На 30/31.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.М.(34), И.Е.(22), А.С.(30), Р.К.(25), А.П.(30), Н.Ч.(32), сите од Скопје, како и О.В.(18) од с.Стајковци, скопско, П.М.(31) од с.Миравци, гевгелиско и Ф.С.(31) од Турција затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 30.07.2026 во 06:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на пешачки премин на бул.„1 Мај“ во Битола, патничко возило „лада“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 70-годишниот П.Ш. од Битола, удрило во 59-годишната М.М. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.М., констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Д.В.(31) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 21.07.2026, по претходна расправија во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот татко.
На 30.07.2026 во 20:15 часот во село Непроштено, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишија од слобода Р.С.(20) од село Џепчиште затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 30.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 08:20 часот на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп, во близина на Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „хјундаи“ и О.Г.(45) од Скопје, сопатничка во истото возило, а со телесни повреди се здобиле С.Д.(50) и С.П.П.(42), двете од Скопје, сопатнички во патничкото возило „хјундаи“, како и возачот на патничкото возило „ауди“ и сопатниците во неговото возило, М.Д.(18), А.М.(18) и двајца 17-годишници, сите од Битола, констатирани во Општа болница Велес. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.А.(39) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 06.07.2026, по претходна расправија во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал сопругата и неговото дете.
Денеска (31.07.2026) во 01:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола на ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 30.07.2026 во 06:55 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од бул.„1 Мај“ и ул.„Киро Димитров“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 38-годишната А.Х. од Битола и мопед „хамачи“, управуван од 42-годишниот М.М. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болницата во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против A.A.(28) од Србија поради постоење основи на на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “. На 25.07.2026 на Граничен премин Табановце, при гранична контрола и извршен преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен хашиш.
На 30.07.2026 во 12:00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 27-годишен жител на селото. Според пријавеното, тој околу 08:00 часот во семејниот дом физички ja нападнал неговиот 25-годишна сопруга. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.07.2026 во 16:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Лабунишки ливади“, товарно возило „ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Р.П. од Вевчани, излетал од коловозот и се превртел. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.07.2026, полициски службеници извршиле претрес во објект во с.Брњанци, при што бил затекнат пријавениот и кај него биле пронајдени и одземени кокаин, пари во различни апоени и мобилни телефони.
На 30.07.2026 во 14:10 часот во ОВР Берово било пријавено дека при извршување работни задачи за ЈП „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Мелешево“-Берово, со тешки телесни повреди се здобил вработениот С.Ј.(61) од с.Митрашинци, беровско. Според пријавеното, околу 08:00 часот на место викано „Беровско езеро“, С.Ј. бил со уште двајца колеги и во еден момент се доближил до приколка, каде што еден неговите колегите вршел утовар на дрва и сакал да помогне, едно од дрвата се лизнало од приколката и паднало врз ногата на С.Ј.. Тој бил пренесен во болницата во Кочани каде што му била укажана помош. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршиле полициски екипи.
На 30.07.2026 околу 17:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во с.Бачишта, кичевско, на место викано „Емровци“, патничко возило „поло“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 38-годишната С.С. од с.Бачишта, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., додека со телесни повреди нејзините сопатници Ш.Р.(55) и А.Р.(51), двајцата од с.Бачишта, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Н.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.07.2026 во с.Арачиново, скопско, полициски службеници извршиле при претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
Денеска (31.07.2026) во 01:45 часот на локален пат Илинден - Маџари, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Н.(32) од с.Арачиново, скопско. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Џ.Н. го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава
На 31.07.2026 во 02:20 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.С.(34) од Гостивар. Претходно, неговата 36-годишна сопруга пријавила дека околу 23:00 часот, по кратка расправија, физички ја нападна во семејниот домот и од нејзината чанта одзел пари и клучеви од нејзиното возило и заминал. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(23) од Скопје постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.07.2026 во Скопје, во напуштена подрумска просторија, при претрес кај пријавениот биле пронајдени и одземени амфетамин, МДМА, жолти перфорирани картончиња и псилоцибин.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Т.М. и И.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Првопријавениот Т.М., полицски службеник во Полициската станица Струга и второпријавениот И.Ш., „главен полицаец за вршење увиди на сообраќајни незгоди“ во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга, на 14.05.2026 во просториите на ПС Струга, при спроведување на лице, кое претходно било лишено од слобода, употребиле прекумерна физичка сила над него. Имнео, и покрај тоа што лицето било врзано со лисици, пријавените физички го нападнале и го удирлае со раце и нозе. Одделот за внатрешна контрола против двајцата ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муницијата и суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
На 30.07.2026 во 17:15 часот на ул.„Љубица Богеска“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Ѓ.Н.(43) од Кичево затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Битола - ОВР Прилеп, до ОЈО Прилеп, поднесе кривична пријава против П.Т.(53) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 27.06.2026 околу 13:00 часот во продавница на ул.„Вера Циривири“ во Прилеп, пријавениот со закана со електричен парализатор од вработената одзел пари од касата и го напуштил местото.
На 30.07.2026 во 10:30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Ѓ.(74) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 73-годишна сопруга дека не го почитувал решението од Основен суд Неготино со изречени привремени мерки за забрана да се заканува дека ќе стори насилство. Имено, според пријавеното, тој во семејниот дом се заканувал на сопругата и нивната ќерка. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против T.H.(24) од Германија порадо постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.07.2026 на Граничен премин Табановце, при гранична контрола и преглед над пријавениот бил пронајден и одземен хашиш.
На 30.07.2026 на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода З.С.(41) од Битола. Тој, во влез од зграда на ул.„Филип Втори Македонски“ запалил кабли од електрична инсталација и оштетил дел од електричната инсталација на два ката. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Б.(23) од Скопје и Н.Ј.(22) од Битола постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.07.2026 во Скопје, при контрола на патничко возило „сеат“, управувано од првопријавениот, а совозач била второпријавената, при личен преглед кај нив била пронајдена и одзмена прашкаста материја. Додека, пак, на 03.07.2026 бил извршен претрес во објект на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје биле пронајдени и одземни марихуана, амфетамин, кокаин и таблети МДМА.
На 30.07.2026 во 21:55 часот на улица „Архиепископ Михаил“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Л.Т.(18) од Велес. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле мотоцикл „хамачи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Т. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување. За настанот е известен јавен обвинител, а мотоциклот бил одземен. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.М.(38) од кочанско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 18.07.2026, по претходна расправија во семејниот дом, пријавената физички го нападнала нејзиниот сопруг.
На 30.07.2026 во 12:30 часот, во СВР Велес, 37-годишник од Велес пријавил дека неговата поранешна сопруга Н.Т. од Скопје постојано го следела, воспоставувала несакана комуникација и преземала дејстивија со кои го вознемирувала. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.В.(55) од струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 16.07.2026, по претходна расправија во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка.
На 30.07.2026 во 18:05 часот на ул.„Ѓорѓи Наумов“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода В.Ш.(65), кој управувал патничко возило „ауди“ со битолски регитарски ознаки без да поседува важечка возачка дозвола и притоа учествувал во сообраќајна незгода. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (31.07.2026) во 01:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Павле Илиќ“ во Скопје било опожарено патничко возило „фолксваген кеди“ со косовски национални ознаки, сопственост на правно лице од Косово. Повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од соседи. Извршен бил увид.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Љ.(51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.07.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дигитални ваги, пари во разни апоени и мобилни телефони.
На 30.07.2026 во СВР Скопје, М.С.(59) од с.Бардовци, скопско, пријавил дека на 29.07.2026 околу 22:00 часот, додека извршувал работни задачи како возач на автобус, сопственост на ЈСП, на автобуска постојка на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил физички нападнат од едно лице, кое се превезувало во автобусот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против З.М.(40) од кочанско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 18.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.
На 30.07.2026 во 14:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар во Скопје, по претходно недоразбирање за паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.П.(65) и 42-годишната Р.Л., двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Струмица поднесе известување против 17-годишник од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. На 30.06.2026 во струмичко, пријавениот извршил полови дејствија врз 13 - годишно девојче.
На 30.07.2026 во 14:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Горњани, скопско, настанал пожар во барака, сопственост на К.П.(86) од истото село. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и граѓани пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.