Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 30.07.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.А.(27) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.11.2024 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на паркирано патничко возило, кое претходно го управувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Додека, при извршен преглед  кај сопатникот од возилото била пронајдена и одземена марихуана, која пријавениот му овозможил да ја консумира.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.К.(72) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убивање и мачење животни“. На 14.04.2025 во с. Долно Трогерци, штипско, пријавениот во два наврати фрлил храна со отров, од што биле отруени две кучиња во сопственост на Т.С.. Исто така, на 06.07.2025 пријавениот, со патничко возило усмртил куче.  

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.О.(60) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „узурпација на недвижности“ и против В.Р.(49) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На 05.03.2025, првопријавената во својство на градежен инспектор, при инспекциски надзор во село Дабиље, струмичко, на објект на катастарска парцела во сопственост на второпријавената, не постапила согласно своите овластувања и должности на начин што не констатирала дека имало извршени измени на димензиите на површината, како и дека објектот не е ист со објектот кој бил легализиран во 2013 година, со што ѝ овозможила на второпријавената на државно земјиште да изгради објект без соодветна документација.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.К.(45) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2023 година во Кичево, пријавениот изградил помошен објект на земјоделско земјиште со одобрение за градба и за времено сместување на земјоделски производи, по што извршил бесправна пренамена на објектот, кој се користел за разни прослави и свечености. 

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Т.(43) од Горно Село, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,кражба“. На 16.02.2025 во с.Лажани, општина Долнени, било пронајдено товарно возило „форд“,  сопственост на пријавениот, кое било натоварено со бесправно исечени дрва.  

 

На 29/30.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода П.С.(21) од Скопје, А.К.(21) од с.Идризово, скопско и В.К.(31) од Штип, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. 

 

На 29.07.2025 во 19.45 на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода А.И.(20) од с.Туин, кичевско, затоа што при гранични проверки било констатирано дека патничкото возило „бмв“ со швајцарски регистарски ознаки, кое го управувал, евидирало во базата на Интерпол како украдено. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

 

На 29.07.2025 во 08.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на место викано „Мост“ на река Лажечка, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија пронашле три експлозивни направи. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ги подигнал експлозивните направи и констатирал дека се работи за две  неексплодирани и една експлодирана граната калибар 75мм, кои потекнувале од Првата светка војна. 

 

На 29.07.2025 во 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица која ги поврзува бул.„Никола Карев“ и кружен тек на ул.„Беласица“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.М.(38) од с.Виштица, општина Липково и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Б.(39) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски “ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

 

На 29.07.2025 во 11.19 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека околу 10.45 часот на регионален пат во атар на село Трново, кривопаланечко, на место викано „Трновски Самоков“, патничко возило „даеву тико“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(66) од Крива Паланка, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 62-годишната сопатничка С.С. од Крива Паланка, констатирани во болницата во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка. 

 

На 29.07.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 10.00 часот на локалниот пат с.Раштани – Велес, Н.Е.(28) од с.Сливник, велешко, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.Е.,констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес. 

 

На 29.07.2025 во 12.10 часот во водите на реката Вардар помеѓу населба Старо Градско и археолошки локалитет „Стоби“, полициски службеници го пронашле телото на 16-годишното девојче кое на 24.07.2025 исчезна во реката Вардар во атар на село во општина Градско. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

 

На 29.07.2025 во 09.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во атар на Старо  Градско,  велешко,  покрај брегот на река Вардар, полициски службеници од Полициската канцеларија Градско пронашле експлозивни направи. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ги подигнал експлозивните направи и констатирал дека се работи за  една минофрлачка граната 75мм, една артилерска граната 75мм и две артилерски гранати 85мм, кои потекнуваат од Првата светска војна.

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.М.(41) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Таа, на катастарска парцела на  улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, изградила деловен објект за кој немала соодветна градежна документација, издадена од надлежен државен орган.

 

На 29.07.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Петровец, скопско, настанал пожар на генератор за напојување со електрична енергија на антена во сопственост на мобилен оператор, кој се проширил и на соседниот плац и зафатил летниковец. Пожарот бил изгаснат, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот. 

 

На 29.07.2025 во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било пријавено дека кај нив во 06.40 часот било донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на бебето било предадено на обдукција.

 

Денеска (30.07.2025) во 01.50 часот во СВР Скопје, Р.А.(43) од Скопје пријавила дека на 29.07.2025 околу 23.00 часот во двор од куќа на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје била физички нападната од Ш.А., кој притоа и упатувал и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 29.07.2025 во 06.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Џ.С.(43) од Скопје, со престој во Белгија, затоа што физички нападнал 66-годишна жена во нејзиниот дом на подрачјето на Шуто Оризари и се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 29.07.2025 во 10.30 часот во СВР Скопје, Е.С.(45) од Скопје пријавила дека во периодот од септември 2024 до 29.07.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел, била одземена биста со лик на нејзиниот починат вујко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 29.07.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, Д.Г.(37) од Скопје пријавил дека во неговиот двор на подрачјето на Гази Баба паднало заталкано зрно од огнено оружје. Се работи на расчистување на случајот.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.С.(41) од струшкото село Заграчани  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катастарска парцела во Струга, изградил станбен објект за кој, немал соодветна градежна документација, издадена од надлежен државен орган.   

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.Ј. (29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.12.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. 

 

Мени за пристапност