Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 27.07.2026

Извадок на дел од дневните настани 27.07.2026

На 26/27.07.2026 во 13:20 часот во Скопје, на различни локациии, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Л.М.(19), Л.А.(23), З.Б.(51), Ш.Б.(51), И.В.(45), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(42) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 01.03.2026 во атар с.Џепчиште, пријавениот со остри предмети упатувал закани на  З.М. и притоа му го оштетил тракторот.

 

На 25.07.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот с.Сопиште - с.Горно Соње, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(31) од с.Батинци, скопско и велосипед, управуван од М.Ј.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 27.07.2026 во 02:25 часот на ул.„Никола Карев“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Т.С.(52) од Виница. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,51% промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.К.(32) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “. На 07.03.2026, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „пежо“, кое го управувал пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин.

 

На 27.07.2026 околу 01:35 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Сремски Фронт“ со ул.„Солидарност“ во Штип, од отворен прозорец на патничко возило  „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Б.С.(22) од Штип, паднал сопатникот Н.А.(21) од Штип. Притоа, сопатникот Н.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во  Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Регионален центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против А.Д.(37) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На Граничен премин Деве Баир, пријавениот на увид приложил фалсификувана зелена карта за товарното возило кое го управувал.   

 

На 26.07.2026 во 14:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола - Пелистер, 41-годишната И.Ѓ. од Битола, управувајќи четирицикл, изгубила контрола и се превртела. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила  И.Ѓ., констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ј (32) од с.Чифлик, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На  23.08.2025 на кеј „Македонија“ во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот при што кај него и каде што престојувал во Охрид била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, полициски службеници извршиле претрес и во неговиот семеен дом во с.Чифлик, каде што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.   

 

На 26.07.2026 во 20:30 часот во СВР Тетово од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 27-годишниот М.З. од Тетово. Во разговор со полициски службеници, тој изјавил дека околу 19:00 часот во нивниот двор, неговиот чичко С.З.(61) од Тетово ненамерно го прегазил на ногата со патничко возило, кое го управувал наназад, при што се здобил со повредите. М.З. побарал да не се поднесува пријава затоа што било несреќен случај. Полициски службеници излегле на местото.

 

На 26.07.2026 во 22:20 часот и на 27.07.2026 во 01:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Ф.Б.(23) и И.М.(39), двајцата од Куманово, затоа што при преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.   

 

На 26.07.2026 во 13:10 часот во Маврови Анови, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го лишија од слобода Е.С.(18) од Гостивар. При сообраќајна контрола бил сопрен мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, кој го управуван, при што било утврдено дека го управувало нерегистриран и без возачка дозвола. Мотоциклот му бил одземен и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 26.07.2026 во 06.30 часот прд казино на ул.„Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Г.(28) од Словенија, постапувајќи по претходна пријава дека, во станот во кој престојувале во Охрид, агресивно се однесувал и физички ја нападнал неговата 21-годишна девојка. Од Основен суд Охрид му била определена мерка притвор во траење од осум дена и бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.   

 

На 26.07.2026 во 21:30 часот во с.Кривогаштани, општина Кривогаштани, полициски службеници лишија од слобода 16-годишен малолетник од с. Алданци, крушевско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле  возило „мерцедес”, кое го управувал малолетникот, при што било констатирано било дека го управувал без да поседува возака дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

На 26.07.2026 на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода В.А.(26) од село Копанце, општина Јегуновце, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот,  против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 27.07.026 во 00:05 часот на ул.„Кузман Јосифоски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Б.(39) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Б., при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола.  По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А.(45) од с.Чифлик, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста’’. На 09.04.2026, по претходна расправија, пријавениот упатувал закани на неговиот татко. По преземени мерки и извршен претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле пиштол „Зораки“ за кој не поседувал одобрение.

 

На 26.07.2026 во 11:00 часот на бул„Гоце Делчев“  во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Б.С.(35) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, управуван од Б.С., при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола.  По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

На 26.07.2026 во 19:45 часот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, во село Доброште, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишија од слобода Р.И.(53) од село Слатино, тетовско. При сообраќајна контрола било сопрено патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола.  Возилото му било одземено и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(25) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.06.2025, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него и во неговиот дом била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 26.07.2026 околу 22:00 часот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.М.(49) од с.Добрино, општина Зелениково. При сообраќајна  контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. 

 

На 26.07.2026 во 23:00 часот на улица „Браќа Блажевски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар лишија од слобода 16-годишен малолетник од Гостивар. Тој управувал нерегистриран мопед без положен возачки испит и учествувал во сообраќајна незгода. Мопедот му бил одземен и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М.(21) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед кај пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

 

На 26.07.2026 во 14:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 61-годишна мајка дека на 25.07.2026 околу 21:30 часот физички ја нападнал во семејниот дом. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.А.(42) од дебарското село Џепиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Тој, во текот на мај 2026 година, на катарстарска парцела во истото село во државна сопственост, спротивно на одредбите од Законот за градба и без одобрение издадено од надлежен државен орган, неовластено поставил бетонска подлога и ја оградил со метални шипки.

 

На 25.07.2026 во 17:52 часот во СВР Скопје, А.С.(59) од Скопје пријавила дека околу 17:40 часот во семејниот дом била физички нападната од М.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.07.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, М.К.(49) од Скопје пријавила дека околу 13:20 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, била физички нападната од едно женско и едно машко лице. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.Џ.(53) од кичевското село Зајас и против неговиот правен субјект со седиште во Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Тој, на катарстарска парцела во Кичево во државна сопственост, спротивно на одредбите од Законот за градба и без одобрение од надлежен државен орган,  неовластено изградил деловен објект. 

 

На 27.07.2026 во 00:15 часот во СВР Скопје, 25-годишен маж од Крива Паланка пријавил дека на 26.07.2026 околу 21:00 часот во станбена зграда во Скопје бил физички нападнат од неговата 31-годишна сопруга од Штип, со која бил во бракоразводна постапка. Подоцна, во 02:30 часот, 31-годишната жена пријавила дека на 26.07.2026 околу 21:00 во зграда во Скопје била физички нападната од нејзиниот 25-годишен маж. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.М.(27), А.Ѓ.(25) и И.К.(30), сите с.Сараќино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 13.04.2026 во угостителски објект во с.Сараќино, пријавените физички го нападнале Р.Ѓ..

 

На 26.07.2026 во 23:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Аеродром во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М.(25) и Ф.М.(23), двете од с.Кадино, скопско, од една страна и Г.М.(55) од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.З.(37) од с.Горно Седларце, тетовско,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.07.2025, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 26.07.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје, 55-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 18:10 часот во парк на подрачјето на општина Сарај, била физички нападната од нејзиниот партнер Г.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.07.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје, С.З.(58) од Скопје пријавил дека на 26.07.2026 околу 21:05 часот на бензинска пумпа на подрачјето на Чаир во Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од 17-годишник од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Мени за пристапност