ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.М.(26) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.03.2025, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило и претрес на дом и други простории кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, амфетамин и таблета МДМА.
На 31.07.2025 во 15:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово - Скопје, на клучка „Север“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.И.(59) од Тетово и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Д.(62) од с.Горна Речица, тетовско. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починале возачот на патничкото возило Т.И. и неговата 56-годишна сопатничка И.И. од Тетово. Додека пак, 70-годишната сопатничка З.М. од Тетово починала во Клиничка болница Тетово. Лекар констатирал смрт кај трите лица, а по насоки на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Додека, 17-годишен сопатник од Тетово се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.
На 31.07.2025 во 12:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, Д.М.(55) од Скопје, управувајќи мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 31.07.2025 во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Мите Богоевски“ и ул.„Архиепископ Сотир Томовски“ во Скопје, С.С.(52) од Скопје, управувајќи мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 31.07.2025 во 20:40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Михајло Пупин“ и ул.„Веселин Маслеша“ во Куманово, Н.С.(20) од Куманово, управувајќи мопед со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.С., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 31.07.2025 во 17:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Моноспитово, општина Босилово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 31-годишната Е.Г.В. од с.Моноспитово и мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 14-годишен малолтеник од с.Муртино, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобила неговата 16-годишна сопатничка од с.Муртино, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 31.07.2025 во 12:45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, атар на с.Лисец, тетовско, патничко возило „мини морис“ со швајцарски национални ознаки, управувано од 57-годишната З.И. од Тетово, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни се здобила З.И., а со телесни повреди се здобила нејзината 27-годишна сопатничка Б.Р. од Тетово, констатирани во Ургентен центар при Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 31.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Е.(21) од Велика Британија и Р.Р.(24) од с.Копаница, општина Сарај, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 31.07.2025 во 14:35 часот во Полициската станица Центар, Џ.К.(23) од Скопје пријавила дека на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.07.2025 во 11:30 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во периодот од 18:00 часот на 04.07.2025 до 22.07.2025 со употреба на физичка сила и подесен алат било влезено во канцеларии на фирма на подрачје на Кисела Вода и бил одземен ранец во кој имало пари во различни апоени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.07.2025 во 18:24 часот во Полициската станица Гази Баба, К.Д. пријавила дека на ул.„Катлановска“ во Скопје во нејзиното патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки забележала дека од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено предното стакло на возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.07.2025 во ОВР Прилеп било пријавено дека во периодот од 16:30 часот на 27.07.2025 до 14:00 часот на 31.07.2025 со употреба на физичка сила и подесен алат било влезено во канцелариски простории во управна зграда од поранешна фабрика „11 Октомври - Еурокомпозит“ на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, при што биле одземени четири електромотори од хидраулична машина со електрични додатоци, кабли, инсталации и предмети од различни електронски уреди, два електромотори од фрижидер и две торби со повеќе метални предмети. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.07.2025 во 11 часот во СВР Скопје, Г.А.(38) од Бразил пријавил дека на 30.07.2025 околу 22.30 часот на подрачјето на Гази Баба, две лица физички го нападнале и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 31.07.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје, 70-годишна жена од Скопје пријавила дека на 12.06.2025 на подрачјето на Центар во патничко возило била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Д.(64) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.07.2025 во 21:40 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје било пријавено дека околу 21:35 часот, по претходно недоразбирање, на аеродромот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Б.(44) и С.Б.(38) од една страна и С.Љ.(22), И.Љ.(51) и Л.Љ.(24) од друга страна, сите од Тетово. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 31.07.2025 во 21:45 часот во СВР Скопје, П.Т.(46) од Скопје пријавил дека околу 21 часот во неговиот двор на подрачјето на Чаир пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило кровот од куќата. Се работи на расчистување на случајот.
На 31.07.2025 во 18:00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Б.(75) од Скопје пријавила дека во семејниот дом се вратила нејзината 43-годишна ќерка М.Б.А., за која на 30.07.2025 беше пријавено дека се оддалечила од домот.