Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 15.04.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 15.04.2026 во 00:30 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија  од слобода А.Б.(33) од Радовиш, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 14.04.2026 околу 15:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(55) од Тетово и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.А.(30) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 14.04.2026 околу 17:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Стамен Манов“ во Кочани, патничко возило „цитроен“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(40) од Кочани, удрило во седумгодишно дете од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

 

На 14.04.2026 во 15:50 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село,  во с.Дабиље, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.Ѓ.(21) од с.Пиперево, струмичко и патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски, управувано од А.С.(25) од с.Смолари, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ѓ., констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.

 

На 14.04.2026 во 16:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го приведоа Б.Ш.(48) од Гостивар, кој бил баран врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 284-а од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

 

На 15.04.2026 во 06:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги приведоа Ц.М. (38) и Б.А.(40), затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување на ул.„Браќа Миладинови“. При извршена проверка на евиденциите е утврдено дека за Б.А. има  активна централна потерница за издржување казна затвор во траење од шест месеци за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на затворската казна.

 

На 13.04.2026 во 20:40 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во Општа болница Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен А.А.(21) од Кавадарци. Според пријавеното, на некатегоризиран пат во место викано „Ресавски залив“ во близина на Тиквешко езеро, кавадаречко, А.А. управувајќи мотоцикл „јамаха“ изгубил контрола и паднал. За настанот бил известен јавен обвинител.

 

На 14.04.2026 во 11:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Е.И.(26) од Куманово затоа што во продажен  објект на  улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово, сопственост на В.М.(40) од Куманово, се заканувал кон вработени и со употреба на тврд предмет го оштетил објектот. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 15.04.2026 во 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во спортска обложувалница на подрачје на Кисела Вода. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.

 

На 14.04.2026 во 07:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од здравствен објект на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(46) и И.С.(46), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 14.04.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје Н.Д.(53) од Гостивар пријави дека на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на физичка сила и одзело чанта со документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 14.04.2026 во СВР Скопје, Е.М.(40) од Скопје пријави дека на 13.04.2026 во населбата Илинден едно лице и побарало пари, по што физички ја нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 14.04.2026 во 16:25 часот во СВР Скопје, М.Б.(46) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бутел, додека се движел со неговото возило, друго возило му го попречило патот од кое излегле две лица и физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 14.04.2026 во СВР Скопје, Џ.С.(66) од с.Копаница, скопско, пријави дека околу 11:00 часот во с.Љубин, скопско, бил физички нападнат од О.К.(64) од с.Љубин. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност