На 06/07.2026 во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.А.(36) од Скопје и Б.М.(21) од Велес, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Д.З.(48) од с.Јанковец, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста”. На 16.02.2026 во семејниот дом, пријавениот упатувал закани на неговата 16-годишна ќерка.
На 06.03.2026 околу 16:45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода М.М.(63) од Австрија. При пасошка и гранична контрола и преглед на возило „форд“ со австриска национална ознака, со кое допатувал, кај совозачкото седиште и во багажникот се пронајдени две пакувања со марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Куманово и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.К.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.04.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 06.03.2026 во 08:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Партениј Зоографски“, сопственост на правно лице, а во која никој не живеел. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Еден полициските службеници, кој бил ангажиран како физичко обезбедување при гаснење на пожарот, влегол во објектот откако бил изгаснат пожарот за да провери дали има евентуално повредени лица, при што вдишал чад и му била укажана помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид.
На 06.03.2025 во 14:20 часот во с.Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле З.А.(51) од с.Врапчиште. Тој се сомничи дека во текот на 2025 година на неговата поранешна 31-годишна партнерка од Скопје упатувал закани преку мобилен телефон и преку апликација на социјална мрежа. Според пријавеното, тој го оштетил нејзиното патничкото возило, ја следел ѝ се заканувал, а имал поставено и уред за следење на нејзиното возило. Од него е одземено оружјето кое го поседувал со дозвола, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.
На 06.03.2026 во 17:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул.„Младинска“ во Струмица, мотоцикл удрил во 76-годишната А.Н. од Скопје, по што возачот со мотоциклот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Медицински центар Струмица. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.
На 06.03.2026 во 15:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ф.З.(38) од Тетово. Претходно, тој со неговата сопруга со употреба на сила влегле во канцеларијата на З.Н.(45) од с.Фалише, тетовско, вработена во Детска градинка Младост, по што физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.03.2026 во 07:27 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на с.Велмевци, демирхисарско, патничко возило „мини купер " со битолски регистарските ознаки, управувано од М.Д.(25) од Битола, излетало од патот. Во незгодата, возачот и сопатникот Х.Н.(21) од Битола се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Битолаза укажување лекарска помош. Додека, при преземање службени дејствија, полициските службеници констатирале дека возачот М.Д. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,66 промили алкохол во крвта. Увид бил извршен.
На 07.03.2026 во 03:20 часот во СВР Скопје, Б.П.(45) од Скопје пријави дека околу 00:15 часот на подрачјето на Центар, неговиот 16-годишен син и негов другар биле физички нападнати од неколку малолетници, од кои некои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.03.2026 во 06:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Д.(57) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 51-годишна жена од Скопје дека во периодот од јануари 2026 досега се однесувал агресивно кон неа, ја следел, фотографирал и ја вознемирувал телефонски. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 06.03.2026 во 04:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.Т.(33) од Велес. Тој се сомничи дека на две локации во Велес извршил кривични дела „тешка кражба“ при што одзел разни предмети, меѓу кои и платежни картички, по што со една од картичките во продажно место извршил две трансакции. Дел од одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.03.2026 во 11:30 часот во СВР Куманово, Д.З.(45) од Куманово пријави дека на 05.03.2026 во два наврати во основно училиште во Куманово, нејзиниот 12-годишен син бил физички нападнат од негов соученик.
На 06.03.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, 79-годишна жена од Скопје пријави дека подолг период била психички вознемирувана од нејзиниот син Г.В.(44) од Скопје, кој ѝ барал пари и ѝ упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.03.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 51-годишна жена од Скопје пријави дека од јануари 2026 година до пријавувањето, поради нивни меѓусебни недоразбирања, нејзиниот поранешен сопруг Ѓ.Р.(46) од Скопје преку мобилен телефон на нивниот малолетен син ѝ упатувал закани. Со него е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 06.03.2026 во 14:05 часот во СВР Скопје, В.Р.(27) од Скопје пријави дека на 05.03.2026 околу 04:00 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од Б.Р. , кој притоа му одзел јакна во која имало мобилен телефон, пари и други предмети. За астанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.03.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје, А.З.(62) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.03.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 66-годишната Н.Т., 38-годишната И.Т., 30-годишната А.Н, М.Н.(85), М.К. (62) и С.Н.(59), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 06.03.2026 во 22:20 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа С.С.(49) од Скопје затоа што се однесувала агресивно кон полициски службеници додека вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.03.2026 во 22:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија до слобода Д.А.(21) од Штип, постапувајќи по претходна дека околу 19:20 часот пред игротека физички ја нападнал 10-годишната ќерка на М.Ч.(43) од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.