Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.М.(38) од с.Здуње, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.12.2025 на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над едно лице, при што пронашле и одзеле кокаин, кој го купил од пријавениот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против В.Б.(34) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 23.05.2026, пријавениот отишол во домот на едно лице во Крива Паланка и физички го нападнал.
На 05.06.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Атанас Митрев“ во Скопје, патничко возило „опел вектра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(24) од Скопје, удрило во 78-годишната С.О. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.О., констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 05.06.2026 во Полициската станица Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Валандово- Струмица, поточно на делница помеѓу село Костурино и Струмица, настанал пожар на полу-приколка влечена од влекач „ман“ со бугарски национални ознаки, управуван од Б.М.(28) од село Русиново, беровско. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.
На 05.06.2026 околу 10:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово, електричен тротинет управуван од 16- годишен малолетник од село Лисец, удрил во 32-годишната И.Ѓ. од село Непроштено. По несреќата, И.Ѓ. е пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош, од каде поради сериозноста на здобиените повреди, е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза" во Скопје. На местото на настанот е извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Тетово.
На 05.06.2026 во 09:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица ,,Маршал Тито" во Тетово патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. (47) од село Палатица, удрило во пешакот М.Н. (73) од Тетово. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.
На 05.06.2026 во 16:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Р.М.(49) од Велес, затоа што во здравствена установа во Велес го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки било констатирано дека Р.М. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,59 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.06.2026 во 14:20 часот во Скопје во Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ѓ.(42) од Скопје, по претходна пријава дека во установата упатувал закани кон вработена и нејзиното семејство и се обидел да и одземе службен документ. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.06.2026 во 18:00 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.(21) од с.Арачиново, скопско, по претходна пријава дека упатувал закани кон 42-годишен маж од с.Долно Свиларе, скопско.
На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје М.Ј.(33) од Куманово пријави дека на 04.06.2026 околу 14:55 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како доставувач на нарачки, С.С., кој имал нарачано производи, му рекол дека нема пари да ја плати нарачката, по што физички го нападнал пријавителот и му ги зел производите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.06.2026 во 02:53 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, било опожарено паркирано патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.И. (56) од Скопје, а претходно управувано од А.И. (28) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Т.. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, повредени лица нема, а увид е извршен од екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.06.2026 во 18:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат во с. Обедник, општина Демир Хисар, Б.Ј. (39) од Битола управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. При тоа, Б.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.