СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Т.(31) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.03.2026, со наредба од Основен суд Куманово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени кокаин и амфетамин.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Л.(19) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 10.03.2026 во неговиот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот внук од сестра.
На 13.04.2026 во 10:50 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.Г.(74) од Германија. При извршена гранична контрола и проверка на патничко возило „рено“ со германски национални ознаки, во кое како сопатник бил Р.Г., во задниот дел од возилото, била пронајдена и одземена марихуана. Во извршен службен разговор, Р.Г. се изјаснил дека марихуаната е негова. По наредба на јавен обвинител, тој е лишен од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.04.2026 во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од бул.„Туристичка“ со ул.„АСНОМ“ во Охрид, 71-годишниот Р.Г., управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.Г., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
На 13.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.К.(47) од Сарај, скопско и С.Д.(25) од Р.Турција, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 13.04.2026 во 11:40 часот во Полициското одделение Камењане било пријавено дека во с. Боговиње, во близина на маркет, било опожарено патничко возило „опел инсигнија“ со германски регистарски ознаки, сопственост на Б.Р. (29). Повредени лица нема, а огнот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Боговиње. Увид извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.04.2026 во 13:45 часот, во Полициското одделение Јегуновце, С.Ј. (32) од с. Вратница, во својство на претседател на општинска организација на политичка партија, пријави дека во текот на ноќта помеѓу 12 и 13 април, непознат сторител со тврд предмет скршил три прозорци на канцеларијата на политичката партија, лоцирана во с. Јегуновце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.04.2026 во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска помош била донесена 12- годишна малолетничка од Богданци, која се здобила со тешки телесни повреди при пад од електричен тротинет на ул. „Васо Марков“ во Богданци. Увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С.(30) и А.М.Џ.(30), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На почетокот на мај 2025 година, додека бил на издржување казна затвор во Казнено - поправната установа Затвор Штип, првопријавениот С.С. телефонски организирал второпријавената да му носи дрога за продажба во затворот. При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин и разни таблети.
На 14.04.2026 во 01:45 часот во СВР Скопје И.К.(27) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.04.2026 во 13:45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.И.(57) од Скопје поради тоа што околу 10:00 часот пред домот на Д.Б.(27) од Скопје упатувал вербални закани кон него и неговата мајка, а потоа се заканувал и со пиштол. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.04.2026 во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.И.(36) и Р.И.(54), двајцата од Скопје, поради тоа што на 12.04.2026 физички нападнале малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.04.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје Ѓ.М.(34) од с.Долно Количани,скопско пријави дека во с.Долно Количани бил физички нападнат од И.И.(49), кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по брза постапка против К.Ш., на работно место полицаец во ПС ОН Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“ по член 353 од КЗ и од страна на судија за претходна постапка му се одредени мерки на претпазливост. Пријавениот К.Ш. на 11.04.2026 околу 09:00 часот, при вршење на службени дејствија, по претходно примена пријава за нарушен јавен ред и мир со физички напад која му била задолжена за работа, ја искористил својата службена положба и овластувања така што посредувал помеѓу страните за наводно „мирно решавање’’ на настанот, при што неовластено побарал исплата на пари. Учесниците во нарушувањето на јавниот ред и мир со посредство на К.Ш. договориле пријавителот на оштетениот да му исплати сума од 1000 евра за да се откаже од пријавата, по што К.Ш. своеволно ја зголемил сумата за уште 200 евра на име наводни трошоци за постапката. Од вкупниот износ од 1200 евра, К.Ш. на оштетениот му исплатил само 700 евра, додека остатокот од 500 евра го задржал за себе, со што се стекнал со противправна имотна корист од 500 евра. ОВККИПС против К.Ш. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.