Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

01.08.2026 Извадок на дел од дневните настани

01.08.2026 Извадок на дел од дневните настани

01.08.2026 Извадок на дел од дневните настани

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.А.(33) и С.Б.(22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.07.2026, полициски службеници извршиле претрес кај пријавените на две локации, при што биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А.(41) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 18.07.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол, рамка и муниција, за кои не поседувал соодветна документација. 

 

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против С.С.(35) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“. На 21.07.2026 на Граничен премин Богородица, полициски службеници сопреле патничко возило „ауди а5“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од пријавениот. При извршен преглед во возилото, биле пронајдени пет мигранти од Авганистан, а утврдено е и дека регистарските таблички биле од друго патничко возило.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда’’ и „загрозување на сигурноста“. На 19.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му упатувал закани.

 

На 01.08.2026 во 02:20 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.М. од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава од А.С. дека во Прилеп бил физички нападнат од З.М., кој, исто така, со остар предмет упатувал закани кон пријавителот. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 31.07.2026 полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода М.В.(50) од село во близина на  Македонски Брод, поради сомнение дека во повеќе наврати извршил полови дејствија врз 20- годишна девојка (лице со здравствени проблеми) од истото село. Од страна на судија на претходна постапка, на М.В. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

На 31.07.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.Х.(32) од Струмица. Тој во 20:30 часот на ул. „Маршал Тито“ во Струмица бил запрен, откако претходно управувал патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на Ц.Б. од Струмица, за кое на 31.07.2026 во Полициската станица Струмица Ц.Б. пријавил дека му е одземено пред семејниот дом во Струмица. Возилото е вратено на сопственикот, известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 31.07.2026 во 15:53 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионален пат Куманово- Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(20), удрило во деветгодишно девојче, двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Општа болница Куманово. Известен е јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 01.08.2026 во 00:06 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа Г.В.(42) од Куманово. Тој се сомничи дека на улица „Босанска“ во Куманово, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал А.М.(26) од Куманово. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 01.08.2026 во 00:20 часот во СВР Куманово 74-годишен маж од Куманово пријави дека, претходниот ден во семејната куќа во Куманово, неговиот син Б.Н. се однесувал агресивно и упатувал закани кон него и неговата сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.08.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода У.С.(26) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на кејот во Кавадарци, тој физички ја нападнал неговата 16-годишна партнерка од Кавадарци. Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи, земена е пријава од малолетничката, а У.С. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 31.07.2026 во 07:30 часот, во СВР Охрид приведени се Н.Ш.(42) од струшкото село Калишта, Ј.Ц.(45) од Лесковац, Република Србија и Н.Б.(30) од Крушевац, Република Србија, по претходна пријава дека пред угостителски објект во Охрид, во алкохолизирана состојба го нарушиле јавниот ред и мир. Од преземените мерки, констатирано е дека помеѓу двете српски државјанки се случила физичка пресметка по што, Н.Ш. физички ја нападнал Н.Б.. По извршено алкотестирање, кај двете констатирани се 2,21 односно 2,18 додека кај Н.Ш., биле регистрирани 1,52 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 31.07.2026 во 15:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на бул. „Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 65-годишната Б.М.  и електричен мопед, управуван од К.Н.(28), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Н., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид. 

 

На 31.07.2026 во 17:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид била донесена А.Г.Б.(38) од Шведска, со тешки телесни повреди, здобиени при слетување со параглајдер, што го управувало лице од охридска параглајдинг компанија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следи соодветен поднесок.

 

На 31.07.2026 во 15:40 часот во Кичево од слобода е лишен А.И. (34) од кичевско село, по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал неговиот малолетен син. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 31.07.2026 во 14:15 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионален пат  Гостивар-Тетово, поточно  во село Долно Палчиште, општина Боговиње, мотоцикл „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ј.А.(45) од с. Долно Палчиште удрил во пешакот М.М. (56) од с.Боговиње, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле  возачот и пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.  За настанот е известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

 

На 31.07.2026 во 17:00 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – Јажинце, во с. Порој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило кое го напуштило местото на настанот и велосипед управуван од М.С. (30) од Тетово. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото, а по овластување на јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

 

На 31.07.2026 во 16:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на 28.07.2026 околу 14:30 часот, Н.М. физички и со остар и дрвен предмет ги нападнал својот брат А.М. и неговата сопруга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 01.08.2026 во 01:30 часот, полициски службеници од ПО Чегране го лишија од слобода С.Д. (26) од гостиварско, кој бил пријавен од неговиот 53-годишен татко дека околу 00:30 часот насилно се обидел да влезе во семејниот дом и потоа физички го нападнал. С.Д. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

 

На 01.08.2026 во 01:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во Тетово го лишија од слобода Е.У. (22), кој бил пријавен од неговата 25-годишна сопруга од Тетово. Таа, во присуство на социјален работник, пријавила дека нејзиниот сопруг Е.У., со кого не живеат заедно, околу 21:00 часот дошол во нејзиниот стан, упатувал навреди и без нејзина согласност го зел нивното тримесечно бебе. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 31.07.2026 во 12:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул. „Братство-Единство“ во Струга, патничко возило „сузуки“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Т. (62) од Струга удрило во 71-годишната Р.К. од с. Мислодежда, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.К., констатирани во Медицински центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

 

 

На 01.08.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје, А.П.(61) од Скопје пријави дека на 31.07.2026 околу 22:45 часот во градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од две лица, при што му одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.08.2026 во 02:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Крсте Асенов“ во Скопје, било опожарено патничко возило „фолксваген кеди“ со косовски национални ознаки. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од сопственикот и соседите. Извршен бил увид.

 

На 31.07.2026 во 14:10 часот во Полициското одделение Мирковци е пријавено дека на место викано „Голиово“ во село Горно Оризари, скопско, настанал пожар во помошна просторија  во двор од викенд куќа, во сопственост на Д.Ц.(40) од Скопје. Пожарот се проширил во дворот и на соседната викенд куќа. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 31.07.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, С.Н.(53) од с.Катланово, скопско, пријави дека околу 21:20 часот на раскрсница на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, заталкано зрно од огнено оружје му го оштетило прозорецот од неговото патничко возило „фолксваген артеон“ со германски национални ознаки. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 31.07.2026 во 12:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.П.(72) од Скопје, по претходна пријава дека околу 10:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 63-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

На 30.07.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од Скопје пријави дека во временски период од 2020 година до денот на пријавата, пријавителот и неговата сопруга биле вознемирувани преку лажни профили на социјална мрежа од поранешниот партнер на неговата сопруга- В.А.(37) од Скопје.  На 31.07.2026 полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со В.А. и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 31.07.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје, Ф.А.(23) од с.Огњанци, скопско, пријави дека на 31.07.2026 околу 04:30 часот се здобил со тешки телесни повреди, додека извршувал работни задачи во магацин на бензинска станица на подрачјето на Гази Баба. За настанот е известен трудов инспектор.

 

На 31.07.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(43) од с.Стајковци, скопско, пријави дека околу 15:30 часот во двор од неговата семејна куќа заталкано зрно од огнено оружје удрило во паркирана приколка за кола. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 31.07.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, Е.С.(18) од Скопје пријави дека на 29.07.2026  во временски период од 10:00 часот до 11:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, за време на собир на граѓани му бил одземен мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 01.08.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје, А.И.(27) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот во градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 01.08.2026 во 02:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна вербална расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.К.(48) и 41-годишната Г.И. од една страна и А.К.(32) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. 

 

Мени за пристапност