На 09/10.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Х.Н.(27), К.К.(19), Г.А.(21), А.Б.(23), В.Т.(35), 40-годишната Б.К. и 18-годишната М.Ј., сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 09.04.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско - косовска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(64) од с.Средно Коњари, скопско и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од М.З.(60) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.З., констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ш.(61) од с.Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење на скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“. На 17.02.2025, пријавениот како возач на автобус од фирма со која Министерството за одбрана имало склучено договор за организиран меѓугарнизонски превоз, во кругот на касарната во Тетово направил три видео записи кои ги споделил преку мобилна апликација.
На 09.04.2026 во 13:30 часот во Полициската канцеларија Пехчево е пријавено дека на ул.,,Бел камен’’ во Пехчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „лада нива“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од М.А.(31) од Пехчево и патничко возило „газ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната М.А.Ј. од Пехчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.А., констатирани во Клиничка болница Штип. Додека, со телесни повреди се здобила 68-годишна сопатничка Т.А. од возилото „газ“, констатирани во Општа болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.
На 09.04.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишија од слобода А.Г.(22) од Радовиш. Имено, истиот ден полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш и полициски службеник-водач на службено куче од Регионален центар за гранични работи Исток извршија пребарување на простор околу поранешна винарска визба на ул.„Чеде Филиповски Даме“ во Радовиш, при што службеното куче пронајде две пакувања со марихуана. По преземените мерки дојдено е до сознание дека марихуаната ја сокрил А.Г., кој во службен разговор признал дека е негова. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветна пријава.
На 09.04.2026 во Полициското одделение Нов Дојран, Д.А.(78) од Нов Дојран пријавил дека во нива во атар на Нов Дојран пронашол граната. Службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата, при што е утврдено дека се работи за неексплодирана артилериска граната 155 мм, која потекнува од Првата светска војна.
На 09.04.2026 во 20:10 часот во СВР Тетово, Г.Д. од с.Лешок пријавил дека во неговите викенд куќи во изградба забележал едно лице кое врши кражба на железни столбови. Веднаш по пријавата, полициски службеници од Полициското одделение Теарце презеле мерки и во 21:15 часот го лишиле од слобода Р.А.(38) од Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 09.04.2026 во 15:00 часот во СВР Куманово е пријавено на крстосница од ул.„11 Октомври, ул.„Доне Божинов“ и ул.„Гоце Делчев“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“, сопственост на МВР, управувано од М.Т.(31), вработен во МВР и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната Б.А. од Куманово. Во незгодата, од возилото „пежо“ со телесни повреди се здобил сопатникот О.А.(53) од Куманово, вработен во МВР, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на Бит Пазар е пронајден починат А.С.(65) од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и во разговор со нив вработениот Б.С.(28) од Скопје изјавил дека А.С. дошол во објектот да ги посети. Според пријавеното, откако вработениот се качил службено на петтиот кат од објектот го известил А.С. дека лифтот не работи, а симнувајќи се надолу слушнал дека се вклучил алармот од лифтот затоа што вратите од лифтот на сите катови биле отворени. После тоа, на приземјето во делот на лифтот го пронашол на подот А.С.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
На 10.04.2026 во 01:15 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, В.Ч. од Скопје пријави дека на 09.04.2026 околу 20:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари, две машки лица со закана од неговиот 15-годишен син одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.04.2026 во 22:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа Е.Ј.(18) од Скопје. Според пријавеното, околу 21:00 часот на подрачјето на Карпош, по претходно договорена средба, Е.Ј. физички ја нападнала И.И.(20) од Скопје, по што повикала ѝ неколку нејзини пријателки, кои исто така физички ја нападнале И.И., при што едната од нив употребила тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.04.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга извршија службен разговор со Г.М.(52) од струшкото село Калишта. Претходно, околу 11:00 часот тој бил затекнат на негова парцела покрај регионалниот пат Струга - Калишта каде што настанал пожар на сува треба и ѓубре. Повредени лица нема, а пожарот сам се изгаснал. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје и И.С.(57) од Скопје, сопственик и управител на агенцијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“. И.С., со неизвршување на обврските по склучување на договорот со Управата за заштита на културното наследство, не ги исполнил техничките услови предвидени во договорот, односно ангажирал помал број на вработени лица и покрај тоа што еден од основните услови за квалитетно извршување на договорот е економскиот оператор да има вработено или ангажирано минимум 10 лица за физичко обезбедување кои имаат лиценца и легитимации и да има вработено или ангажирано минимум пет лица за техничко обезбедување кои имаат лиценца за техничко обезбедување.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ќ.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.04.2026, полициски службеници извршиле претрес на патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што во возилото бил пронајден и одземен кокаин. Подоцна, извршен е и претрес во објект во Охрид, кој го користел пријавениот, каде што, исто така, бил пронајден и одземен кокаин.
На 09.04.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, М.Б.(47) од Скопје пријави дека околу 11:00 часот пред влезот во Старата скопска чаршија во Скопје, додека извршувал службени задачи како вработен во општина Центар, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.04.2026 во 00:20 во СВР Скопје, Е.Џ.Б.(47) од Скопје пријави дека на 09.04.2026 околу 23:20 часот на подрачјето на Центар, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.04.2026 во 02:00 часот во СВР Скопје, Љ.Б.(54) од Скопје пријави дека околу 01:30 часот на подрачјето на Центар, откако одбил да превезе повеќе лица од дозволеното во неговото такси возило, бил физички нападнат од едно лице, кое му го оштетило и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.04.2026 во 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 09.04.2026 околу 21:00 часот во двор од семејна куќа на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Д.(50) и Н.А.(22), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.04.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ѓ.С.(59) од Скопје пријави дека на 08.04.2026 околу 09:00 часот пред неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговиот сосед И.М., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.