Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 11.06.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

 

На 10.06.2026 во 17:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат  Кичево – Охрид, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.У.К.(23) од Обединето Кралство, удрило во метална ограда и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 23-годишна сопатничка Б.А. од Обединето Кралство, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.Н.(32) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 23.05.2026, откако бил лишен од слобода поради недолично однесување, пријавениот во службено возило физички нападнал полициски службеник и му нанел повреди. 

 

На 10.06.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Лазар Трповски“ во Скопје, мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Ф.(23) удрило во 52-годишната Џ.Б., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Џ.Б., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 10.06.2026 во 02:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на делницата од автопатот Велес-Градско, патничко возило „шкода октавија“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.В.(31) од Кавадарци, изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 59-годишна сопатничка Д.В. од Кавадарци, констатирани во Општа болница Велес. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

 

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против А.М.(39) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени  пиштол „Екол" калибар 9мм и рамка со еден куршум, воздушен пиштол  калибар 5,5мм, револвер старо оружје „Gasser“ калибар 11мм, револвер старо оружје „Gasser“ калибар 9мм и 58 куршуми калибар 9мм.

 

На 10.06.2026 во 18:35 часот во ОВР Кратово е пријавено дека магистралниот пат с.Страцин, кратовско, кај место викано „Поповски рид“, М.Т.(21) од Куманово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот удрил во карпа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кратово.

 

На 10.06.2026 во 18:50  часот во СВР Скопје е пријавено дека на  ул.„Народен фронт“ во Скопје велосипед удрил во пешакот Х.А.(83) од Скопје, по што велосипедистот го напуштил местото. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Х.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.06.2026 во 20:25 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.И.(33) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 10.06.2026 во 16:35 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Ј.М.(49) од гостиварско село. Тој бил баран поради основано сомнение дека не го почитувал решението од Центарот за социјални работи Тетово за сретнување со децата, постојано доаѓал пред нејзиниот стан, упатувал закани преку телефонски пораки, ја омаловажувал и во континуитет ја демнел неговата 38-годишна сопруга од Албанија со привремен престој во Тетово, со која се во бракоразводна постапка. Ј.М. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.С.М.(54) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 03.06.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници извршиле преглед на возило кампер со германски национални ознаки, при што кај пријавениот биле пронајдени и одземени амфетамин и хашиш.    

 

На 11.06.2026, полициски службеници при СВР Битола ги лишија од слобода Ѓ.Б.(30) и С.Б.(51), двајцата од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Цветан Димов“ во Битола го нарушиле јавниот ред и мир под дејство на алкохол, а потоа физички нападнале полициски службеници кои преземале на службени дејствија. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 11.06.2026 во 03:35 часот во СВР Скопје, Т.Ш.(21) од Скопје пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од Р.С.(26) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.06.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, Н.Н.(49) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар во автобус, додека извршувал работни задачи како контролор на ЈСП, бил физички нападнат од 50-годишната Д.Ц. откако претходно констатирал дека немала платено билет за превоз. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

 

На 11.06.2026 во 01:27 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.М.(45) и 17-годишник, двајцата од село Романовце, кумановско, затоа што во село Романовце физички го нападнале А.А.(25), при што бил употребен нож и А.М. и АА се здобиле со повреди. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

 

На 10.06.2026 во 15:00 часот во ОВР Кичево, во присуство на родител, од слобода е лишен 17-годишник од Кичево. Според пријавеното, по претходна нивна меѓусебна расправија, тој на ул.„Маршал Тито“ во Кичево физички го нападнал Ф.Ѓ. од Кичево, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кичево. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 10.06.2026 во 11:30 часот на ул.„Бајрам Цури“ во Дебар, полициски службеници привеле девет албански државјани. При контрола извршена од полициски службеници и трудовата инспекција, констатирано е дека тие немале уредна документација за престој во земјава и дека спротивно на законските одредби, вршеле градежни работи на подрачјето на Дебар. По целосно документирање на настанот, ќе следи соодветен поднесок.

 

На 10.06.2026 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Скопје е пријавено дека при спроведување на Ф.Р.(40) од Скопје, на кого му била определена мерка притвор, при извршен личен преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 10.06.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, И.К. пријави дека на социјална мрежа од профил на име В.Х. биле упатени закани кон него и неговото семејство. Лицето е повикано на службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Мени за пристапност