Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 17.04.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против А.К.(48) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.04.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хашиш, марихуана, амфетамин и дигитална вага.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против П.В.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита на културно наследство и природна реткост“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 74 стари монети, од кои дел се од 19-ти и почетокот на 20-ти век.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ф.А.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. На 20.12.2025, полициски службеници од таткото на пријавениот одзеле патничко возило „опел астра“ во сопственост на пријавениот и при извршени проверки и вештачење било констатирано дека во сообраќајната дозвола е впишан различен идентификационен број кој воопшто не евидентира во системот на МВР.  

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.М.(52) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 01.04.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга.

 

На 16/17.04.2026 во Скопје, на подрачјата на Центар и Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.К.(42), Е.Д.(28) и А.Р.(18), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите, против нив  ќе следуваат соодветни поднесоци.    

 

На 16.04.2026 во 07:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Маџари“ во Скопје, автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Р.(56), удрил во 78-годишната М.П., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.П., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 16.04.2026 во 12:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Енгелсова“ во Штип, патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната С.П., удрило во 89-годишниот Г.С., двајцата од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Г.С., констатирани во Клиничка болница Штип.  Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

 

На 16.04.2026 во 19:48 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепска“, ул.„15 Мај“ и ул.„Цветан Димов“ во Битола, патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(68) од Битола, удрило во 50-годишниот пешак Ж.С. од с.Долна Чарлија, општина Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

На 16.04.2026 во 06:40 часoт во СВР Тетово е пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Тетово - с.Јажинце со локален пат за с.Теарце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Х.М. од с.Теарце, тетовско и минибус „цитроен“, сопственост на МВР, а управуван од Д.С.(49) од с.Јегуновце, тетовско. Во несреќата со телесни повреди се здобила Х.М., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.П.(18) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 16.02.2026 во Берово, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавениот и А.П., при што А.П. се здобил со тешки телесни повреди.

 

На 16.04.2026 во 21:10 часот во Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.К.(22) од Демир Капија. При преглед на неговото патничко возило „фолксваген голф“ со демиркаписки регистарски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 16.04.2026 во 23:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека пред касарната „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово, повеќе лица закачиле знаме на странска држава на заштитната ограда и снимале со мобилни телефони. По интервенција на одговорното лице од објектот, лицата го отстраниле знамето и заминале. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 17.04.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 16.04.2026 околу 23:10 часот пред казино на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила одзело пари од вработена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 16.04.2026 во 22:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 20:15 часот на подрачјето на Бит Пазар, две лица со закана со огнено оружје одзеле пари од вработен во фирма, кој бил со возило и разнесувал пратки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 16.04.2026 околу 21:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во хотел во с.Петровец, општина Петровец, П.А. бил физички нападнат од А.Ц. и Г.Ц., сите од с.Р’жаничино, скопско и се здобил со повреди, а бил оштетен и дел од инвентарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 17.04.2026 во 04:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во куќа. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

 

На 16.04.2026 во 06:40 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека починал Е.А.(52) од Пробиштип. Според пријавеното, на 10.04.2026 од Итната медицинска помош Пробиштип тој бил препратен кај нив за укажување на лекарска помош.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.Р.(56), З.П.(61) и А.А.(60), сите од општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба  и овластување” и „несовесно работење во службата“. Првопријавениот, на работно место раководител во Подрачно шумско стопанство Јабланица-Струга, со неизвршување надзор на целокупната постапка на посечената дрва маса, транспорт и наплата на истата, не спречил незаконско работење на вработените, со што овозможил имотна корист. Второпријавениот, на работно место референт за користење заштита и одгледување на шуми во ПШС „Јабланица“ Струга, пропуштил должен надзор на посечената дрвна маса, постапување и транспорт на дрвната маса. Додека, третопријавениот, на работно место референт за сеча и дотур, искористувајќи ја својата службена положба несовесно работел, издавал испратници за превоз на бесправна сеча директно на физички лица, која претходно ја жигирал иако знаел и бил свесен дека е спротивно од правилникот од Законот за шуми и од Правилник за  видот и начинот на жигосување за исечено дрво, начинот на  издавање на испратница и пуштање во промет на исечена дрвна маса. На тој начин пријавените причиниле материјална штета на ЈП „Национални шуми“ и на државниот буџет во износ од 280.436 денари.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Л.Г.(57) од с.Франгово, струшко и правно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 29.12.2025, полициски службеници од ОВР Струга извршиле контрола во маркет, сопственост на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени поголема количина на пиротехнички средства.

 

Мени за пристапност