Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 24.07.2026

Извадок на дел од дневните настани 24.07.2026

 

Денеска (24.07.2026) во 00:20 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Т.П.(40) и А.П.(40), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО Дебар, поднесе кривична пријава против А.Ш. и А.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Првопријавениот А.Ш., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато, во текот на 2025 година на мопед со швајцарска сообраќајна дозвола, за кој не била спроведена царинска постапка и за кој не поседувал друга документација за да го управува во сообраќај во државата, поставил македонска регистарска табличка од друг мопед. Потоа, мопедот го продал на второпријавениот граѓанин А.П., кој бил запознаен дека мопедот не поседува друга документација. На 18.06.2026, полициски службеници го запреле и му го одзеле мопедот со сообраќајната дозвола. Одделот за внатрешна контрола против А.Ш. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.  

 

На 23.07.2026 во 08:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„8“ во нас.Илинден, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(42) од Илинден, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(18) од Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(32) од с.Миладиновци, скопско и патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.С.(51) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „тојота“ и неговата сопатничка Р.К.(65) од Скопје, додека со телесни повреди другата сопатничка Т.К.(36) од Скопје, како и возачот на возилото „фолксваген голф“ и неговиот 17-годишен сопатник од Скопје и 32-годишната Н.В. од патничкото возило „цитроен“, констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје и Градска општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 23.07.2026 околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Вашингтонска“ во Скопје, 62-годишниот Р.О. од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со белгиски национални ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во ограда на двор и во пешакот Ј.Д.(44) од Скопје, а потоа во две паркирани возила во дворното место - патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, паркирани од Ј.Д.. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди возачот Р.О., констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ и Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.К.(69) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ”. Пријавениот,  со намера да ја скрие вистинската причина за вадење на нова сообраќајна дозвола, дал лажна писмена изјава дека неговата  сообраќајна дозвола му е изгубена, иако претходно му била претходно одземена од инспектор за патен сообраќај од Град Скопје при вршење на редовен инспекциски надзор.

 

На 24.07.2026 околу 01:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје - Граничен премин Долно Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со косовски национални ознаки, управувано од К.Ц.(33) од Косово и патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, управувано од С.Ј.(61) од Косово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „фолксваген голф“, С.Ј.(54) и Е.Ј.(20), додека со телесни повреди сопатниците од возилото „фолксваген голф“ Б.Х.(23) и Б.И.(35), сите од Косово, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. По наредба на јавен обвинител, возачот на возило „киа“, К.Ц. ќе биде лишен од слобода по излегување од болница. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Ѓ.А.(51) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 31.05.2026 на ул.„Македонска“ во Виница, пријавената со употреба на физичка сила спречувала полициски службеник во извршување на службени дејствија.

 

На 23.07.2026 во 03:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Крушеани, прилепско, 54-годишниот Г.М. од с.Крушеани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, при што било констатирано дека Г.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.Г.(48) од беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.05.2026 во Берово, пријавениот агресивно се однесувал и се обидел со остар предмет да нападне полициски службеници кои извршувале работни задачи. 

 

На 24.07.2026 во 00:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул„Прва македонска ударна бригада“ во Охрид, 15-годишен малолетник од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот и неговата 17-годишна сопатничка од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Б.С.(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во ноември и декември 2025 година, пријавената неовластено набавувала амфетамин и го препродавала на корисници во Битола, а при преглед кај неа бил пронајден и одземен амфетамин.

 

На 23.07.2026 во 08:01 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Брвеница, тетовско, патничко возило удрило во 22-годишниот К.Ј. од с.Брвеница и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

 

На 23.07.2026 околу 12:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Илинденска“ во Тетово, 50-годишниот Е.С. од Тетово, управувајќи мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Т.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 27.06.2026 на Градски стадион во Штип, за време на одржување на музичка манифестација, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

 

На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР Кочани, од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Ј.(55) од Кочани, вработен во ЈКП „Водовод“ Кочани. Според пријавеното, Т.Ј. се здобил со повредите при пад од висина околу 08:00 часот на ул.„Лазар Андонов“ во Кочани додека извршувал работни задачи на мостот на Кочанска река. За настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Џ.(22) од Штип и Д.С.(22) од с.Псача, општина Ранковце, кривопаланечко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“. На 02.07.2026, пријавените во Штип се обиделе да влезат во домот на 85-годишна жена во Штип, претставувајќи се како полициски службеници, но биле спречени и пријавени од сосетка, која се посомневала во нивната намера. Набргу потоа, тие биле пронајднеи и лишени од слобода.   

 

На 23.07.2026 во 15:20 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода У.Ј.(71) од Турција. При гранична контрола полициските службеници констатирале дека У.Ј., кој допатувал со товарно возило „даф“ со турски национални ознаки, го управувал возилото со активна мерка за забрана на моторно возило од „Ц“ и „Е“ категорија на територија на државата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон. Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна заедница, пријавениот неколку пати извршил обљуба врз неа иако знаел дека немала наполнето 15 години. Тој е лишен од слобода, задржан е во просториите на Полициската станица Радовиш и во текот на денот ќе биде изведен пред судија од Основен суд Струмица.

 

На 23.07.2026 во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Р.(38) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 62-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот дом и ѝ го скршил мобилниот телефон, а откако успеала да побегне од домот фрлал тврди предмети по неа. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Т.Р. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,54 промили алкохол во крвта.  Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Т.(47) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“. Пријавениот, во својство на управител на правно лице од с.Новаци, на 29.05.2023 и на 29.12.2023 склучил договори за привремено вршење на услуги во однос на јавни набавки за вкупен период од 19 месеци со вработена на која работниот однос во правното лице било со решение за мирување на работен однос од 02.05.2023, и покрај тоа што во правниот субјект биле вработени две лица со валидни сертификати за лица за јавни набавки. На тој начин пријавениот го оштетил буџетот на правниот субјект во износ од 549.060 денари.

 

На 23.07.2026 во 11:45 часот во село Ињево, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Н.С.(70) од истото село. Според пријавеното, тој околу 10:30 часот во неговото дворно место запалил отпад и предизвикал пожар кој се проширил и во дворното место на соседната куќа, сопственост на М.С.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ф.Д.(23) од с.Франгово, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 30.06.2026 на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал А.М.(21) од с.Делогожди, при што му нанел тешки телесни повреди.

 

Денеска (24.07.2026) во 01:10 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.Б.(20) од Штип. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле мотоцикл со штипски регистарски ознаки, при што било констатирано дека М.Б. го управувал мотоциклот пред да се стекне со право за управување на возило. По целосно документирање на случајот  ќе следува соодветна пријава.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(46) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.06.2026 во Гостивар, на работното место на неговата 46-годишна сопруга, пријавениот ѝ упатувал закани нејзе и на нејзиниот татко.

 

На 24.07.2026 во 00:40 часот на ул.„Вон Вардарска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Т.Ј.(33) од с.Челопек, тетовско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 28-годишна вонбрачна партнерка дека околу 00:40 часот физички ја нападнал по кратка расправија,. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во 2025 година, пријавениот набавувал и препродавал марихуана на корисници во Битола, а при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 23.07.2026 во 20:15 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 61-годишен жител на струмичко село. Според пријавеното, тој околу 17:20 часот во струмичко село агресивно се однесувал кон неговата 58-годишна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Денеска (24.07.2026) во 01:40 часот на ул.„Кеј на револуцијата“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода З.С.(53) од Кочани. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, при што било констатирано дека З.С. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили во крвта. По целосно документирање на случајот  ќе следува соодветна пријава.

 

На 23.07.2026 во 14:40 часот во с.Зелениково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од с.Страхојадица, скопско. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген бора“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 24.07.2026 во 04:50 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода С.О.(49) од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 43-годишна сопруга дека агресивно се однесувал кон неа и нивните деца во семејниот дом, а физички го нападнал неговиот 20-годишен син, при  што употребил остар предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

На 23.07.2026 во 20:30 часот во село Пирава, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода Б.М.(34) од село Калково, валандовско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Б.М. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

 

На 23.07.2025 во 23:10 часот на ул.„Сутјеска“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Н.Е.(19) од Штип. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле мопед со штипски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Н.Е. го управувал мопедот пред да се стекне со право за управување на возило. По целосно документирање на случајот  ќе следува соодветна пријава.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Н.А.(44), З.П.(46) и Г.П.(40), сите од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, ,,пустошење на шуми” и „кражба”. Во периодот од јануари 2025 до 21.08.2025, Г.П., сопственик на повеќе приватни парцели, заедно со негов роднина и вработен во неговата пилана вршеле нелегална сеча на дрва, стебла кои од вработени во Шумсто стопанство „Малешево“ биле обележувани со дознака за сеча по давани насоки од Н.А., во својство на шумски инженер и тогашен директор на ШС „Малешево“ - Берово. Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово, при контрола на теренот, во парцели во државна сопственост, кои се во непосредна близина на приватните парцели на Г.П., пронашле бесправно исечени стебла, додека двајца референти ги жигосувале трупците како да биле исечени од приватните парцели на Г.П. и на тој начин ги легализирале, им издавале соодветна документација, која З.П. ја дистрибуирал до крајните потрошувачи. Во пилана во с.Владимирово, полициски службеници ги затекнале Г.П. и З.П. како растовараат две тракторски приколки натоварени со борови стебла кои потекнуваат од опишаното дејствие .     

 

На 23.07.2026 во 21:55 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Л.(26) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговата 23-годишна поранешна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (24.07.2026) во 01:15 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.И.(22) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат леон “ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Н.И. го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 23.07.2026 во 18:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Г.(70) од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот упатувал закани кон неговата 65-годишна сопруга и кршел предмети од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 23.07.2026 во 10:45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на автопатот во изградба Кичево-Охрид, помеѓу кичевските села Извор и Попоец, С.Ј.(25) од Индија, кој работел на изградба на автопатот, управувајќи товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел со возилото. Тој со медицинско возило е пренесен во Општа болница во Кичево, а увид на местото на настанот извршија полициски екипи. ОВР Кичево во соработка со јавен обвинител и други надлежни институции работи на целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок.

 

Денеска (24.07.2026) во 03:00 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Д.(24) од Скопје. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека И.Д. го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 24.07.2026 во 03:00 часот во СВР Скопје, Ф.Д.(34) од Скопје пријавил дека на 23.07.2026 околу 21:30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од И.А. и уште три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.07.2026 во 20:30 часот на ул„Октомвриска“  во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.А.(28) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген голф”со прилепски регистарски озанки, управуван од А.А., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 23.07.2026 во 12:45 часот на локален пат с.Студеничани– с..Морани, скопско,  полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 17-годишник од с.Студеничани. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 24.07.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје Н.Д.(24) од Скопје пријавил дека на 23.07.2026 околу 23:40 часот во паркот во населбата Драчево бил физички нападнат од М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.Д.(52) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“, „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „телесна повреда“. На 26.06.2026 во семејната куќа, по кратка расправија, пријавениот со остар предмет упатувал закани на неговите синови, а притоа оштетил и дел од покуќнината.   

 

На 23.07.2026 во 21:00 часот на ул. „Антон Димитров“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.К.(34) од Скопје. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека М.К. го управувал возилото нерегистрирано и пред да се стекне со право за управување на возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

На 23.07.2026 околу 00:50 часот во СВР Скопје, А.К.(61) од Скопје пријавил дека на 22.07.2026 околу 20:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од З.З.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 23.07.2026 во 19:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.В.(47) од Куманово затоа што физички ги нападнал неговите сопруга и син. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 23.07.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.З.(26) од Скопје пријавила дека околу 14:30 часот на подрачјето на Центар, додека се движела со нејзиното возило едно лице кое управувало мотоцикл за вршење на достава ѝ се доближило и агресивно се однесувало кон неа, по што почнало да ја следи. Откако застанала на семафор се обидел да ја отвори возачката врата, но откако не успеал ѝ го оштетил возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.     

 

На 23.07.2026 во 20:30 часот на ул„Трајко Николоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.М.(46) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мотоцикл со прилепски регистарски озанки, управуван од И.М.. при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 23.07.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, Ф.В.(46) од Скопје пријавил дека на 22.07.2026 околу 15:00 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од соседите Ќ.И.(58) и С.И.(25), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Р.(70) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’’. На 07.11.2025, полициски службеници извршиле претрес во неговата куќа во село Будимирци, општина Новаци, при што биле пронајдени и одземени 42 куршуми боева муниција.

 

На 23.07.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје, Е.Ф.(65) од скопско пријавил дека кај Момин Поток бил физички нападнат од Ф.Л..  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.07.2026 во 21:57 часот на регионалниот пат Охрид – Струга, во близина на струшкото село Мислешево, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ѓ.Л.(38) од струшкото село Драслајца. При контрола во патниот ссообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Мицубиши“ со струшки регистарски ознако,  кое го правувал и притоа кај него констатирале 1,92 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по насока на јавен обвинител одземено му е возилото. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување моторно возило“.

 

На 23.07.2026 околу 20:30 часот во СВР Скопје И.Ш.(34) од скопско пријави дека на влез за с.Бојане, скопско, едно лице му се заканувало со огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 23.07.2026 во 23:45 часот во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишија од слобода А.А.(36) и С.А.(31), двајцата од Прилеп. Според пријавеното, во ОВР Ресен малолетничка побарала помош затоа што била физички нападната од нејзината мајка С.А. и очувот А.А. по што се здобила со повреди. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.  

Мени за пристапност