На 29/30.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.С.(42), Д.К.(22), Д.А.(38), А.П.(33), А.Ј.(30), А.В.(24) и 17-годишник, сите од Скопје, 16-годишник од с.Блаце, скопско, J.K.(19) од с.Студеничани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 29.07.2026 во 15:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(60) од с.Ржаничино, скопско и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(28) од с.Сингелиќ, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.А.(19) и Е.М.(28) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“. На 04.03.2026 во Штип, по претходна расправија пријавените физички го нападнале А.О. во неговиот домот, при што му нанеле тешки телесни повреди.
На 29.07.2026 во 15:37 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“, бул.„1 Мај“ и ул.„Јане Сандански“ во Битола, патничко возило „киа“ со холандски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната У.М. од Украина, со привремен престој во Битола, удрило во 55-годишниот Д.В. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во болницата во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.
На 29.07.2026 во 19:56 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на магистралниот пат Прилеп - Битола, 70-годишниот Д.М. од Прилеп, управувајќи мопед „томос“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Б.(55) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Во мај, јуни и јули 2026 година, преку негови два профили на социјалната мрежа, пријавениот објавил шест коментари н ачетири објави со кои промовирал и поттикнувал омраза и насилство.
На 29.07.2026 во 14:45 часот во ОВР Прилеп бил пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Б.(52) од Кавадарци, товарно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(39) од с.Мало Коњари, прилепско и патничко возило „сузуки“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(27) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген“ З.Б., констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа на ПВР Прилеп.
На 29.07.2026 во 15:18 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.К.(49) од село Доброшане, кумановско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.К., при што било констатирано дека го управува под дејство на алкохол односно му биле измерени 1,91 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.07.2026 во 21:00 часот на улицата „Јово Стефаноски Риле“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Ѓ.(30) од Република Албанија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По преземени мерки, исто така, било констатирано дека нелегално престојувал во Струга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.07.2026 околу 12:10 часот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.Р.(28) од с.Студеничани, скопско. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 29.07.2026 во 21:45 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Е.Џ.(45) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.Ш.(49) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола во патниот сообраќај, извршена на 24.06.2026 на улица „Елена Ѓика“ во Дебар, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал и притоа констатирале дека вршел јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
На 29.07.2026 во 19:10 часот на улица „Вардарска“, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Х.Б.(61) од Велес. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат алтеа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.Б. и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,20 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.07.2026 во 23:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.М.(33) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички нападнал член на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.07.2026 во 16:05 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.Ј.(29) од велешко село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 30-годишна сопруга дека подолг период психички ја малтретирал, а на 26.07.2026 во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ го одзел мобилниот телефон. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.М.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „телесна повреда“. Тој, во авто камп на струшкото крајбрежје, физички ја нападнал неговата девојка, која се здобила со телесни повреди.
На 29.07.2026 во 16:00 часот на ул.„Горно Лисиче“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.В.(19) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле мотоцикл со скопски регистарски ознаки, кое Х.В. го управувал и при извршени проверки било констатирано дека не поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 29.07.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправна установа Идризово било пријавено дека околу 13:15 часот, при претрес во женското одделение во установата, кај 42-годишната осуденичка Е.Ј. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 29.07.2026 во 14:40 часот во СВР Скопје, А.К.(38) од Скопје пријавил дека на 28.07.2026 околу 21:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање при игра, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.07.2026 во 21:06 часот во СВР Скопје, Ј.П.(23) од Свети Николе пријавил дека околу 21:00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против П.З.(31) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 12.01.2026, пријавениот со огнено оружје испукал неколку проектили кон основно училиште во Виница, при што оштетил дел од инвентарот. Подоцна, при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени пушка, пригушувач, рамки за муниција, 192 парчиња дијаболи и други предмети.
На 29.07.2026 во 19:53 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје настанал пожар во помошна просторија, сопственост на Л.П.(45) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 30.06.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходно недоразбирање за паркинг место, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М.(44) од Скопје од една страна и А.Н.(23) и Т.Н.(55), двајцата од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 29.07.2026 во 14:20 часот во СВР Скопје, М.Д.(36) пријавила дека околу 13:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, едно лице ѝ ја одзело чантата во која имала пари и личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.А.(25) и Р.Ј.(27) од Кочани и Н.А.(22) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.05.2026 на наплатната рампа кај Кадрифаково, пријавените забележале полициска патрола, при што третопријавената голтнала поголема количина хероин, а при испитување на Универзитетската клиника за токсикологија било потврдено дека во организмот има поголема количина хероин.
На 29.07.2026 во 13:15 часот во СВР Скопје, Г.К.(45) од Скопје, вработен во ЕВН Македонија, пријавил дека околу 13:00 часот на подрачјето на општина Сарај, додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од Т.Б.(32) од с.Сарај. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 29.07.2026 во 11:45 часот во СВР Скопје, Н.П.(36) од с.Волково, скопско, пријавил дека на 28.07.2026 околу 21:00 часот во дворот од неговата куќа во селото бил физички нападнат од неколку лица. Во врска со настанот, на 29.07.2026 во 13:50 часот во СВР Скопје, С.Д.(34) од с.Волково пријавил дека на 28.07.2026 околу 21:00 часот во селото, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син бил физички нападнат од соседот Н.П.(36). По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против лицето С.Ф.(21) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,силување на дете кое не наполнило 15 години“. На 24.06.2026, извршил обљуба врз 12 - годишно девојче.
На 30.07.2026 во 00:45 часот во СВР Скопје, А.А.(33) од Скопје пријавил дека околу 00:40 часот во казино на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од Д.К.(41) од Скопје, вработен како обезбедување во казиното. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 30.07.2026 во 01:30 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.К.(30) и А.М.(40), двајцата од Скопје. Полициски службеници го забележале М.К. како фрлил кеса со марихуана, а при обид да извршат проверки ги нападнал полициски службеник и се обидел да побегне, но бил спречен и лишен од слобода. Додека, А.М. се обидел да ги спречи полициските службеници да го лишат од слобода и приведат М.К., по што и тој бил лишен. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.