СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Р.(44) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.07.2026 во Куманово, полициски службеници извршиле претрес кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.М.(55) од струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 08.07.2026 во семејниот дом, пријавениот упатувал закани кон неговата сестра.
На 03/04.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Ч.(35), З.Т.(26), Т.Т.(32), З.Д.(34), сите од Скопје, како и А.С.(32) од с.Трубарево, скопско и А.Љ.(19) од Србија, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 03.08.2026 во 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „7“ во с. Катланово, скопско, А.К.(44) од Скопје при пад од велосипед се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 03.08.2026 во 08:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ќ.Х.(55) од Србија, поради тоа што при гранична контрола на увид приложил фалсификувана возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.08.2026 во 20:50 часот, на патниот правец помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Е.Н.(21) и М.М.(26), двајцата од село Банско, струмичко. При преглед кај нив била пронајдена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.08.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од нејзината 75-годишна свекрва, дека во нејзиниот дом, таа и се заканувала. Д.П. била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.08.2026 во 10:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар- с.Градец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (52) од Гостивар, и патничко возило „голф“ со германски регистарски ознаки, управувано од А.С. (30) од с. Добридол. При тоа со тешки телесни повреди се здобил А.С., додека Е.Б. и еден сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 04.08.2026 во 02:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Р.Џ. (24) од Скопје, кој бил пријавен од неговата 41-годишна мајка дека на 03.08.2026 околу 23:30 часот во семејниот дом во Тетово, физички ја нападнал, а употребил и тврд предмет. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Ч.(58) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Тој, на 21.07.2026 на плажа во Струга, физички нападнал малолетник.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 став.5 од Кривичниот законик. Тој, на 02.08.2026 во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа бил лишен од слобода, по претходна пријава дека упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август.
На 03.08.2026 во 21:20 часот во струшко село, полициски службеници од слобода го лишија А.Х.(39), по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал својот татко. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.08.2026 во 02:30 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Х.С. (22) од Скопје. При контрола на сообраќајот, било запрено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С., при што било утврдено дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,98 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 03.08.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен К.И.(51) од Скопје. Според пријавеното, тој на 02.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека управувал мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По извршена проверка констатирано е дека тој управувал мотоцикл без да поседува возачка дозвола и истиот не бил регистриран. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по чл.297-а од КЗ.
На 03.08.2026 во 17:10 часот во СВР Скопје, Ф.Н.(50) пријави дека пред домот на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од неговиот сосед С.М.(40), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.08.2026 во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир, по претходна вербална расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Х.Д.(24) и Е.Д.(61) од една страна и Р.Р.(51) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.08.2026 во 20:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу Р.М.(59), Р.Р.(27) и Р.Р.(25) од една страна и М.Р.(32), Л.Р.(26) и Б.Р.(30) од друга страна, сите од Скопје, а биле употребени и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.08.2026 во 15:45 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Ј.(30) од Скопје и Н.А.(34) од с.Арачиново, скопско, по претходна пријава дека на подрачјето на Гази Баба, по расправија со Ф.А.(29) од Скопје, Б.Ј. од пиштол испукал еден куршум, а потоа со патничко возило го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.08.2026 во 14:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 12:00 часот во двор од куќа во с.Сарај, скопско, сопственост на Н.С.(62), за време на семејна прослава, имало пукање со огнено оружје. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и пронашле 23 испукани чаури од огнено оружје, кои се подигнати за понатамошна постапка. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од с.Петровец, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.08.2026 во 22:40 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.Д.(35), по претходна пријава дека за време на семејна веселба пукал со гасен пиштол. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.08.2026 во 11:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.А.(35) од с.Сарај, скопско. При сообраќајна контрола на ул. „Јустинијан Први“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека Ј.А. го управувал возилото нерегистрирано и пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 03.08.2026 во 14:25 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С. (27) од Скопје. При сообраќајна контрола на бул. „Мајка Тереза“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.С. го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.М. (30) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.10.2025, при преглед на пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле 392 таблети бупренорфин.