Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 21.04.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.В.(22) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.09.2025 во Струга, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против И.Б.(41) од с.Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 10.03.2026 на Граничен премин „Табановце“, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана полска возачка дозвола.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ј.Б. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 14.11.2025, 34-годишник од струшко село стапил во контакт со пријавениот кој изработувал блиндор врати и се договориле да му изработи врати до 20.01.2026 за износ од 3.040 евра. Според договореното, оштетениот му исплатил на пријавениот 2.140 евра, а другиот дел од износот требало да се доплати кога ќе бидат монтирани, но пријавениот постојано ја одложувал изработката на вратите. 

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против В.П.(45) од Крива Паланка и правен субјект од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од работен однос“ и „злоупотреба на лични податоци“. В.П., во својство на управител на правниот субјект, на еден работник му исплатила регрес за годишен одмор во намален износ од 1.000 денари, а во повеќе наврати не изготвувала договор или анекс на договор за вработување или престанок на работен однос во писмена форма и покрај тоа што работникот од јули 2018 година до октомври 2019 година во повеќе наврати имал престанок на работен однос. Исто така, не водела уредно писмена евиденција за работно време, со што таа и второпријавеното правно лице постапиле спротивно на одредбите од Закон за работни односи и Општиот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството, повредувајќи и ограничувајќи му ги правата на работникот кои му припаѓаат, како и без согласност на лицето да користи негови лични податоци,  спротивно на начелата на „законитост и правичност” и „минимален обем на податоци” и без да обезбеди соодветна заштита на личните податоци. Имено, во еден документ на огласна табла во просториите на правното лице го објавила матичниот број на вработениот, спротивно со одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.З.(51) од с.Делогожда, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 23.03.2026, пријавениот пукал од огнено оружје, по што е извршен претрес во неговиот дом каде бил пронајден пиштолот со празна рамка, куршуми калибар 9мм и дозвола на негово име. 

 

На 19/20.04.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.И.(35), Н.Ј.(21), М.Ц.(42), Ф.С.(27), 15-годишник и 17-годишник,  сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.    

 

На 20.04.2026 околу 15:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(43) од с.Крушопек, скопско и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот, Б.М.(22) од Скопје, додека со телесни повреди возачот на мотоциклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 20.04.2026 околу 16:30 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на експресниот пат А2, с.Петралица - општина Ранковце, патничко возило „фиат“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 32-годишната А.Ц.М. од Крива Паланка, излетало од патот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц.М., констатирани во Општа болница Куманово. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.

 

На 20.04.2026 околу 08:30 часот во СВР Велес е пријавено дека во Градско, патничко возило „даеву“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(68) од Градско, удрило во пешакот Ј.Ѓ.(84) од Градско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ѓ., констатирани во Општа болница Велес. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес.

 

На 20.04.2026 во 10:40 часот во СВР Битола, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола пријави дека од нива во атар на с.Ивањевци, битолско, безбедно подигнал една артилериска граната 105 мм од Првата светска војна, за која на 19.04.2026 во 17:25 часот во СВР Битола било пријавено дека е пронајдена.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.И.(48) и А.И.(23), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.04.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавените, при што биле пронајдени и одземени семки од растението канабис. 

 

На 20.04.2026 во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Р.Р.(30) и 15-годишник, двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека со употреба на сила, влегле во деловен објект на ул. „Народна револуција“ во Куманово и одзеле повеќе предмети, а се обиделе да одземат предмети од приватен имот на ул.„Веселин Маслеша“ во Куманово. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

 

На 21.04.2026 во 01:11 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Никола Вапцаров“ во Куманово  настанал пожар во паркирани патнички возила  „опел“  со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Е.Ф.  од Куманово  и  „фолксваген тигуан“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на А.С., а дадено на користење на В.М.. од Куманово. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово.

 

На 20.04.2026 во 18:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека во двор на црква во с.Карпино, општина Старо Нагоричане, било извршено раскопување на гроб со назнака како културно наследство, при што била искршена и извадена плочата од местото. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.04.2026 во 04:30 часот во СВР Скопје А.Д.(58) од Скопје пријави дека околу 02:45 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од А.А.(31) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 20.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно извршена кражба во продажен објект каде работела Д.З.(56), бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неа и С.С.(64), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 20.04.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, М.П.(52) од Скопје пријави дека околу 13:20 часот во двор од средно училиште на подрачјето на Кисела Вода, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, при што бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 20.04.2026 околу 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари настанал пожар во куќа, сопственост на Р.Д.(57) од Скопје. Од пожарот бил зафатен и дел од ѕид од соседна куќа. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

 

На 20.04.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, М.З.(57) од Скопје пријави дека околу 15:15 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Според пријавителот, неговиот син заедно со неколку другари наполниле балонче со вода и фрлиле кон лицето, кое управувало мотоцикл и го погодиле во задното тркало, по што лицето застанало и почнало да ги брка, го стигнал неговиот син и физички го нападнал, по што се обидел да прегази друг малолетник, но детето побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена пријави дека претходниот ден добила закани по телефон кон неа и нејзиното малолетно дете од лицето Џ.„Н“ преку посредник. Според пријавеното, лицето посредник и на 18.04 дошло во продавницата во која што работела и пренело порака дека Џ.„Н“, инаку странец, барал таа да му ги врати 1.350. евра кои тој наводно и ги дал пред две години за набавка на лек за нејзиното малолетно дете. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 20.04.2026 во 10:39 часот во СВР Скопје, Д.Б.(45) од Скопје пријави дека неговата сопруга Р.Б.(45) се оддалечила со лице кое го познавала. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.

 

 

 

 

 

 

 

Мени за пристапност