На 17/18.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.К.(40), Б.Н.(43), М.Џ.(21), Н.Б.(36) и двајца 16-годишници, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, таблети и нож. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 17.04.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано Л.Ј.(19) од с.Кондово, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(38) од с.Ласкарци, скопско, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.С.(25) од с.Крушопек, скопско, патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.З.(37) од с.Крушопек, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(28) од с.Глумово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.Ј., додека со телесни повреди се здобиле двајца негови сопатници, шест лица од другото возило „бмв“ и возачот на „мерцедесот“ Б.Р, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и Градската општа болница „8 Септември“ Скопје. За настанот е известен јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.К.(54) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена’’. На 05.08.2025, пријавениот од негов странски телефонски број констактирал женско лице од Тетово и од неа барал 20.000 евра затоа што издржувал затворска казна во Германија наводно поради нејзина вина. Според пријавеното, тој испраќал пораки со закани и уцени на жената и нејзината мајка дека поседува видео снимки кои ќе ги објави доколку не му обезбедат парите.
На 18.04.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на велосипедска патека на Кеј од река Вардар, Г.А.(27) од Скопје, управувајќи електричен велосипед, изгубил контрола и паднал на патеката. Притоа, Г.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.
На 17.04.2026 во 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Лазар Трповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(40) од с.Матејче, липковско и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(20) од Скопје. Во несреќата е оштетено и паркирано возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од К.А.(49) од с.Глуво, скопско. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.С., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, додека со телесни повреди се здобил негов сопатник, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 17.04.2026 во 10:00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Билбил Камен" на патот за с.Братин Дол, битолско, товарно возило „даф" со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(52) од Битола, сопственост на Јавното претпријатие „Комуналец“ - Битола, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот - работникот Ј.Г.(57) од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 17.04.2026 во 23:40 часот на паркинг простор позади Спортско рекреативен центар „Биљанини извори“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Ф.Ф.(40) од Ресен и М.Б.(30) од Гостивар. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајден е пластичен котур за хидро изолација за кој изјавиле дека го одзеле од објектот каде работеле на изградба на нова трибина на спортскиот центар. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.04.2025 во 14:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во старата чаршија во Охрид од М.Ј.(24) од Турција едно женско лице одзело паричник со пари. Набргу, по преземени мерки лицето е пронајдено и констатирано дека се работи за С.О.(44) од Босна и Херцеговина. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.04.2026 во 18:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци и Единицата за службени кучиња, со наредба од Основен суд Кавадарци, извршиле претрес во домот на Р.Ш.(18) од Росоман. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и остар предмет. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.04.2026 во 23:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Ресен, кај крстосница Ротино и Кукуречанска крстосница, минибус „мерцедес" со охридски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од с.Коњско, охридско, кој превезувал навивачка група од Охрид, движеќи се по патот бил оштетен од група граѓани при што се направени оштететувања на автобусот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени пријави.
На 17.04.2026 околу 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Самоилова“ во Скопје, под Кале на стариот полигон, настанал пожар при што била запалена сува трева. Од пожарот биле зафатени и три возила, а едно лице се здобило со повреди кршејќи стакла на возилата со намера да ги тргне од местото. Интервенирале полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и пожарот бил изгаснат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.М.(54) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг’’ и ,,прикажување на порнографски материјал на дете’’. Пријавениот во викенд куќа во битолско, во повеќе наврати, вршел полови дејствија пред неговиот малолетен син и му прикажувал видеа со порнографска содржина.
На 17.04.2026 во 16:30 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот пазар во Свети Николе едно машко лице починало, откако претходно му се слошило во објектот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Свети Николе телото на починатиот е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице.
На 17.04.2026 во 20:14 часот во СВР Битола, С.Т. од с.Долно Агларци, општина Новаци, пријавил дека при изврување работи во градината од неговиот двор пронашол стара граната. Денеска (18.04.2026), пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за артилериска граната со калибар 105 мм која потекнува од Првата светска војна.
На 17.04.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.С.(75) и 51-годишната Л.Т., двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.