Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 25.07.2026

Извадок на дел од дневните настани 25.07.2026

На 24/25.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.К.(20), Г.А.(27), Б.Б.(26), Б.Ц.(20), 16-годишен малолетник, сите од Скопје и О.С.(23) од Велес, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 24.07.2026 во 09:10 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Кичево, 61-годишниот В.В., управувајќи мопед со кичевки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево, при што е констатирано дека го управувал мопедот без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.07.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени хероин и семки од растението канабис.

 

На 24.07.2026 во 21:16 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Т.К.(50) од Република Грција. При пасошка контрола и гранични проверки било констѕатирано дека на увид приложил фалсификувана бугарска возачка дозвола. Известен е јавен обвинител, алицето било спроведено во Полициска станица Куманово и по целосно документирање нас лучајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 24.07.2026 во 23:40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар ги лишија од слобода Б.Д.(23) и Е.Д.(54), двете од Турција, со регуилиран престој во Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Двете биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 24.07.2026 во 16:50 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.А.(53) од с.Стримница, тетовско. Пријавениот, управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, не застанал на знак за запирање, даден од полициски слуижбеници, и со возилото удрил полициски службеник. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 24.07.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во коритото од селската чешма во с.Копаница, скопско, била пронајдена почината Ќ.А.(55) од с.Копаница, лице со здравствени проблеми. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.Ј.(31) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 14.07.2026 во семејниот дом, пријавениот упатувал закани кон неговите родители.

 

На 24.07.2026 околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар бил пронајден починат Р.Р.Ц.(43) од САД. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи  траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

 

На 24.07.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода К.Д.(19) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 25.07.2026 во 00:57 часот на ул.„Македонска Фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.С.(19)од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.С., при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,53 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.07.2026 во 03:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.С.(22) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, по кратка расправија, физички го нападнал неговиот 50-годишен татко. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.07.2026 во 03:25 часот на ул.„Никола Тесла“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.П.(35) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „бмв" со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.П., при што било констатирано дека го управувал со активна мерка забрана за управување на моторно возило. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.07.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б.(42) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 71-годишна мајка дека во семејниот дом, по кратка расправија, ѝ се заканувал и ја нападнал со остри предмети, по што ѝ нанел расекотина на раката, а потоа фрлал и кршел предмети во домот. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 24.07.2026 во 23:10 часот на крстосница од ул.„Архиепископ Доситеј“ со ул.„Ристе Секирчанец“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода П.К.(44) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „шевролет" со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.К., при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,40 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против О.С.(31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.07.2025 на паркинг простор кај вештачко езеро, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.   

 

На 25.07.2026 во 02:25 часот на регионален пат Тетово - с.Брвеница, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „хјундаи“ со скопски регистарски таблички, управувано од А.М.(45) од Тетово. При извршеното алкотестирање било измерено присуство на алкохол во крвта од 1,67 промили. Лицето е лишено од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобзирно управување со моторно возило“.

 

На 24.07.2026 во 22:20 часот во Полициското одделение во Македонска Kаменица, К.Ч.(39) од с.Моштица пријавила дека во 21:30 часот во Македонска Каменица, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 24.07.2026 во 14:05 часот во близина на село Бистрица, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес, го лишиле од слобода Ш.Н.(22) од село Гостиражни, прилепско. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ш.Н. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.С.(37) и Ј.Ш.(43) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.07.2026, полициски службеници извршиле претрес на патничко возило во кое биле пријавените, при што во возилото бил пронајден и одземен кокаин.  

 

Ноќеска (25.07.2026) во 02:00 часот на бул.„Гевгелија“ во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.К.(46) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај полициски службеници запреле патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.К. и од извршеното мерење со дрегер било утврдено дека тој возилото го управува со 1,63 промили алкохол во крвта. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот против Г.М. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а - „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

На 24.07.2026 во 23:55 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода А.Н.(21) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мотоцикл со радовишки регистарски ознаки, кој го управувал А.Н. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

 

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против И.С.(26) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 20.07.2026 на Граничен премин Табановце, пријавениот на увид приложил фалсификувана возачка дозвола.    

 

На 25.07.2026 во 01:50 часот на ул.„13 Август-Охридски договор“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(25) од с.Брест, скопско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 24.07.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 10:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 42-годишен сопруг. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 24.07.2026 во 21:00 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода И.Г.(42) од Кочани. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со беровски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува возилото без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 24.07.2026 во 14:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.С.(39) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна поранешна партнерка, дека подолг период ја следи и вознемирува, а на нејзиниот малолетен син упатувал пораки со навредлива и невистинита содржина, со што не ја почитувал одлуката од Основниот суд Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.07.2026 во 01:04 часот на ул.„Методи Мицевски Брицо“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.А.(41) од Виница. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со шведски национални ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1,65 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 24.07.2026 во СВР Скопје било пријавено дека околу 17:05 часот во с.Средно Коњари, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Б.(21) и М.Б.(43), двајцата од с.Средно Коњари. По целосно расчистување на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 25.07.2026 во 01:00 часот на ул.„Драчевска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Н.(24) од Скопје. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека го управувал возилото, без да поседува возачка дозвола, а по извршен алкотест било констатирано дека има и 0,71 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 24.07.2026 во 15:50 часот во  СВР Скопје, В.Л.(26) од Скопје пријавил дека околу 10:20 часот на паркинг простор на Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.

 

На 24.07.2026 во 22:10 часот на ул.„Антон Попов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(30) од Скопје. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 24.07.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, С.П.(42) од Скопје пријавила дека околу 17:20 часот, по претходна расправија, била физички нападната од Б.Р., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 24.07.2026 во 17:10 часот на ул.„Маџари“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.М.(40) од Скопје. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 25.07.2026 во 01:12 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет на градниот кош бил донесен 15-годишник од Скопје. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека бил повреден  во населба Гази Баба од малолетник кој го познавал и дека бил повреден при игра без намера да се повредат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 24.07.2026 во 21:30 часот на Брњарски пат, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Х.(20) од с.Арачиново, скопско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Мени за пристапност