СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.10.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени дигитална вага и амфетамин.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против А.Т.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 25.09.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот приложил фалсификувана возачка дозвола за возилото кое го управувал.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(19), М.К.(22), Н.Ј.(21) и М.И.(19), сите од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 05.10.2025 пријавените физички ги нападнале С.Р. и Т.Р..
СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.М.(34) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено на кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 13.06.2025 во стан во Штип, каде што пријавената престојувала, предизвикала пожар, кој се проширил и во соседниот стан.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.И. (66) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 26.10.2025 полициски службеници во с. Арачиново, скопско извршиле преглед на патничко возило „ауди“, управувано од пријавениот, при што била пронајдена и одземена автоматска пушка.
На 30.10.2025 во 11:15 часот во СВР Битола е пријавено дека во атарот на с.Трново, битолско, била пронајдена артилериска граната. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било утврдено дека се работи за артилериска граната од Првата светска војна и таа била безбедно подигната.
На 30/31.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Г. од Р.Турција, Н.К.М.(26) од Данска, Д.Т.(34) од Битола и Б.Б.(26), К.Ж.(29) и Л.К.(21), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 30.10.2025 во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локален пат во с.Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“ без регистарски таблици, управуван од М.Б.(58) и патничко возило „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(72), двајцата од с.Требеништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 86-годишната Х.Ч., која се превезувала на тракторот, додека со телесни повреди се здобила 62-годишната Д.Д., сопатничка во возилото „фолксваген шаран“, двете од с.Требеништа. Повредите се констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. По насоки на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека М.Б. бил под дејство на алкохол, односно имал 1,16 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.10.2025 во 12:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во правец од Гевгелија кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од К.Х.(23) од Гевгелија и товарно возило „сканија“ со винички регистарски ознаки, управувано од Д.А.(31) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Х., констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
На 30.10.2025 во 07:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.С.(60) од с.Другово, кичевско, удрило во 10-годишна малолетничка од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
На 30.10.2025 во 11:30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(24) од Кавадарци, затоа што при гранична контрола констатирано е дека евидирал во оперативна евиденција по барање на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.
На 31.10.2025 околу 04:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат З.Г.(62) од Скопје. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт, без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.
На 31.10.2025 во 01:10 часот во Полициското одделение Петровец Н.Б.(44) од с. Р`жаничино, скопско, пријави дека од домот се оддалечила неговата ќерка А.Б.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 31.10.2025 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Е.Ј.(36) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2025 во 19:22 часот во СВР Скопје, Т.М.(44) од Велес пријави дека околу 18:20 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица, кои потоа со закана со огнено оружје му одзеле пари, мобилен телефон и личен документ. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2025 во 12:50 часот во Скопје, во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.Ѓ.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 19-годишна партнерка, дека околу 09:30 часот агресивно се однесувал и и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.10.2025 во 16:00 часот во СВР Скопје, М.Ц.(23) од радовишко, а со престој во Скопје, пријави дека околу 14:40 часот во Градскиот парк во Скопје, бил физички нападнат од две лица, при што му одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Велес поднесе кривична пријава против В.Л. (41) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.06.2025 во Велес, полициски службеници извршиле преглед на едно лице, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин, кој претходно го набавил од пријавениот.
На 30.10.2025 во 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 29/30.10.2025 во филијала на правно лице на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила и алат одзело сеф со пари. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2025 во 19:09 часот во СВР Скопје, Р.С.(59) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син и неговиот братучед биле физички нападнати од три лица, а едно од лицата се заканило и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2025 во 15:50 часот во СВР Скопје, Х.С.(19) од с.Миладиновци, скопско пријави дека околу 15:00 часот во населбата Илинден,скопско, во приватна фирма, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот колега Е.Е.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.10.2025 во 17:20 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Г.(67), постапувајќи по претходна пријава од неговата 69-годишна сопруга дека на 28.10.2025 во домот физички ја нападнал. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.