Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 31.03.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.П.(34) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.03.2025, полициски службеници извршија претрес во домот и возилото на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, дробилка и други предмети.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.И.(27) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 02.07.2025, пријавениот од едно лице добил капар од 1000 евра за изработка на собни врати, но до моментот на пријавување не биле направени. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.З.(43) од с.Горно Седларце и Н.Б.(39) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „загрозување на сигурноста’’. На 23.02.2026 во Јавна установа - Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, пријавените насилно влегле во службена просторија и кон вработена упатувале закани, при што еден од нив се обидел ѝ физички да ја нападне, но бил спречен од обезбедувањето.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Б.(51) од Куманово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 16.01.2026, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во с.Војник, општина Старо Нагоричане, при што биле пронајдени и одземени пиштол „застава“, електрошок и лисици за врзување.

 

На 30.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј.(22), К.Ж.(29), Б.К.(27). И.Д.(40) и З.С. (45), сите од Скопје, како и С.Ј.(26) од Турција, со престој во Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 30.03.2026 во 10:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во отворениот дел од Казнено - поправната установа Затвор Прилеп, осуденикот А.Ф.(34) од прилепско, физички го нападнал осуденикот Ф.С.(45) од Прилеп и притоа употребил остар предмет, нанесувајќи му повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 30.03.2026 во 07:50 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци-Гевгелија, помеѓу крстосниците за селата Ѓавато и Богородица, гевгелиско, патничко возило „форд фиеста“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(18) од Гевгелија, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговиот сопатник П.Ч.(18) од Гевгелија, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.  

 

На 30.03.2026 во 19:10 часот во село Сулдурци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишија од слобода А.К.(38) од истото село. Според пријавеното, таа во 17:18 часот отишла во дворното место на нејзината јатрава П.К.(46) во село Сулдурци и физички ја нападнала, удирајќи ја со остар предмет во пределот на главата. П.К. била пренесена во Медицински центар Штип, каде и е констатирана телесна повреда, а А.К. е задржана во Полициската станица Радовиш. Запознаен е јавен обвинител, по чии насоки, по целосно документирање на случајот против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Надворешната канцеларија за криминалистичка работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.С.(28) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во март 2026 година, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при била пронајдена и одземена марихуана. 

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Б.(50) од Куманово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавената, во својство на секретар во општинско основно училиште во Куманово, била отсутна од работа од 05.03.2025 до 07.03.2025, а подоцна вметнала непостоечка документација во деловодникот на училиштето за да го прикрие нејзиното неоправдано отсуство од работа. 

 

На 30.03.2026 во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари го лишија од слобода З.И.(49) од Скопје поради тоа што, најпрвин со тврд предмет оштетил полициско возило, а потоа и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик. 

 

На 30.03.2026 во 16:50 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.С.(47) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија. Додека, неговиот малолетен син физички нападнал полициски службеник, по што побегнал, но подоцна сам се пријавил во полициска станица. Со него е извршен службен разговор во присуство на родител и адвокат. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

ОВР Неготино до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против А.С.(67) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 19.02.2026 во Неготино, пријавениот од 76-годишен неготинец  побарал 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, со цел да докаже дека еврото е валидна валута во земјава, по што не му ги вратил парите. Набргу, по преземени мерки пријавениот е пронајден и лишен од слобода, по што во службен разговор во полициска станица тој го признал делото, а било извршено и препознавање од оштетениот.    

 

На 30.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.С.(45) од с.Сингелиќ, скопско, пријави дека околу 11:30 часот кај средно училиште на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од четворица малолетници, од кои двајца ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 30.03.2026 во 18:15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа А.П.(26) од Скопје поради тоа што физички ги нападнал Е.Х.(30) и К.Х.(39), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 30.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, С.Л. пријави дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Гази Баба биле опожарени канти за отпадоци. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.К.(30) и А.Ќ.(26), двајцата од с.Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 24.03.2026 во шума во атар на с.Лојане, пријавените  физички го нападнале С.А. од Египет, при што му одзеле пари и мобилен телефон.

 

Мени за пристапност