На 18/19.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Г.(28), В.В.(50), Д.М.(45), Е.И.(40), П.П.(26), Ј.Ѓ.(23) и 15-годишник, сите од Скопје, како и К.И.(28) од с.Јурумлери, скопско, М.Г.(29) од Хрватска и С.П.(24) од Грција затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, прашкаста материја, марихуана и таблети. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 18.04.2026 во 16:00 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека во с.Конче, радовишко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мотоцикли, управувани од 12-годишник и 13-годишник, двајцата од с.Конче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 13-годишникот, додека 12-годишникот се здобил се телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип и ЈЗУ Здравствен дом Радовиш. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.Б.(25) од Тетово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.04.2026, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 18.04.2026 во 15:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на локалниот пат Велес-Каменолом, кај место викано „Гроот“, товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(61) од Велес, се превртело на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
На 18.04.2026 во 13:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека во с.Пршовце, општина Јегуновце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Е.(34) од с.Шемшево и велосипед, управуван од малолетник од с.Пршовце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово. За настанот е известен јавен обвинител од Јавното обвинителство Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.К.(53) од с.Русиново поради постоење основи на сомнение за сторено на кривично дело „фалсификување на исправа“. Пријавениот приложил фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик на јавен оглас за избор на директор на општинско основно училиште.
На 18.04.2026 во 13:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на некатегоризиран пат во близина на автокамп „Љубаништа“, трактор управуван од В.С.(67) од с.Велмеј, општина Дебрца, се превртел. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.(43) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда’’ и „загрозување на сигурноста“. Пријавениот физички и психички ги малтретирал неговата партнерка и нејзините деца, а во последниот период од три месеци преку мобилна апликација им испраќал пораки со заканувачка содржина.
На 18.04.2026 во ОВР Прилеп е пријавено дека во нива на место викано „Горно Садово“, прилепско, се пронајдени гранати. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнал експлозивните направи, при што е констатирано дека се работи за две стари артилериски гранати со калибар 155 мм и 122 мм и две запалки 122 мм кои потекнуваат од Првата светска војна.
На 18.04.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, М.М.(43) од с.Сарај, скопско, пријави дека околу 13:48 часот пред угостителски објект во Сарај, по претходно недоразбирање и расправија, Ш.С. и М.С. му упатувале закани, при што Ш.С. вперил пиштол ко него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.04.2026 во 02:50 часот во ноќен клуб на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Н.Т.(28) од Пробиштип затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По пристигнување во кругот на Полициската станица Карпош, Н.Т. физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија и се обидел да побегне, но бил совладан и приведен во полициската станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 19.04.2026 во 00:54 часот во СВР Скопје, М.Ч.(30) од с.Трубарево, скопско, пријави дека
на 18.04.2026 во 18:50 часот с.Трубарево била физички нападната од Ф.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.04.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, И.С.К.(47) од Скопје пријави дека околу 10:15 часот на подрачјето на Чаир, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.04.2026 во 04:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.К. од Косово, постапувајќи по претходна пријава дека со остар предмет оштетил продажно место во круг на приватна болница на подрачјето на Карпош. Предметот му бил одземен, а по насока на судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје спроведен е во Казнено - поправната установа Затвор Скопје.