На 02.08.2026 во ОВР Неготино, било пријавено дека околу 19:40 часот на регионален пат Кавадарци - Неготино, поточно кај место викано „Антените“, патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната А.К. од Кавадарци, изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.К., констатирани во Општа болница Кавадарци. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.
На 02.08.2026 околу 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје С.М.(22) од Скопје додека управувал мопед изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М.(21) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 02.08.2026 година во 16:15 часот, на регионалниот пат Охрид - Св. Наум, кај крстосницата кон туристичката населба „Св. Стефан“, случена е сообраќајна незгода помеѓу моторцикл управуван од И.А.(63) од струшкото село Октиси, автомобил „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управуван од К.С.(44) од Скопје и паркиран автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Ф.А.(52) од Охрид. Притоа, моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.
На 02.08.2026 во 18:30 часот во ОВР Ресен од страна на доктор од Здравствен дом Ресен било пријавено дека на место викано „Планинче“, атар на с.Јанковец, ресенско четирицикл марка „линхаи“ со ресенски регистарски ознаки управуван од Н.Т.(46) од с. Јанковец и сопатници Д.К.(28) од с. Јанковец и 9 - годишен малолетник од с. Базерник, Демир Хисар изгубил контрола и се превртел. Од страна на доктор кај возачот и малолетникот биле констатирани тешки телесни повреди, а кај сопатникот Д.К. биле констатирани телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Ресен.
На 02.08.2026 околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.Б.(62) од Скопје и патничко возило „фолксваген шаран“ со швајцарски национални ознаки управувано од М.Ј.(41) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Р.(38) од Скопје, а со телесни повреди се здобил Д.Р.(40) од Скопје, двајцата сопатници од возилото „фолксваген шаран“ констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 03.08.2026 околу 00:10 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионалниот пат од Овче Поле кон Свети Николе Ј.К.(35) од Свети Николе додека управувал мотоцикл „сузуки“, а како сопатник се превезувал Х.К.(36) од Свети Николе истиот паднал на коловозот, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот и се упатил кон ЈЗУ Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот констатирани во Клиничката болница Штип, по што бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошно лекување. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.
На 02.08.2026 година во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Железничка“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Куга“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од с. Чегране, кој удрил во пешак, четиригодишно дете од Скопје. Во сообраќајната незгода детето се здобило со тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош е пренесен во Комплексот клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 03.08.2026 во 02:15 часот во ПС Гостивар, 80-годишен татко од с.Лакавица пријавил дека на 02.08.2026 година околу 22:00 часот по кратка вербална расправија во неговиот дом бил физички нападнат од неговиот син Ј.А.. Се преземаат мерки за документирање на случајот.
На 02.08.2026 во 23,05 часот, на улица „Момчило Јорданоски“ во Охрид, лишен од слобода е М.П.(21) од Охрид по претходна пријава дека, во семејниот дом бил агресивен кон член на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.08.2026 во 04 :00 часот во СВР Скопје 44-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг А.С.(42) . Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (03.08.2026) во 04:00 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишиле од слобода 35 годишно лице од Ресен (полициски службеник), постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 и 02.08.2026 година во Стар Дојран физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп со кој бил во љубовна врска и нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против сторителот ќе биде поднесена сооодветна пријава. За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.
На 02.08.2026 година во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа лишен од слобода е С.Г.(52) од Струга по претходна пријава дека сторил кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие" по што упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август, Денот на Републиката. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.08.2026 во 23 : 15 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.Ѓ.(54) од Скопје, по претходна пријава дека физички нападнал тројца малолетници, а употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.08.2026 во 16:20 часот во СВР Скопје Д.М.(40) од Скопје пријави дека на подрачјето на Гази Баба од заталкано зрно од огнено оружје била оштетена шофершајбна од патничко возило „поло“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.08.2026 во 17:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека К.К.(7 3 ) од Република Словенија на 01.08.2026 остварила влез во државата преку граничниот премин Табановце и од тогаш не била достапна на телефонските повици. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето .
На 02.08.2026 во 10:55 часот, во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на подрачјето на Карпош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Повредени лица нема. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје .
На 02.08.2026 година, врз основа на распишана телеграма од СВР Тетово, на Граничен премин „Аеродром Скопје“ е лишен од слобода Х.С.(27) од с. Прелубиште, во врска со сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Лицето е преземено од полициски службеници од ПО Јегуновце и е спроведено во СВР Тетово за понатамошна постапка. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 02.08.2026 година во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишија од слобода С.Д.(41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 02.08.2026 година, околу 18:00 часот во локалитетот „Куклица“, кратовско физички нападнала повеќе лица, кои биле посетители на локалитетот. По насоки на јавен обвинител таа била приведена во полициска станица и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.08.2026 во 01 : 50 часот во СВР Скопје О.В.(19) пријави дека во с.Визбегово, скопско бил физички нападнат од Ф.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.08.2026 во 20 : 45 часот во СВР Скопје З.К.(50)од с. Кучевиште, скопско пријави дека во два наврати бил физички нападнат од А.К.(22), а бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.08.2026 во 00:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.К.(48) и А.К.(31) двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.08.2026 во 00:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Е.(23) и А.З. двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.08.2026 во 19:20 часот во СВР Скопје Н.Ѓ.(35) пријави дека во с.Пакошево, скопско била физички нападната од М.М.(37) двете од с. Пакошево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.08.2026 година во 22:20 часот во ПС Гостивар, А.В.(22) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица на возраст од околу 25 години. Според пријавеното истите при нападот користеле и разни тврди и дрвени предмети. Известен е дежурен јавен обвинител и се работи на идентификување на сторителите и расчистување на случајот.
На 03.08.2026 околу 01:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Д.С.(22), 15- годишен малолетник и уште едно лице сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.08.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје Д.Д.(45) од с.Кисела Јабука, скопско пријави дека на 02.08.2026 околу 18:15 часот во с. Волково, скопско бил физички нападнат од Т.А.(58), М.А.(33) и Ѓ.А.(34) сите од с.Волково . Исто така околу 23: 30 часот С.Д.(46) од с.Волково пријави дека на 02.08.2026 околу 17:55 часот бил физички нападнат од Т.А., М.А., Ѓ.А. и Б.З.(56) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.08.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Ф.(20) и Ш.Ф.(19) двајцата од с.Рудник - Радуша,скопско од една страна и А.Х.(42) и Ј.Х.(62) двајцата од Скопје од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.08.2026 околу 21:50 часот во СВР Штип Ж.М. пријави дека во Штип Д.М. му се заканувал со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.08.2026 во 10:45 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Кочани било опожарено возило „форд фокус“ со кочански регистарски ознаки сопственост на З.Д.(54). Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица-Кочани. Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.08.2026 во 07:54 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека во периодот помеѓу 01/02.08.2026 до 08:00 часот во црква во село Трново, кривопаланечко, било влезено со употреба на сила и при тоа биле одземени пари и бакарен котел. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.08.2026 година во 02:30 часот на автопатот Гостивар–Тетово, кај клучката „Тучевиште“, полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар забележале пешак кој се движел по коловозот. Приведено е лицето О.А.(50) од с. Неготино, кај кого е извршено алкотестирање и е утврдено присуство на 1,65 промили алкохол во крвта и при преземање на службени дејствија истиот ги омаловажувал полициски службеник. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 02.08.2026 година во 00.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека по спортски натпревар во охридското село Велгошти, едно лице физички а потоа и со метален предмет, го нападнал Р.М.(55) од Вевчани по што му го оштетил и неговото патничко моторно возило. Притоа, со повреди се здобиле и Н.М. и Н.Ш. двајцата од Вевчани. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.М.(54) од струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 18.07.2026 во семејниот дом, пријавениот упатувал закани кон неговата 57-годишна сестра и нивни соседи.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(49) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.07.2026, пријавениот телефонски и на нејзиното работно место упатувал закани на неговата сопруга.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.А.(65) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 21.03.2026 во с.Морани, скопско, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена муниција калибар 16мм.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.З.(42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 14.07.2026 во семејниот дом во Гостивар, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против И.Р.(31) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 26.06.2026 во Основен суд Кочани, пријавениот упатувал закани кон сведок.