 во 00:20 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8-ми Септември“ е пријавено дека кај нив бил донесен Е.А. од Скопје со тешки телесни повреди со кои се здобил на бул.„Партизански Одреди“ од удар од велосипед, по што велосипедистот го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.06.2026 во 23:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.К.(33) од Свети Николе и Ф.Ш.(37) од с.Рудник, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.06.2026 во 20:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Х.(49) и Б.А.(45) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.06.2026 околу 12:00 часот во СВР Скопје М.С.(33) од с.Булачани, скопско пријави дека во населба Илинден по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.06.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром по претходна вербална расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.А.(56) и З.Ј.(62) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.06.2026 во 10:15 часот во СВР Скопје Б.Ј.(72) од Скопје пријави дека на подрачјето на Гази Баба во двор од куќа пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.06.2026 во 23:00 часот во Градски парк во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.У.(32), А.У.(19), Т.У.(27), тројцата од село Горно Јаболчиште, општина Чашка и С.Л.(21) и двајца малолетници на возраст од по 17 години, тројцата од село Бузалково, велешко, затоа што за време на одржување спортска манифестација меѓу нив настанала физичка пресметка. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 06.06. и 07.06.2026, полициски службеници од ОВР Неготино во содејство со инспектори со Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Регионален центар за гранични работи Југ, извршиле контрола во угостителски објекти во Неготино. При контролата во еден од објектите биле затекнати малолетници кои биле послужени со алкохол. Со малолетниците биле извршени службени разговори во присуство на претставник од Центар за социјални работи Неготино, по што биле предадени на родители или блиски роднини. Притоа, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода А.С.(25) и еден малолетник од Неготино, поради основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик „точење алкохолни пијалоци на дете“. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Д.(57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Таа, на катастарска парцела во охридското село Трпејца, без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, извршила изградба на индивидуална семејна куќа. Тоа било констатирано по спроведен вонреден инспекциски надзор од страна на овластен градежен инспектор кој, врз основа на затекнатата состојба, донел решение за отстранување на градбата.
ОВР Дебар поднесе кривична против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста“. Тој, на 29.05.2026 во 23 часот, на улицата „Зеќир Чанка“ во Дебар бил лишен од слобода затоа што управувајќи моторно возило „поло“ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и избегал, а потоа физички нападнал полициски службеници. Откако е лишен од слобода, утврдено е дека немал положено возачки испит и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 2,75 промили алкохол во крвта.
На 06.06.2026 во 21:15 часот во Полициската станица Гевгелија, 23 -годишна жителка на Гевгелија пријави дека околу 20:00 часот на улица во Гевгелија нејзиниот сопруг Т.М. физички ја нападнал. Т.М. е повикан во Полициската станица Гевгелија, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.06.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје 61-годишен маж пријави дека на 05.06.2026 во домот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од неговата вонбрачна партнерка К.П.(54). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.06.2026 во 01:10 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.М.(34) и Н.А.(35) двајцата од Скопје поради тоа што М.М. нападнал полициски службеник и упатувал закани, а Н.А. спречувал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.06.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат Б.О.(69). Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.
На 06.06.2026 околу 16:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.
На 06.06.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје С.Т.(43) од Скопје пријави дека во с.Долно Соње,скопско неговиот малолетен син бил физички нападнат од други двајца малолетници кои ги познавал, а претходно едниот од нив го сликал и снимал со мобилен телефон и исто така бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.06.2026 околу 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на железничка пруга во населба Драчево имало поставено вреќа со песок и камења. Предметите биле отстранети од машиновозачот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.06.2026 во 08.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кучково,скопско под патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од с.Волково,скопско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
На 06.06.2026 во 12:00 часот во ОВР Виница е пријавено дека во с.Лески,виничко А.К.(53) од Кочани додека извршувал работни задачи како вработен во фирма се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кочани. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници и известен е јавен обвинител.