На 11.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.М.(23), Т.Б.(24), Д.М.А.(24) и Ф.Е.(27), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(24) од с.Симница, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот повеќе пати на социјална мрежа упатувал закани на А.Ш..
На 12.04.2026 во 02:20 часот полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода Н.П.(35) од село Трновац, кратовско, затоа што во село Трновац пукал со огнено оружје кон возилото на Ј.С. од Куманово. Н.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“, го лишија од слобода С.Р. (38) од истото село поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик, односно поради инволвираност во борби со кучиња, а во врска со настанот објавен во вчерашниот извадок од дневни настани, дека на 10.04.2026 на локалниот пат кон с.Камењане, во патничко возило „голф“ било пронајдено повредено куче, а од слобода биле лишени три лица. С.Р. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Г.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.10.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари.
На 11.04.2026 во 22:45 часот во СВР Скопје, Л.О.М.(20) од Скопје пријави дека околу 21:00 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од М.И.(23) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 11.04.2026 во 22:10 часот во СВР Скопје, М.П.(41) од Скопје пријави дека околу 21:45 часот, додека седел во своето такси возило, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од В.Д.(46) од Тетово. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026 околу 22:20 часот пред игротека во Шуто Оризари, скопско, со употреба на остар предмет му нанел повреди на друг малолетник од Шуто Оризари. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 11.04.2026 во 01:10 часот полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица ги приведоа В.М.(28), М.М.(42) и М.А.(34), сите од Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Македонска Каменица, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. При извршен алкотест, било констатирано дека М.М. има 2,25 промили алкохол во крвта, В.М.- 1,65, а М.А.- 1,18 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 11.04.2026 во Полициската станица Струмица од Општа болница Струмица е пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош бил донесен Т.Т.(71) од село Стиник, општина Ново Село. Тој се здобил со повреди додека со трактор извршувал земјоделски работи во пластеник во атар на село Колешино. Извршен е увид на местото од екипа на СВР Струмица.