На 01.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Ќ.(18) од Скопје, Д.Р.(32) од с. Р`жаничино. скопско и Е.Х.(19) од Белгија, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 01.08.2026 во 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“, во близина на наплатна рампа Глумово, во правец кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(35) од с.Порој, тетовско, мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(45) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П.(43) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле тројцата возачи, констатирани во Клинички центар Тетово и ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 01.08.2026 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, мопед управуван од малолетник удрил во пешакот А.Ч. (84), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ч., а со телесни повреди се здобиле возачот и неговата малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 01.08.2026 во 18:30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.Б.(49) од Р.Србија, кој допатувал со патничко возило „рено“ со српски национални ознаки, поради тоа што при гранична контрола на увид приложил фалсификувана возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.08.2026 во 18:10 часот во СВР Скопје, од Казнено- поправната установа Затвор Идризово e пријавено дека при влез во установата, бил извршен претрес врз осуденикот Р.Е.(28) од Скопје, кој се вратил од отсуство и кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.08.2026 во 01:15 часот на ул.„Крушевска Република”, пред Градскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.М.(31) од Прилеп, бидејќи го нарушувал јавниот ред и мир . По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.08.2026 во 14:00 часот во СВР Битола И.Г.(46) од Битола пријави дека неговата малолетна ќерка во Битола била физички нападната од нејзиниот дедо П.Д.(78). Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 01.08.2026 во СВР Битола е пријавено дека во Казнено- поправната установа Затвор Битола при претрес на осуденото лице В.Р.(43) од Битола, била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.08.2026 во 21:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.О.(29) од с.Драчевица, скопско. При сообраќајна контрола на ул. „Бранко Заревски“, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Љ.О. го управувал возилото нерегистрирано и пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 02.08.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје, Б.Р.(24) од Скопје пријави дека на 01.08.2026 околу 21:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, тој и неговата 37-годишна партнерка од Кратово биле физички нападнати од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.08.2026 во 21:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Р.А.(33) од Кочани. При сообраќајна контрола на ул. „Тодосија Паунов“, полициските службеници сопреле мотоцикл со кочански регистарски ознаки, при што било констатирано дека Р.А. го управувал мотоциклот без возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител, а мотоциклот е одземен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 01.08.2026 во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина на Граничниот премин Богородица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.З.(57) од Скопје, патничко возило „пасат“ со српски регистарски ознаки, управувано од С.М.(44) од Србија и патничко возило „шкода октавија“, управувано од А.Д.К.(43) од Романија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
На 01.08.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Н.В.(21) и Ѓ.П.(21), двајцата од село Куклиш, струмичко. При преглед кај нив била пронајдена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.08.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа А.К.(35) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден, околу 16:00 часот упатувал закани кон вработени во Итната медицинска помош Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 01.08.2026 во 17:15 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода Б.М.(44) од кратовско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.08.2026 во 23:49 часот на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Г.П.(58) од Ранковце. При сообраќајна контрола запрено е патничко моторно возило „хонда“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал Г.П. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,51 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.08.2026 во 02:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Д.(27) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 01.08.2026 во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода М.Н.(34) од кратовско село, вработен како полициски службеник во МВР, поради сомнение дека на 01.08.2026, во период кога не бил службено ангажиран, во близина на угостителски објект во Кратово испукал повеќе куршуми од неговиот службен пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.08.2026 во 22:06 часот, во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека кај нив биле донесени две повредени лица од сообраќајна несреќа. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека во с. Дебреше, во близина на основното училиште, четирицикл без регистарски таблички, управуван од 14-годишник од с. Чегране, а како сопатник бил 13- годишник од с. Дебреше, излетал од патот. Двајцата малолетници се здобиле со тешки телесни повреди. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 01/02.08.2026, во времето од 23:30 до 02:45 часот, на различни локации во Велес, полициски службеници од СВР Велес, ги лишија од слобода Џ.С.(37), В.И.(27) и Х.М.(29), сите од Велес. При преглед кај Џ.С. била пронајдена и одземена грутчеста материја и четири капсули тромадол, кај В.И. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Х.М. марихуана. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 02.08.2026 во 01:10 часот ,на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Р.(47) од Струмица. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Р. и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
На 01.08.2026 во 10:25 часот во СВР Велес, С.У.(28) од Велес, пријави дека во дворот од нејзиниот дом, дошол нејзиниот брат И.У.(45) од Велес и физички ја нападнал. По документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.08.2026 во 19:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода М.А.(29) од село во неготинско, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 50-годишен татко, дека во семејниот дом, откако М.А. со остар предмет си нанел повреда, физички го нападнал пријавителот и му се заканувал со остар предмет. По извршени проверки било констатирано дека М.А. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.08.2026 во 11:30 часот во СВР Штип e пријавено дека во с.Сарчиево, штипско, настанал пожар на нискостеблеста вегетација, при што огнот зафатил трло, склад со бали, мисирки и др., во сопственост на Р.Ј.(53) од Штип. Повредени лица нема, а од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое, според пријавеното, во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.08.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена од Скопје пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината 59-годишна ќерка биле физички нападнати од 15-годишниот внук, кој имал здравствени проблеми. Малолетникот е пренесен во здравствена установа и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.08.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од скопско, пријави дека на 30.07.2026 околу 22:00 часот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен 53-годишен партнер М.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.08.2026 во 08:30 часот во СВР Скопје, 72-годишна жена од Скопје пријави дека на 31.07.2026 околу 20:10 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош, била физички нападната од З.Ј. (63)- син на нејзиниот поранешен сопруг, кој оштетил дел од покуќнината и одзел два мобилни телефони. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.08.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, К.А.(36) од с.Марино, скопско, пријави дека околу 22:30 часот во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од соседот Н.С.(39). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.08.2026 во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, С.О. (32) од Скопје бил нападнат со тврд предмет од К.Ѓ.П.(36) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.08.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје, Л.Д.(65) од с.Мирковци, скопско, пријави дека околу 15:00 часот пред продажно место во с.Побожје, скопско, бил физички нападнат од В.Н. од с. Кучевиште, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.08.2026 во 18:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Волково, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.С.(75) од с.Волково и 36-годишната М.М. од Скопје, со престој во истото село. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 01.08.2026 во 22:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.С.(32) и Б.М.(67), двајцата од Скопје., при што Н.С. употребил тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.08.2026 во 16:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:00 часот настанал пожар во кујна за готвени јадења, во склоп на маркет на подрачјето на Центар. Повредени лица нема, а огнот е изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 02.08.2026 во 02:45 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, од страна на полициски службеници од ОВР Струга од слобода е лишен косовскиот државјанин К.Е.Б.(20), кај кого полициските службеници при преглед, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.08.2026 во 03:20 часот, на улицата „Стојан Сандески“ во Кичево, од страна на полициски службеници од ПС Кичево од слобода е лишен М.Ц.(42) од Кичево, по претходна пријава дека во семејниот дом физички нападнал членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.08.2026 во 10:45 часот во Охрид, од страна на полициски службеници од СВР Охрид од слобода е лишен 48-годишен маж од Охрид затоа што во деловно-продажна просторија од куќата физички ја нападнал неговата сопруга, која пак претходно физички ја нападнала вработената во објектот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.08.2026 во 09:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Охрид, кај клучката за кичевското село Другово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.У.(38) од Кичево и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(22) од Скопје. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот Ш.У. и сопатникот Ш.У. (62) од селото Другово, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, додека сопатничката во возилото „голф“ М.У.(66) од с. Другово и сопатничката во возилото „пежо“ М.Ч.(21) од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. Увид на местото на несреќата изврши екипа од ОВР Кичево.
На 01.08.2026 во 15:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Гостивар, во близина на Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „митсубиши“ со молдавски национални ознаки, управувано од П.А.(39) од Молдавија, патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(45) од Скопје и патничко возило „опел корса“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.А.(29) од кичевското село Зајас. Притоа, Р.С. се здобил со тешки телесни повреди, а А.А. со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. Увид на местото на несреќата изврши екипа од ОВР Кичево.
На 01.08.2026 во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано возило вперил пиштол кон Г.К.(51) од Скопје, кој престојувал во истата зграда. Потоа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени дозвола за оружје, пиштол „застава“, пушка „застава“ , куршуми и резервни делови. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.