На 27/28.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х.П.(47, А.Ј.(41), Б.Н.(28), А.Б.(18), 17-годишник, сите од Скопје и Е.Ј.(28) од с.Идризово, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.О.(42) и З.И.(50), двајцата од с.Црнилиште, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице при вршење на работи од безбедноста“. На 17.05.2026 во с. Црнилиште, пријавените со земјоделска механизација, товарно возило и со употреба на физичка сила, попречувале службени лица од Шумска полиција при извршување службени дејствија, при што предизвикале сообраќајна незгода.
На 27.07.20226 во 19:50 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Ј.(18) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен пиштол „Валтер“ и рамка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Т.(58) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 24.05.2026 во семејниот дом во Штип, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.К.(36) од с.Велешта, стуршко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.07.2026 во Струга, пријавениот се однесувал агресивно и се заканувал на полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
На 28.07.2026 во 00:55 часот на ул.„Сремски фронт“ во Штип, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(47) од с.Грдовци, кочанско. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „опел“ со кочански регистгарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,79 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.И.(37) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“. На 25.04.2026 во семејниот дом во селото, пријавената физички ја нападнала нејзината свекрва и ѝ упатувала закани.
На 27.07.2026 во 20:00 часот на ул.„ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода 14-годишен малолетник од Гостивар. При контролата во сообраќајот бил сопрен четирицикл со гостиварски регистарски ознаки, кој го управувал, при што било констатирано дека го управува без возачка дозвола. Известен е инспектор за малолетници и по консултација со јавен обвинител четирициклот е одземен. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.О.(46) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 26.06.2026 во атар на с.Горно Трогерци, штипско, пријавениот со остар предмет упатувал закани кон Б.П..
На 27.07.2026 во 13:35 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево - Охрид, во близинја на с.Другово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(76) од Прилеп, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(41) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(48) од с.Грешница, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „цитроен“, С.Р.(79) од с.Грешница, кичевско, додека со телесни повреди се здобиле тројцата возачи и нивните сопатници Г.Р.(45) од с.Грешница, Ц.М.(76) од Прилеп, М.П.(34) и нејзините две малолетни деца, сите од Скопје, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(35) од тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 26.04.2026, пријаветиот агресивно се однесувал кон неговата сопруга и физички ја нападнал, а откако го пријавила настанот, продолжил преку пораки на телефон да и упатува закани.
На 28.07.2026 во 03:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христофер Жефаровиќ“ на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на сопственост на А.Р.(27) од Скопје. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгаснал пожарот, а повредени лица нема. Извршен е увид.
На 27.07.2026 во 22:20 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Д.Ј.(32) од струшкото село Лабуништа. Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со бела прашкаста материја, кое било пронајдени одземено. По целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.07.2026 во 21:15 часот на ул.„Туристичка“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Д.Т.(65) од Охрид. Тој, претходно, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и удрил во патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Б.(59) од Струга. По преземени мерки и извршени проверки, полициските службеници кај Д.Т. утврдиле 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
На 27.07.2026 во 05:25 часот, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода В.К.(29) од Велес. Таа со употреба на физичка сила и подесен алат влегла во домот сопственост на Ф.С. од Велес и се обидела да одземе предмети, но била спречена и фатена од полициските службеници. В.К. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.07.2026 во 20:35 часот на локалниот пат помеѓу струшките села Мислешево и Мороишта, полициски службеници го лишија од слобода Г.Џ.(48) од струшкото село Октиси. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него утврдиле 1,51 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 28.07.2026 во 05:25 часот на ул.„Кузман Капидан“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.Б.(38) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон член на неговото семејство, а подоцна агресивно се однесувал и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.07.2026 во 23:45 часот на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.С.(29) од Росоман. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.С. и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(38) од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на службени работи од областа на безбедноста“. На 30.05.2026 во атар на село Лабуништа, пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.
На 27.07.2026 во 17:10 часот на ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода С.К.(29) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и констатирале дека немал положено возачки испит. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесен кривична пријава против И.Р.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На ул.„Моша Пијаде“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед на возило, во кое тој се превезувал, при што бил пронајден и одземен кокаин.
На 27.07.2026 во 12:55 часот во СВР Куманово, М.Д. од Куманово пријавила дека во нејзиниот двор на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово забележала експлозивна направа. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а направата била безбедно подигната од Единицата за откривање и деминирање на експлозивни средства и направи при МВР за понатамошна обработка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.М.(45) од с.Самоилово, струмичко, В.М.(56) од с.Бориево, струмичко, К.Д.(22) и Д.Г.(37), двајцата од с.Банско, струмичко и А.Р.(50) од с.Грдовци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.05.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на четвртопријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, која што тој и останатите пријавени ја набавиле од петтопријавениот.
На 27.27.2026 во 18:00 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода К.К.(31) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со радовишки регистарски ознаки, кој го управувал К.К. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
На 27.07.2026 во 16:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.Ѓ.(51) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна поранешна сопруга дека физички ја нападнал на улица „Маршал Тито“ во Неготино. Според пријавеното, потоа пред неговиот дом физички ја нападнал и неговата 19-годишна ќерка и ѝ се заканувал. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Р.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.12.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.
На 27.07.2026 во 09:25 часот на улица „Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода И.Д.(41) од Велес. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фоксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.Д. и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Г.(35) од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На 21.03.2026 во с.Боговиње, пријавениот од Н.И. побарал да му исплати паричен износ од 5.000 евра, при што без негово знаење го снимил разговорот, а потоа му се заканувал дека ќе го објави, доколку паричните средства не му бидат исплатени.
На 27.07.2026 во 19:45 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ф.Д.(23) од Велес. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле мопед со велешки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувал пред да се стекне со право на управување. За настанот е известен јавен обвинител, а мопедот бил одземен. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.П.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.12.2025 во с.Кадино, скопско, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 27.07.2026 во 17:20 часот во село Војник, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Н.Б.(26) од Куманово. При сообраќаја контрола, полициски службеници запреле патничко моторно возило „фолксваген пасат“, при што било констатирано дека го управува и покрај тоа што имал активна забрана. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 27.07.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје, 71-годишна жена од Скопје пријавиla дека подолг временски период била следена од нејзиниот поранешен партнер З.Д. и покрај тоа што има изречени мерки од Основен граѓански суд Скопје, кои не ги почитувал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 27.07.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Н.Б.(33) од Скопје пријавил дека околу 11:40 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, во обид да го паркира товарното возило, кое го управувал, со ретровизор удрил едно лице, кое подоцна му го оштетило ретровизорот и физички го нападнало, при што употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.07.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, Д.Н.(42) од Скопје пријавила дека на 25.07.2026 околу 22:00 часот на подрачјето општина Аеродром во Скопје, нејзиниот малолетен син, бил физички нападнат од друг малолетник, а на 26.07.2026 на социјална мрежа му упатил закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.07.2026 во 21:45 часот на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Б.(31) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки, било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.К.(28) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 12.09.2025 на место викано „Соларна централа“, била извршен контрола во патничко возило кое го управувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
На 27.07.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека на подрачјето на Карпош во Скопје, нивен 13-годишен штитеник бил физички нападнат од Д.С.. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.
На 27.07.2026 во 06:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 26.07.2026 во 21:00 часот до 27.07.2026 до 06:30 часот во аптека на подрачјето на општина Петровец, едно лице влегло со употреба на погоден алат и физичка сила и одзел пари и други предмети. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 27.07.2026 во 15:50 часот во СВР Скопје, Е.Ч.(69) од Скопје пријавила дека на 25.07.2026 околу 17:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање околу имотно-правни односи, била физички нападната од С.К., со која биле во роднинска врска. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 27.07.2026 околу 12:15 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Б.(30) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршени проверки, било констатирано дека го управувал возилото, иако имал активна забрана за управување. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 27.07.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје, М.А.(34) од Скопје пријавила дека на 26.07.2026 околу 19:00 часот на пешачки премин, на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Велес поднесе кривична пријава против В.Д.(46) од Виница и З.Н.(49) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На место викано „Варница“, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „шевролет каптива“ управувано од првопријавениот, а како сопатник второпријавениот, при што биле пронајдени и одземени пушка и муниција од различен калибар.
На 28.07.2026 во 00:30 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Л.З.(33) од Скопје затоа што упатувал закани на неговата поранешна 41-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.К.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. На 04.05.2026, пријавениот следел и упатувал недолични зборови на женско лице од Тетово.
На 28.07.2026 во 00:55 часот на паркинг простор на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Т.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 55-годишана сопруга дека на 27.07.2026 околу 23:45 часот, по кратка расправија, физички ја нападнал во неговото патничко возило. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 28.07.2026 во 01:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар во Скопје има повредено лице со остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н.(24) од Скопје со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно од лицата со остар предмет му нанел убодна рана. Н.Н. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.07.2026 во 01:40 часот во СВР Скопје било пријавено во семејната куќа на Б.Ј.(37) и В.И., двајцата од Скопје, на подрачјето на Центар, Љ.Т.(40) од Скопје влегол со употреба на сила и физички го нападнал Б.Ј., а откако дошол брат му В.И., се обидел да скокне од прозорецот, но тие го спречиле. Љ.Т. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.