На 05/06.03.2026 во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Д.(20), Р.М.(20) и 19-годишната Е.В., сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 05.03.2026во 12:19 часот во ОВР Демир Хисар е пријавено дека на патот Демир Хисар - Кичево, на место викано „Крбла“ , атар на с.Сопотница, демирхисарско, патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.(52) од с.Жван, демирхисарско, излетало од патот. Во несреќата на местото починал возачот Љ.Б., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Додека, неговиот сопатник Д.Г.(59) од с.Жван се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Ф.С.(46) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”. На 02.03.2026 на патот Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал пријавениот, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четворица од Авганистан и едно лице од Турција.
На 05.03.2026 во 17:00 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода С.Х.(29) од Грција затоа што при гранична контрола на увид приложил фалсификувана лична карта. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Гегелија за понатамошна постапка, а судија на претходна постапка при Основен суд Гевгелија донесе пресуда и на лицето му е изречена мерка условна казна затвор од една година која нема да се изврши доколку во период од две години не изврши друго или слично кривично дело.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.Р.(54) и Ш.Т.(21), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На14.07.2025 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед кај второпријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, која претходно ја набавил од првопријавениот. Второпријавениот, пак, дал од дрогата да користи друго лице.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Т.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При контрола извршена на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициските службеници од криминалистичката полиција кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, по што го лишија од слобода.
На 06.03.2026 во 06:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Полициско одделене Матејче го лишија од слобода А.М.(39) од с.Отља, липковско. Тој се сомничи дека во 00:15 часот од с.Ропаљце кон с.Никуштак, липковско, од возило „џип“ во кое се превезувал со уште неколку лица, испукал неколку куршуми кон возило „опел омега“ сои кумановски регистарски ознаки, во кое биле Е.Ш.(45) од с.Отља, и Х.А.(43) од Куманово. Повредени лица нема и на возилото нема траги од куршуми, додека на местото се пронајдени три чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.03.2026 во 19:25 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Д.А. (18) од Тетово. Тој се сомничи дека претходно, по кратка расправија на улица „173“ во Тетово, со остар предмет нанел тешки телесни повреди на С.Л.(23) од Тетово, констатирани во Клинички центар Тетово. Лицето е задржано во полициска станица, а увид извршила екипа од СВР Тетово. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 05.03.2026 во 14:00 часот во СВР Куманово, Д.Е.(50) од с,Довезенце, кумановско, пријавила дека една од нејзините сестри на 31.12.2025 околу 22:00 часот ја известила дека починал нивниот брат М.П.(60) во домот во село Довезенце, во кој живеел со неговиот татко и партнерката А.Р од с.Младо Нагоричане, општина Старо нагоричане. После тоа, тие со уште една нивна сестра и зет отишле во домот во селото и го затекнале починат на кревет нивниот брат. Според пријавеното, на 31.12.2025 околу 20:30 часот од телефонот на брат ѝ била повикана Итна медицинска помош која констатирала смрт, а во болница ја однеле А.Р. затоа што ѝ се слошило. Како што е пријавено, од Итна медицинска помош во СВР Куманово не било пријавено починато лице, а потврда за смрт не им била издадена на 31.12.2025 кога е констатирана смртта, туку наредниот ден 01.01.2026 на нејзино инсистирање. Исто така, Д.Е. пријавила дека се сомнева дека нејзиниот брат не починал од природна смрт, туку дека бил отруен. Се работи на расчистување на случајот.
На 05.03.2026 во 21:00 часот во ОВР Кавадарци, 81-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, откако се договориле, излегла пред својот дом и парите му ги дала на машко лице, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 05.03.2026 во 13:30 часот во ОВР Кавадарци, 56-годишен кавадарчанец пријавил дека бил измамен од неколку лица за сума од 4.900 евра. Според пријавеното, тој преку интернет контактирал со лицата, кои се претставиле дека се од странска компанија и го навеле да ги уплата парите на компанијата и на тој ќе инвестира во берза. Како што е пријавено, тој во неколку наврати ги уплатил парите, а подоцна лицата побарале да изврши дополнителна уплата од 10 000 евра за да може да изврши поврат на парите што ги вложил, со што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 05.03.2026, 31-годишна жена од Скопје пријави дека нејзиниот поранешен партнер З.А. од гостиварско, во текот на 2025 година и упатувал закани преку мобилен телефон и преку апликација на социјална мрежа. Според пријавеното, на пријавителката и било оштетено и патничкото возило, а тој ја следел ѝ се заканувал, а имал поставено и уред за следење на нејзиното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Скопје-Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против Т.Т.(56) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Во различен период во повеќе наврати, тој извршил полови дејствија врз 14-годишен малолетник. Извршен бил претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои основано сомнение дека се поврзани со делото, а од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.С. за сторено кривично дело „примање поткуп“. Пријавениот, во својство на полициски службеник од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, на 27.02.2026 при вршење на службени дејствија со специјално возило „Пајак“, побарал и примил поткуп од лице од Куманово за да не му изготви записник за констатиран сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог за сообраќаен прекршок поради непрописно паркирано моторно возило, со што овозможил да не биде казнет за констатираниот сообраќаен прекршок. Одделот за внатрешна контрола против Р.С. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и отстранување од работното место.
На 05.03.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје, А.А.(36) од Скопје пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од малолетник, кој го познавал и кој му нанел тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.03.2026 околу 22:55 часoт во СВР Скопје, Б.С.(34) од Скопје пријави дека на 27.02.2026 во продажен објект во с.Сарај, скопско, Б.А. со закана со остар предмет од касата одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.03.2026 во 14:16 часот во СВР Скопје, З.Р.(45) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.