Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 20.04.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ж.(20) и А.Р.(22), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници, извршиле преглед над второпријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја купил од првопријавениот.  

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.З.(76) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда’’. На 20.01.2026 во семејната куќа, пријавениот физички ја нападнал неговата снаа.  

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против З.И.(48) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 27.03.2026, пријавениот преку телефон упатувал закани на вработена во Меѓуопштински центар за социјални работи Кочани. 

 

На 19.04.2026 во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ф.(36) од Скопје, затоа што во негова близина е пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него  ќе следува соодветен поднесок.    

 

На 19.04.2026 во 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Долно Свиларе, скопско, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(20) излетало од патот и удрило во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник, сите од с.Долно Свиларе, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 19.04.2026 во 18:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од  ул.„Киро Фетак“ и сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(34) од с.Трубарево, скопско и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.И.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 20.04.2026 околу 01:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосницата од ул.„Моша Пијаде“, плоштад „Маршал Тито“ и ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, Х.З.(19) од Куманово, управувајќи мопед со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во метален столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

 

На 19.04.2026 околу 17:25 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на автопатот Неготино-Градско, М.В.(42) од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(45) од с.Ливада, струшко, поради постоење основи на сомнение  за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „убивање и мачење животни“. На 27.03.2026 на  патот с.Ливада - с.Биџево, Б.Д. и уште едно лице се движеле со возило и со нив имале и куче од расата „кангал“, кое го држеле со ремен преку прозор и го шетале со возилото, а кога пристигнале во близина на дворот на Љ.Д. во с.Биџево, пријавениот го пуштил кучето слободно, кое го нападнало кучето на Љ.Д. од расата „миник“ и го усмртило.

 

На 17.04.2026 во периодот од 22:50 часот до 00:00 часот, врз основа на наредба од Основен суд Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга извршија претрес во просториите на правно лице за производство на масло од канабис во с.Вевчани. При претресот, во контејнер за комунален отпад во дворот, во голема најлонска ќеса пронајдена е марихуана.  По целосно документирање на случајот,  ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против четворица малолетници поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство’’. На 08.11.2025 пред угостителски објект во Тетово, пријавените физички нападнале малолетник.

 

На 19.04.2026 во 19:30 часот во Скопје, во ПС Карпош е извршен службен разговор со И.С.(25), Г.Х.(30) и Д.М.(28), затоа што претходно биле затекнати додека управувале дрон без соодветна дозвола во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Дронот е одземен и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 19.04.2026 во 16:30 часот во СВР Куманово, И.А.(22) од Куманово, фудбалер на фудбалскиот клуб „Куманово-Милано“, пријави дека околу 11:00 часот на стадион во с.Агино село, кумановско, пред завршување на натпревар помеѓу фудбалските клубови „Македонија-Агино“ и „Куманово-Милано“, Г.П. - судија на натпреварот, по претходна расправија, физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 19.04.2026 во СВР Куманово е пријавено дека во 16:50 часот на стадион „Башкими“ во Куманово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Башкими“ од Куманово и „Струга Трим Лум“ од Струга, настанала расправија помеѓу Б.Х.(39) од Куманово, сопственик на фудбалскиот клуб „Башкими“ и едно лице од гостинската екипа од Струга. Подоцна, на паркинг простор, неколку лица со употреба на тврди предмети, го оштетиле паркираниот автобус, сопственост на приватна фирма од Струга, кој ги превезувал играчите од Струга. Во врска со настанот, во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Х.(39). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.  

 

На 19.04.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, Љ.С.(42) од Скопје пријави дека околу 20:30 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Д.М.(42) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 19.04.2026 во 20:55 часот во Полициската станица Драчево, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со С.И.(46) од с.Драчевица, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека на 15.04.2026 со тврд предмет го нападнал А.И.(56) од с.Драчевица. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Мени за пристапност