Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 05.06.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Џ.(50) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.05.2026 во спортска обложувалница во Гостивар, пријавениот со остар предмет упатил закани кон еден вработен и одзел пари. Додека пак, на 01.06.2026 полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошни простории, при што била пронајдена и одземена саксија со стебла од растението канабис. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 15.03.2026, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал неговиот брат.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.С.(19) од Скопје, М.Г.(18), 17-годишник и 15-годишник, сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 14.05.2026 во Струмица, пријавените со употреба на физичка сила одзеле чанта со пари, лични документи и други предмети од Б.С. (70) од Струмица.

 

На 04.06.2026 во 11:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево, електричен тротинет, управуван од 13-годишен малолетник од Кичево, удрил во паркирано патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, паркирано од Г.Д.(47) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

 

На 02.06.2026 околу 20:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на некатегоризиран пат во „Новиот парк“ во Свети Николе, 15-годишен малолетник од Свети Николе, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на патот. Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Н.И. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 30.04.2026, пријавениот во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка и ѝ нанел повреда. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Н.(37) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 16.04.2026 во Виница пријавениот физички нападнал малолетник од Виница. 

 

На 04.06.2026 во 23:50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа Ј.С.(21) од Куманово. Претходно, управувајќи мотоцикл, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициските службеници. По преземени мерки, Ј.С. и мотоциклот биле пронајдени на бензинска пумпа во Куманово, при што тој агресивно се однесувал и ги попречувал полициските службеници во извршување на службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица, а мотоциклот бил одземен. По целосно документирање на случајот против Ј.С. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ц.Џ.(32) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катастарска парцела во дебарското село Рајчица, неовластено и спротивно на одредбите од Законот за градба, изградил објект за домување.

 

На 04.06.2026 во периодот од 11:00 до 13:00 часот во СВР Куманово, полициски службеници извршија службен разговор со Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишник, сите од Куманово. Тие се сомничат дека, со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово и одзеле поголем број маси и столови. Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишникот во разговорот го признале делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

 

На 04.06.2026 во 23:10 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Б.И.(35) од Тетово затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201 од Кривичниот законик. Тој, при извршување работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, физички нападнал малолетна ученичка во училиштето, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница во Кичево.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Д.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.04.2026 во с.Волково, скопско, полициски службеници пронашле торбичка во која имало марихуaна и дигитална вага со остатоци од марихуана, која му припаѓала на пријавениот.  

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.С.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 04.04.2026, пријавениот во семејниот дом упатувал закани на неговите родители. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.Л.(36) од с.Пласница, општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. На 11.11.2025 на бул.„Ослободување“ во Кичево, пријавениот бил затекнат како оштетува прозорец на еден од вагоните на возот „Ќиро“, кој е историски предмет заведен во  влезна книга на музејски материјал и потекнува од 1917 година.

 

На 05.06.2026 во 01:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро, на брегот на Охридското езеро го приведоа Н.А.(75) од охридското село Пештани. При акциска контрола, тој е затекнат при извршување на кривично дело „незаконит риболов“. Кај него биле пронајдени и одземени повеќе парчиња риба и една рибарска мрежа. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

На 04.06.2026 околу 13:30 часот во СВР Скопје, В.Н.(69) од Скопје пријави дека на 03.06.2026 околу  10:00 часот, додека чистела шкаф со алат во семејната куќа, пронашла предмет што наликувал на експлозивна направа - рачна бомба на која имало натпис СРБ и БР. М75 школска. Се преземаат мерки на расчистување на случајот.

 

На 04.06.2026 во  14:00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден повреден со нож Д.Б.(46) од Скопје, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и според првичните сознанија и неговата изјава, тој сам се повредил при пад во кујната додека работел. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

 

На 04.06.2026 во 17:10 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Џ.Б.(27) од Турција. При пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било утврдено дека за него била распишана телеграма од полициската станица Чаир затоа што на 03.06.2026 во 13:30 часот во Прифатен центар за баратели на азил во с.Визбегово, го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со А.С.(26) од Турција, исто така барател на азил. Тој е спроведен во Полициската станица Чаир и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  

 

На 04.06.2026 во 22:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.С.(30) од Скопје по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 66-годишен татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 04.06.2026 во 18:00 часот во Полициската станица Карпош полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со О.Ѓ.(43) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички го нападнала нејзиниот 15-годишен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

Мени за пристапност