Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 11.04.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 10/11.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.С.(39), Р.Р.(39), З.К.(43), Ј.К.Џ.(35), сите од Скопје и Б.А.(27) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 10.04.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ф.Е.Т.(22) од Турција, управувајќи тротинет, удрил во пешакот К.Б.(55) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Б., констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот Ф.Е.Т..

 

На 10.04.2026 во 20:25 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 16-годишник од с.Морани, скопско. Тој се сомничи дека, по претходна расправија во с.Морани, физички го нападнал Х.Д.(18) од истото село и со нож му нанел тешки телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје. Ножот е пронајден и одземен за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 11.04.2026 во 04:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје настанал пожар во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на О.М.(58) од Скопје. Од пожарот се зафатени и патничко возило „бмв“ и патничко возило „фолксваген голф“, двете со скопски регистарски ознаки. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.

 

На 10.04.2026 во 17:50 часот во с.Блатец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(44) од с.Блатец затоа што што претходно агресивно се однесувал и попречувал полициски службеник при извршување службени дејствија. При преземање мерки, извршен е алкотест и констатирано е дека е под дејство на алкохол,  односно дека има 3,18 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(34) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“. На 30.05.2025 на место викано „Нова депонија“ над с.Ново Конско, гевгелиско, пријавениот не застанал на даден знак од полициски службеници за запирање на возилото кое го управувал, и заедно со неговиот сопатник, лице барано по потерница  за издржување на казна затвор од четири години, побегнале од местото.    

 

На 10.04.2026 во 22:00 часот на локалниот пат кон с.Камењане, полициски службеници од Полициското одделение Камењане запреле патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски таблички, управувано од А.Д.(19) од с.Озормиште, кој не поседувал возачка дозвола. При преглед во багажникот на возилото е пронајдено повредено куче од расата „пит бул“, за кое лицата во возилото изјавиле дека е повредено при борба со кучиња во с.Камењане. Заедно со возачот, лишени се и двајца 17- годишни сопатници од с.Желино. Известен е ветеринарен инспектор и се преземаат мерки за соодветно лекување на животното и документирање на случајот, додека тие заедно со возилото се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 10.04.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, С.М. од Скопје пријави дека околу 10:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила ѝ го одзело накитот што го носела. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.04.2026 околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред хотел на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија за работните задачи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.И.(28) и Б.М.(36), двајцата од Скопје, вработени во хотелот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Мени за пристапност