Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 09.04.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.П.(69) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.04.2026 во Струмица, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот и на патничкото возило кое го управувал, при што бил пронајден и одземен кокаин.                                                                            

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Г.К.(56) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Пријавениот, во периодот од 20.09.2025 до 18.12.2025, во преку својот мобилен телефон на социјална мрежа споделил 25 објави и коментари и четири видеа со кои промовирал или поттикнувал омраза. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.У.(32) од село Почивало, штипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. На 16.01.2026, пријавениот физички го нападнал А.С.(60), додека бил на своето работно место како референт во ЈП „Национални шуми“ - Подрачно шумско стопанство „Серта“ Штип, а притоа оштетил дел од инвентарот во објектот. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(35) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 04.04.2026 во двор од семејна куќа, пријавениот физички го нападнал неговиот татко, нанесувајќи му повреди.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 21.02.2026 во спортска сала во Куманово, пријавениот, припадник на навивачка група, за време на кошаркарски натпревар помеѓу екипите на МКК Куманово и МЗТ Скопје, се однесувал недолично и фрлил монета кон домашната публика, при што повредил 13-годишен малолетник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Б.Т.(66) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, како директор на општински ученички дом „Боро Менков” во Крива Паланка, во 2024 година додека бил на годишен одмор остварил 63 часа работа подолга од полното работно време, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 23.945 денари на штета на буџетот на установата.

На 08.04.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар го приведоа А.А.(47) од Дебар. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени еден пиштол калибар 8 мм и една празна рамка за пиштолот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 08.04.2026 на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(23) од Скопје затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него  ќе следува соодветен поднесок.     

На 08.04.2026 во 18:50  часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека ул. „Мирче Ацев“ во Богданци, трактор „фергусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(64) од Богданци, удрил во бетонски ѕид и се превртел. Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија. 

На 08.04.2026 во 09:15 часот вo ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Костадин Зупов“ во с.Смоквица, гевгелиско, трактор „Тома Винковиќ“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Р.Б. (75) од Гевгелија, излетал од патот и паднал во речното корито на река Мешкавица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се  здобил неговиот сопатник Ж.Г.(70) од с.Смоквица, констатирани во Општа болница Гевгелија. Р.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, од каде во 23:15 часот е добиено известување дека починал. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

На 08.04.2026 во 15:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Струга - Ќафасан, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(22) од с.Велешта, струшко, удрило во две паркирани товарни моторни возила -  „фиат“ со струшки регистарски ознаки и „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, паркирани од Е.Н.(37) од Струга. Во несреќата возачот Б.Х. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјална болница „Св.Еразмо“ Охрид, додека Е.Н. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струга. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Струга.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Ч.(57) од Охрид поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело  „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 29.07.2025, по претходна пријава дека на јавно место на потегот од место викано „Чинар“ до црквата „Св.Богородица“ носел пушка, преземени се мерки и пријавениот е пронајден во неговито двор, под дејство на алкохол и до него имал пушка ТОЗ–18–01 калибар 22LR, за која не поседувал дозвола.    

На 08.04.2026 во 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Самоилова“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(56) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(23), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Е.С., а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Е.С.(20) од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 08.04.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(53) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.О.(19) од с.Студеничани, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Е.О., а со телесни повреди се здобил негов малолетен сопатник од с.Студеничани,  констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.      

На 08.04.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Џон Кенеди“ и ул.„Дижонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(41) и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Р.(20), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 09.04.2026 во 03:40 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода Д.А.(20) од Прилеп, С.Џ.(27) од Прилеп, С.Џ.(19) од Прилеп, Д.Р.(31) од Прилеп, Д.М.(18) од Битола, Е.М.(26) од Битола, М.Х.(22) од Битола, Ј.Х.(19) од Битола и Р.Х.(34) од Кичево. Тие се сомничат дека во 01:30 часот на Осломешка крстосница го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што биле употребени дрвени предмети и ножеви и притоа со расекотини и повреди се здобиле две лица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

На 08.04.2026 во 21:35 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.М.(31) од Тетово. Според пријавеното, околу 20:00 часот на ул.„Андреа Јовановски Журчин“ во Тетово, по претходна расправија околу сообраќајот, тој со нож му нанел повреда на Б.Д.(36) од Тетово. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 
 
На 09.04.2026 во 01:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.В.(46) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.04.2026 околу 23:45 часот во домот на неговата 45-годишна партнерка од Свети Николе ѝ упатувал закани со остар предмет. Подоцна, тој во Полициската станица Свети Николе упатувал закани и кон полициски службеник кој вршел службени дејствија. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.   

На 08.04.2026 во 16:10 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(68) од Скопје пријави дека околу 11:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 08.04.2026 во 18:35 часот во СВР Скопје, Ч.С.(34) од с.Љубош, скопско, пријави дека на подрачјето на Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од Џ.Џ.(41). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 08.04.2026 во 22:40 часот во СВР Скопје, Е.К. и Р.С., двете од Скопје, пријавија дека околу 16:30 часот во автобус на подрачјето на општина Аеродром, нивните две малолетни ќерки биле физички нападнати од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 08.04.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена од скопско пријави дека од  декември 2025 година до денот на пријавување во својство на директор на основно училиште добивала закани од З.Р.. Според пријавителката, причина за заканите бил фактот што при инспекција на Државниот просветен инспекторат било утврдено дека сопругата на З.Р. вработена во истото училиште, имала приложено фалсификувана диплома. Воедно, пријавителката посочила дека на 31.12.2025 пред нејзината куќа било запалено нејзиното патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.04.2026 во 02:13 часот во СВР Скопје С.К. пријави дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром имало нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица.  Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, каде што пријавителот појаснил дека двајца мажи ја спречувале пејачката во локалот да работи, а едниот од нив кој се претставувал дека е од полиција, и физички ја нападнал. Исто така, лицата упатувале закани и кон пријавителот. Од страна на полициските службеници од слобода се лишени Љ.А.(35) и Н.Д.(40) двајцата од Скопје и се преземаат мерки за  расчистување на случајот.  

 

 

Мени за пристапност