Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 04.06.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.Д.(35) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.05.2026 во кругот на Општа болница Струмица, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.М.(23) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 28.02.2026 во с.Боговиње, поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, пријавениот физички го нападнал А.Т., при што употребил остар предмет.

 

На 03.06.2026 околу 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, 63-годишниот Н.М. од Скопје, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

 

На 03.06.2026 околу 17:00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишија од слобода У.О.(46) од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарното возило со приколка кое го управувал. Тој е задржан во Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против У.А.(26), Е.Џ.(25) и М.Г.(21), сите од с.Црник, општина Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.05.2026 на место викано „Турски гробишта“, пријавените со земјоделска машина-трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во Шумско подрачно стопанство „Равна река“, кои ги затекнале пријавените при бесправна сеча на дрва. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.Д.(44) од Берово поради постоење основи н сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 04.03.2026 таа физички ја нападнала З.Д. во семејниот дом на нападнатата во Берово.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.И. (24) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.05.2026 на автопатот Куманово – Табановце, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против А.Љ.(29) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 29.05.2026, движејќи се со голема брзина со патничко возило, пријавениот предизвикал сообраќајна незгода, а откако на местото пристигнале полициски службеници, тој физички ги нападнал. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Ф.А.(19) од село во општина Ранковце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 27.05.2026 во семејната куќа, по претходна расправија, пријавениот физички нападнал женско лице со кое живеел заедно.

 

На 04.06.2026 во 04:40 часот во СВР Скопје, М.А.(24) од Скопје пријави дека околу 01:00 часот во паркот во Чаир бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 03.06.2026 во 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, Т.Ј.(82) и М.А.(73) биле физички нападнати од Д.А.(39), сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 03.06.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(33) и Л.С.(40), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.06.2026 во 23:04 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која што учествувале повеќе лица. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ј.(35) и М.Ј.(37), по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во врска со настанот, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(53), М.С.(27), Џ.Џ.(28), А.К.(44), С.С.(29), Ф.М.(46), Ф.С.(20), Д.Ј.(21), Е.Ј.(32), Ј.Ј.(27) и Н.Ј.(54), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 03.06.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, М.К.(49) од Скопје пријави дека на 27.05.2026 околу 13:40 часот на нејзиното работно место во здравствена установа на подрачјето на Центар, во канцеларијата влегла нејзината колешка Н.С., која воедно била и нејзина претпоставена и агресивно се однесувала и ѝ упатила закани. Според пријавеното, Н.С. во тој момент упатила закани и навреди и кон вработената А.А., која што била истуркана од канцеларијата од страна на Н.С, по што реагирало и обезбедувањето на установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 04.06.2026 во 01:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во напуштен објект на подрачјето на Центар. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

 

На 03.06.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Визбегово, во Прифатен центар за баратели на азил, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.Б.(27) и А.С.(26), двајцата од Турција. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Мени за пристапност