На 28.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Н.М.(45), Џ.Е.(29) и С.Д.(29), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела тврда материја. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 28.07.2026 во 10:40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ.(38) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека во оперативната евиденција евидира со мерка „апси” по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка - Одделение за потраги од СВР Скопје. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.М.(49) од с.Балиндол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 09.06.2026, пријавениот упатувал закани по животот на неговата сопруга со која се во бракоразводна постапка.
На 28.07.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица и регионален пат Скопје-Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(67) од с.Арнакија, општина Сарај и електричен тротинет, управуван од деветгодишно дете од с.Арнакија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 28.07.2026 во 18:30 часот на Граничен премин Свети Наум, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.Ј.(56) од Сирија. При пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека на увид приложил фалсификувана сириска возачка дозвола. Лицето било предадено на полициски службеници од Отсекот за прекуграничлен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Запад за понатамошна постапка.
На 28.07.2026 во 12:30 часот на ул.„Беровска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ф.(24) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки, било констатирано дека го управува возилото, без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.М.(40) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 08.07.2026 во угостителски објект во Струга, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, со која се во бракоразводна постапка.
На 28.06.2026 во 16:20 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Ш.(18) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и при извршени проверки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 28.07.2026 во 14:35 часот во СВР Куманово, Е.Х.(30) од Куманово пријавил дека во дворот од неговата куќа на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово била фрлена експлозина направа. Увид извршила екипа од СВР Куманово и на тераса од куќата била пронајдена експлозивната направа, додека во дворот била пронајдена една безбедносна рачка, за која се претпоставува дека е од истата направа. Од Единицата за откривање и деминирање на експлозивни средства и направи при МВР екплозивната направа направата била безбедно подигната за понатамошна обработка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесена кривична пријава против А.Р.(46) од с.Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 03.05.2026 на локалниот пат Тетово–Пирок, пријавениот агресивно се однесувал и упатил закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
На 28.07.2026 во 13:30 часот на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ш.А.(51) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и при извршени проверки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 28.07.2026 во 19:50 часот во с.Равен, гостиварско, полициски слуижбеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.О.(29) од с.Равен. Претходно, околу 18:35 часот, пред угостителски објект во селото, по кратка расправија, настанала физичка пресметка помеѓу него и Т.М.(21) од истото село, при што тој со остар предмет му нанел повреди на Т.М.. За настанот е запознаен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавената измамила сопружници, ветувајќи им посредување при обезбедување на работна виза за странска земја.
На 28.07.2026 во 15:00 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Д.С.(37) и Р.С.(45), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед кај нив, кај Р.С. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 29.07.2026 во 04:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(28) од село Горно Којнаре, кумановско, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 29.07.2026 околу 02:40 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на општински пат с.Калуѓерица - с.Подареш, во атар на с.Подареш, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Т.(51) од с.Ораовица, радовишко и трактор со приколка, управуван од Г.М.(56) од с.Подареш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од тракторот, Ф.И.(39), А.И.(41) двете од Радовиш, додека со телесни повреди Ѓ.И.(70) од Радовиш, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Радовиш, при што било констатирано дека возачот на патничкото возило М.Т. возел под дејство на алкохол, односно имал 1,17 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 28.07.2026 во 09:50 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Г.К.(39) од Гостивар. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „кражба“ на паричник претходниот ден на улица „Младен Груески“ во Гостивар. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.В.(49) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавената, физички ја нападнала Н.„Н“.
На 28.07.2026 во 14:30 часот на локалниот пат за с.Пласница, општина Македоснки Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода А.М.(28) од с.Пласница. Претходно, тој со возило „мерцедес” со регистарски ознаки од Македонски Брод учествувал во сообраќајна незгода, а при вршење на увид било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.07.2026 во 23:20 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 27-годишен маж од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:00 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 62-годишен татко. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.07.2026 во 23:30 часот на улица „Перо Шварц“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.С.(30) од Куманово. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.С., при што било констатирано дека го управува и покрај тоа што има активна забрана. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р.(52) од с.Камењане, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот измамил едно лице за сума од 5.150 евра, ветувајќи му дека ќе посредува за остварување на право на туѓа нега за неговата сопруга, како и за обезбедување социјален стан.
На 28.07.2026 во 21:30 часот во селото Урвич, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го приведоа А.Н.(43) од истото село. Тој бил баран за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 202 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено и предадено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 29.07.2026 во 01:25 часот во селото Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода Ш.К.(56) од селото Калиште, општина Врапчиште. При сообраќајна контрола било сопрено патничко моторно возило „шкода“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал возилото без возачка дозвола. Возилото било одземено и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 28.07.2026 во 20:40 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на пат на место викано „Голем мост“, атар на с.Костур, кривопаланечко, патничко возило „лада нива“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Г.А. од Крива Паланка, удрило во камен и се превртело на патот. Во несреќата со повреди се здобил возачот, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г.Ц.(53) од с.Чепигово, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност “. На 21.07.2026 во с.Чепигово, пријавениот запалил сува трева помеѓу две куќи, при што пожарот зафатил 150 снопчиња луцерка.
На 28.07.2026 во 22:35 часот на ул.„Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Б.А.(29) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „сеат” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.А., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.07.2026 во 01:10 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријавила дека околу 18:30 часот пред зградата каде што живее во Блок 70 била физички нападната од нејзиното момче Б.И. од Тетово. Утрово, тој сам се пријавил во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.07.2026 во 00:30 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници го лишија од слобода Е.А.(36) од Струга. Претходно, тој со патничко возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, предизвикал сообраќајна незгода. По преземени мерки, полициските службеници кај него констатирале 2,50 промили алкохол во крвта по што веднаш е исклучен од сообраќај. Возилото било одземено и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.07.2026 во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода И.А.(27) од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 22-годишна вонбрачна сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.07.2026 во 08:30 часот на регионалниот пат населба Чашка-село Дреново, кај место викано „крстосница Врановска“, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода И.Ј.(27) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле товарно возило „фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Ј. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Д.(46) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 06.06.2026 во неговиот дом во Тетово, пријавениот со влезната врата го удрил А.А.(54) од Тетово и му нанел повреди.
На 28.07.2026 во 16:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода И.А.(36) од Росоман, постапувајќи по претходна пријава од неговата 35-годишна сопруга, дека подолг период психички ја малтретирал и ѝ се заканувал, а последен пат тоа го сторил на 28.07.2026. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 29.07.2026 во 00:47 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг Л.А. од Косово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 28.07.2026 во 18:20 часот во СВР Скопје, Р.Т.Ѓ.(61) од Скопје пријавила дека околу 13:30 часот на работното место во зградата на ЕСМ на подрачјето на Центар во Скопје била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.07.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишник и 20-годишник, двајцата од скопско, пријавиле дека биле измамени од Х.Д. за сума од 923.000 денари и 1.390.000 денари. Според пријавеното, Х.Д. ги убедил да инвестираат пари во крипто валути. Парите ги уплаќале во менувачница, по што им биле праќани известувања по меил дека парите се уплатени. Откако решиле да ги подигнат парите и добивката, на 24-годишникот му било кажано дека не може без согласност од Х.Д., додека на 20-годишникот дека мејловите се невистинити, по што и двајцата сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.07.2026 во 20:04 часот во СВР Скопје, М.З.(49) од Скопје пријавил дека во 19:50 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил физички нападнат од неговата сосетка С.Г.(79), која употребила и метален предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 28.07.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, А.Д.(49) од Скопје пријавил дека на 27.07.2026 околу 18:00 часот на игралиште на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.07.2026 во 20:50 часот во СВР Скопје, Ф.К.(60) од с.Арачиново, скопско, пријави дека околу 20:40 часот во двор на семејната куќа во селото слушнал истрел, по што забележал дека била оштетена хаубата на паркирано патничко возило „фоксваген голф“, сопственост на неговиот син М.К. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а зрното е подигнато за понатамошна постапка.
На 28.07.2026 во 23:50 часот во СВР Скопје, С.Ј.(24) од с.Горобинци, светиниколско, пријавил дека околу 23:15 часот на картинг патека во с.Волково, скопско, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на сл