На 25.07.2026 во 02:39 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Л.Ф.(42) од Романија. При пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека неговото патничко возило „волво“ со шведски национални ознаки, со кое допатувал, било предмет на меѓународна потрага распишана од Интерпол Стокхлом - Шведска. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 25.07.2026 околу 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Лука Геров“ и ул.„Лазо Димовски Ошенски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(19) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ѓ.(29) од с.Волково, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 25.07.2026 во 17:58 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Х.Т.(24) од Германија и А.А.(27) од Србија. При пасошка конрола, гранични проверки и преглед во возилото „хјундаи“б со германски национални ознаки, во кое биле сопатници, при преглед во личниот багаж на Х.Т. и кај него биле пронајдени и одземени марихуана и 34 банкноти од 50 евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Додека, кај лицето А.А. биле пронајдени и одземе4ни марихуана и шест банкноти од 50 евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.07.2026 во 11:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од регионален пат Скопје - Тетово и сервисна улица која ги поврзува регионалниот пат со с.Глумово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(59) од с.Шишево, скопско и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од К.Х.(46) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во констатирани во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 25.07.2026 во 20:30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода М.Б.(39) од Косово. При пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека се послужил со туѓа лична карта, односно наувид приложил лична карта на друго лице. Тој бил предаден на инспектори од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.С.(33) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,телесна повреда“. На 05.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот татко.
На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново“ во атар на с.Уланци, општина Градско, С.Л.(81) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 25.07.2026 во 22:30 часот на место викано „Емо" во Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода В.С.(37) од Македонски Брод. При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле возило „опел" со демиркаписки регистарски ознаки управувано од В.С., но тој продолжил со движењ со зголемена брзина. Набргу, по преземени мерки е фатен во центарот на Македонски Брод, при што констатирано дека го управувал управувал за време на активна забрана за управување возило од Б категорија. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.07.2026 околу 20:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Козјачка“ и ул.„Велко Стаменковски“ во с.Доброшане, кумановско, 30-годишната С.П. од с.Доброшане, управувајќи четирицикл со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и се превртела на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил нејзиниот петгодишен сопатник, додека со телесни повреди возачот и другиот осумгодишен сопатник, сите од с.Доброшане, констатирани во Општа болница во Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
На 25.07.2026 во 14:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во електрична потстаница Драчево, сопственост на Железници на Република Северна Македонија, во изминатите шест месеци била извршена тешка кражба, при што била уништена електроенергетска опрема и бил одземен е бакар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.07.2026 во 14:50 часот во Клинички центар Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.Р.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Претходно, во 12:45 часот неговиот 47-годишен татко пријавил дека, по претходна расправија помеѓу Е.Р. и неговата сопруга, тој се обидел да ги смири, при што бил физички нападнат од својот син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Ф.А.(32) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 11.07.2026 во семејниот дом, пријавениот агресивно се однесувал и упатил закани кон неговата мајка.
На 26.07.2026 во 01:28 часот на ул.„Славка Динкова“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.А.(54) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 2,08 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 25.07.2026 во 20:40 часот во СВР Скопје, М.И пријавил дека при вршење ископ во двор во с.Дељадровци, општина Илинден, пронашол три гранати. Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба и било констатирано дека гранатите се постари и корозирани со должина од околу 25 см и пречник 7см. Известена е Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.
На 25.07.2026 во 12:20 часот на регионалниот пат Тетово - с. Јажинце, во с. Непроштено, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Џ.С.(40) од с.Џепчиште, тетовско. Тој бил затекнат како управува товарно моторно возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки без возачка дозвола. Возилото било одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 25.07.2026 во 20:30 часот во село во општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Д.(24) од скопско село. Тој се сомничи дека околу 18:50 часот во селото, преку отворен прозорец на возилото „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ја фатил неговата 42-годишна мајка и со возилото ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото. Жената се здобила со телесни повреди и била пренесена во јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.07.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од Скопје пријавил дека во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 44-годишна сопруга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 26.07.2026 во 03:30 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(23) од с.Чучер Сандево, скопско. При контролата било утврдено дека тој го управува возилото без возачка дозвола, по што е лишен од слобода. Возилото било одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Ј.М.(30) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 14.07.2026 во семејниот дом, пријавениот упатувал закани кон неговата вонбрачна 31-годишна сопруга.
На 25.07.2026 во 14:17 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ настанал пожар во куќа сопственост на Б.М.(84) од Скопје, при што била зафатена кровната конструкција. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид.
На 25.07.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, О.А.(30) од с.Батинци, општина Студеничани, пријавил дека околу 12:30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 25.07.2026 во 21:40 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во Ургентен центар Гостивар со тешки телесни повреди била донесена А.А.(38) од с. Галате. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи во маркет во с.Врапчиште, гостиварско. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово, кој за кратко време починал. Според пријавеното, тој со неговата мајка бил на гости кај роднини во с.Сингелиќ, при што во еден момент му се слошило и паднал во бессознание. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обукција.
На 25.07.2026 околу 19:00 часот во СВР Скопје, 23-годишна девојка пријавила дека, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 40-годишен очув, кој употребил и пластичен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против Б.Д.(22), Т.Ј.(49), С.Д.(47), В.М.(36), Г.Т.(42) и М.Т.(21), сите од село Просениково, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, против Т.Ј. и Г.Т. поради сомнение дека сториле и кривично дело „противправно лишување од слобода“, против Б.Д. поради постоење на сомневање дека сторил и кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Пријавените, на 24.07.2026 околу 21:20 часот насилно влегле во домот на К.Ѓ. во село Сарај, струмичко и физички ги нападнале К.Ѓ., З.Ѓ., Р.Ѓ., В.Ѓ., Б.М., Б.Ѓ. и две малолетни лица, при што им нанеле повреди на телото, а во еден момент Т.Ј. и Г.Т. се обиделе против нејзина волја да ја земат Р.Ѓ. со нив. Б.Д., исто така агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои презеле службени дејствија за расчистување на случајот, при што физички нападнал и двајца од нив. Лицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. За време на настанот К.Ѓ. излегол на терасата од куќата и со ловечка пушка испукал два куршуми во воздух, па по документирање и на овој настан против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.07.2026 во 21:13 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишија од слобода Д.П.(67) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Д.П. и од извршеното мерење со дрегер било утврдено дека возилото го управувал со 0,54 промили алкохол во крвта. Од дополнително преземените мерки било констатирано дека тој возилото го управувал за време на изречена забрана за управување со моторно возило. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки возилото е одземено. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
На 25.07.2026 во СВР Струмица било пријавено дека во 17:30 часот во село Смолари, струмичко, S.Ѓ.(19) од село Дражево, струмичко, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.
На 26.07.2026 во 01:25 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.А.К.(26) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки, било констатирано дека го управувал возилото иако имал активна забрана за управување.
ОВР Кратово поднесе кривична пријава Е.М.Б.(41) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 16.07.2026 во с.Куклица, кратовско, пријавениот со употреба на физичка сиал и тврди предмети спречувал инспектори од Управата за јавни приходи додека извршувале службени задачи.
На 25.07.2026 во 20:25 часот на ул.„Методија Џунов Џикот“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.А.(59) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле мопед со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од К.А. и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека мопедот го управувал пред да се стекне со право на управување и со не продолжена полиса за осигурување. За настанот е известен јавен обвинител, а мопедот бил одземен. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.