Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 16.04.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против У.И.(56) од с.Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 10/11.04.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.   

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(24) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“, „тешка кражба на дрзок начин“ и „кражба“. На 12.04.2026, пријавениот со употреба на физичка сила од малолетник одзел платежна картичка на неговиот татко и мобилен телефон. На 09.04.2026 од женско лице одзел чанта со пари, а на 11.04.2026 во аптека од вработената одзел мобилен телефон.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(43) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,телесна повреда“. На 21.03.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга.

 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава Д.Ј.(63) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како директор на јавно претпријатие во Македонска Каменица, на вработен референт-инкасант во јавното претпријатие, иако му престанал работниот однос поради исполнување на старосна пензија, му овозможил да врши работни задачи и работни активности за дополнително еден месец повеќе од предвидениот законски работен стаж, со што му овозможил да се стекне со противправна имотна корист за една дополнителна плата во бруто износ од 52.591 денари.  

 

На 15/16.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(42), Е.А.(49), М.Т.(44), Џ.И.(47), М.Б.(22), А.С.(21) и малолетник, сите од Скопје и малолетник од општина Вевчани, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и бела материја. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 15.04.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Благоја Стефковски“ и ул.„102“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(63) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(40) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

 

На 15.04.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ со ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(32) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.В.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 15.04.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шабан Рамети“ во Скопје, Д.Д.(22) од Германија, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска бандера. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка А.Ф.(63), додека со телесни повреди се здобиле другите сопатници Ј.И.(60), Х.С.(56) од с.Рашче, скопско и А.В.(56) од с.Долно Свиларе, скопско, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 15.04.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Мито Хаџивасилев - Јасмин“ и бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(41) од Скопје, удрило во пешакот Г.Д.(52) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.А.(53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење на оружје или распрскувачки материи“. На 31.12.2025 на ул.„Борче Јованоски“ во Гостивар, полициски службеници извршиле контрола на новогодишната тезга на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства.    

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против П.Б.(21) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 07.03.2026 во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал неговата 53-годишна мајка.

 

На 15.04.2026 во 13:40 часот во ОВР Неготино е извршен службен разговор со Д.К.(21) од Неготино поради основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, казниво по член 350 од Кривичниот законик, односно дека во армискиот полигон Криволак ги снимал и фотографирал возилата во конвој на АРСМ и ги објавил јавно на платформа на социјална мрежа, со што ја нарушил безбедноста и тајноста на активностите кои ги реализира армијата. За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 15.04.2026 во 20:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека во аптека на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со остар предмет и употреба на физичка сила од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.04.2026 околу 19:00 часот во СВР Скопје, А.А. од с.Кондово, скопско, пријави дека околу 16:00 часот во неговата штала во с.Кондово, од струен удар се здобила со повреди неговата сопруга Ш.А.Е.(48) од с.Грачани, по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. Од ударот била усмртено и домашно животно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.04.2026 во 22:10 часот во СВР Скопје, К.К.Л. од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во училница во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, додека заедно со нејзина колешка одржувале родителска средба, М.М.Г. од Скопје (мајка на ученик) физички ја нападнала К.К.Л.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 15.04.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Ф.В.(21) од Скопје пријави дека околу 18:30 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 15.04.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.К.(22) и Т.М.(30), двајцата од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 15.04.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, М.Х.(79) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице го нападнало со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.04.2026 во 21:05 часот во СВР Скопје, Д.Д.(47) од Скопје пријави дека околу 19:30 часот во парк на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А.(57) и А.С.(46), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Во СВР Скопје, 42-годишна жена пријави дека во скопско во неколку наврати нејзината малолетна ќерка била вознемирувана од нивен 69-годишен сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Мени за пристапност