ОВР Кочани поднесе кривична пријава против А.А.(21) од с.Зрновци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 22.04.2025 во село Зрновци, пријавениот со нож му нанел убодна рана на В.Г..
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.А.(24) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.12.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и амфетамин.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Д.(47) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 26.12.2024 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против К.Ј.(24) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 09.07.20025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле полуавтоматски пиштол и куршуми.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.К.Ф.(32) од Бразил поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „внесување на против правно прибавени добра од привремена заштита, културно наследство и природни добра“. На 10.07.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници извршиле контрола при што било констатирано дека пријавениот внел 961 природни реткости (минерали-камења, со различни бои, благородни метали и различен рачно изработен накит со додатоци од полускапоцени камења), а кои се противправно набавени на територија на друга држава, во вредност од 918.000 денари.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.С.(44) од Куманово и против правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. На 08.02.2025 во Куманово, при извршена контрола во продажен објект на второпријавеното правно лице, било констатирано дека во него се врши продажба на облека со фалсификувана ознака на трговски марки.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(28) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење„ и „узурпација на недвижности“. Во текот на 2025 година во Струга, пријавениот во својство на инвеститор на земјиште во државна, сопственост, градел објект кој бил составен од три дела на земјиште, дуќан и вршел реконструкција на друг дел, без одбрение издадено од надлежен орган.
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против А.П.(31) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 26.07.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид прилижил фалсификувана полска возачка дозвола.
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против А.Л. (42) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 27.07.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана косовска возачка дозвола.
На 30.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Р.(25), В.Ј.(30) и З.Д.(38), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 30.07.2025 во 13.55 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово Скопје било пријавено дека околу 13.00 часот, по претходно добиени информации, била извршена контрола во затворот и притоа на кровот на установата биле пронајдени и одземени 25 паковки со кафеава прашкаста материја и марихуана. Увид бил зибршен и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 30.07.2025 во 09.45 часот на Граничен премин Аеродром „Св.Апостол Павле“-Охрид, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.Џ.Б.(40) од Велика Британија затоа што при гранични проверки, во неговата чанта биле пронајдени и одземени три куршуми и четири чаури. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар Запад за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.07.2025 во ОВР Гевгелија било пријавено дека околу 16.00 часот на обиколница Богданци, патничко возило „рено клио“ со гевгелиски регистраски ознаки, управувано од Љ.С.(66) од Богданци, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Љ.С., а лекар од Итната медицинска помош Гевгелија констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
На 30.07.2025 година во 21.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица-Берово, во правец од с.Дабиле кон с. Петралинци, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд “ со струмички регистарски ознаки, управувано од З.А.(32) од село Хамзали, струмичко и патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.С.(49) од село Свидовица, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди со здобиле возачот З.А. и сопатниците од патничкото возило „цитроен“ Ш.А.(75) и Д.А.(72), двајцата од село Петралинци, а со телесни повреди се здобиле возачот Б.С. и петгодишно дете, сопатник од патничкото возило „форд“, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
На 30.07.2025 во 21.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(69) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Денеска (31.07.2025) во 00.15 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на регионалниот пат Неготино -Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(36) од с.Возарци, кавадаречко и патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 27-годишната Т.Ј. од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ј., констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.
На 30.07.2025 во 08.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска Крстосница - Манастир „Св.Јован Бигорски“, на место викано „Болетен“, М.И.(49) од с.Жировница, општина Маврово и Ростуше, управувајќи мотоцикл „кимко“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 30.07.2025 во 18.01 часот во СВР штип било приојавено дека под воениот мост во река Брегалница во Штип била пронајдена експлозивна направа. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за неактивирана артилериска граната која најверојатно потекнува од Првата светска војна. Гранатата денеска ќе биде подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
На 30.07.2025 во 22.10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на локален пат во струшкото село Радолишта, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 17 - годишник од струшкото село Франгово, излетало од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Додека, 15-годишниот сопатник од селото Заграчани се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница во Струга. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Струга.
На 30.07.2025 во 15.30 часот во СВР Тетово, 46-годишник од тетовско село, пријавил дека бил измамен од лице кое се претставило дека е од Скопје и е претставник на фирма која вршела транспорт на моторни возила Швајцарија во Македонија. Според пријавеното, во текот на овој месец, тој на социјална мрежа стапил во контакт со лицето и се договориле да му транспортира возило „мерцедес“ од Швајцарија за сума од 1.000 евра. Како што е пријавено, лицето му пуштило фактура и побарало од него парите да ги прати парите преку брз трансфер на пари на друго лице. Исто така, според пријавеното, откако лицето не го презело возилото и му наведувало различни причини затоа, тој сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Денеска (31.07.2025) во 00.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Ракотинци, скопско, настанал пожар на објект на стар објект на основното училиште во селото. Повредени лица нема, а екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
На 30.07.2025 во 16.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека во установата се вратил нивниот штитеник Х.С.(16), за кој на 29.07.2025 беше пријавено дека се оддалечил од установата.
На 30.07.2025 во 18.45 во Полициската станица Аеродром, Н.Б.(75) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка М.Б.А.(43) од Скопје, која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 30.07.2025 во 15.35 часотво СВР Скопје, Б.Ј.(35) од Скопје пријавил дека на 28.07.2025 околу 21.00 часот додека управувал велосипед на велосипедска патека на кејот на река Вардар на подрачјето на Карпош на неосветлен дел од патеката, удрил во градежен шут и паднал. Притоа, тој се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
На 30.07.2025 во 17.00 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја лишиле од слобода 62-годишната Т.В. од Дебар затоа што околу 15.30 часот при расправија во семејниот дом со остар предмет замавнала и нанела повреда на нејзиниот 31-годишен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 30.07.2025 во с.Долно Количани, општина Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје, ги лишиле од слобода И.С.(48), О.М.(43), М.С.(19) и малолетник, сите од истото село, поради сомнение за нивна инволвираност во кривично – правен настан. Имено, околу 15.10 часот, по претходна расправија во врска со нерасчистени должничко-доверителски односи помеѓу О.М. и И.С., лицето О.М. со огнено оружје испукал еден куршум во земја, но не го погодил И.С.. откако излегол М.С., синот на И.С., лицето О.М. го напуштило местото. додека, подоцна при преземње мерки кај малолетниот син на О.М. бил пронајден куршум. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 30.07.2025 во 06.30 часот во СВР Скопе било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање околу должничко-доверителски односи бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(52) и Г.И.(51), двајцата од Скопје, при што едниот од нив употребил остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска (31.07.2025) во 00.20 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж од скопско село пријавил дека на 30.07.2025 околу 23.40 часот во неговата куќа, тој и неговата 24-годишна снаа биле физички нападнати од неговиот 54-годишен брат од истото село. По целосно доклументирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.07.2025 во 20.40 часот во СВР Скопје, Љ.Н.(59) од Скопје пријавил дека околу 20:00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од Ф.Г.(39) од Скопје. Додека, пак во 23.20 часот во СВР Скопје, Ф.Г.(36) од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, Љ.Н.(59) физички го нападнал неговиот 14-годишен син. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 30.07.2025 во 14 .00 часот во ОВР Ресен, Б.Ј.(59) од Скопје, пријавил дека откако бил избран за претседател на невладина организација од Ресен, на 29.07.2027 направил група на мобилна апликација за да ги информира барателите на долгови за актуелната ситуација во организацијата. Според пријавеното, откако напишал порака во групата дека парите што ги пуштило Министерството за култура ги нема и дека ќе бидат исплатени на барателите кога ќе добијат какви било други средства, поранешниот претседател на организацијата В.Т. напишал порака со заканувачка содржина. Се работи на расчистување на случајот.