Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 30.10.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.04.2025 полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.С.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 05.09.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени пиштол, две рамки за пиштолот и куршуми.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурност“. Пријавениот, преку пораки на мобилна апликација упатувал закани кон неговата невенчана сопруга и нејзината мајка.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Џ. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 07.10.2025, пријавениот на социјални мрежи објавил коментар со расистичка и ксенофобична содржина.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(47) и Т.Ј.(28) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста’’ и „телесна повреда“, додека против второпријавениот и за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службени дејствија“. На 23.08.2025 во с.Макреш, општина Старо Нагоричане, пријавените, физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени дејствија.

 

На 29.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.Г.Ш.(28) од Германија, М.К.(22) од Гостивар и Е.С.(32) и Н.Б.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 29.10.2025 во 09:15 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.К.(28) од Р.Косово, затоа што при извршена гранична проверка било констатирано дека патничкото возило „бмв“ со германски национални ознаки, кое тој го управувал, евидирало во оперативна евиденција по барање на Интерпол- Германија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

 

На 29.10.2025 околу 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(26) од Скопје, удрило во 76-годишната М.Г. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 29.10.2025 во 11:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од бул. „Гоце Делчев" и ул. „Архиепископ Доситеј" во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.А.(58) од Битола и патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(71) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ѓ., додека со телесни повреди се здобиле П.А. и неговата сопатничка К.П.(38) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

 

На 30.10.2025 во 04:45 часот во СВР Скопје, А.Р.(24) од Скопје пријави дека околу 03:30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, бил физички и со тврд предмет напaднат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 29.10.2025 во 21:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.В.(37) од скопско, по претходна пријава дека околу 15:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 29.10.2025 во 22:50 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од скопско пријави дека на 25.10.2025 околу 19:00  часот во домот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице влегло преку незаклучена врата, по што и одзело личен накит, а откако пријавителката го затекнала, лицето ја бутнало и се дало во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 29.10.2025 во 12:00 часот во СВР Скопје, Д.В.(79) од Скопје пријави дека во периодот од месец мај 2025 до 26.10.2025 на градските гробишта Бутел од гробно место биле одземени две бронзени бисти. Исто така, Б.В.(41) од Скопје пријави дека во периодот од месец април 2025 до 23.10.2025 на градските гробишта Бутел од гробно место била одземена една бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

 

На 29.10.2025 во 11:10 часот во СВР Скопје, М.А.(61) од Скопје пријави дека на 28.10.2025 околу 00:30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил во своето патничко возило, едно лице кое му се претставило дека наводно е полициски службеник, му одзело документи од возилото. Потоа, според пријавеното, му рекол на М.А. да влезе во друго возило и му одзел пари и платежна картичка и подоцна го симнал на подрачјето на општина Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (30.10.2025) во 00:30 часот во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13) кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

 

Мени за пристапност