Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 01.04.2026

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Ј.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.03.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес на домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.С.(39) од с.Десово, општина Долнени, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. На ул.„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило, кое го управувал пријавениот, но тој продолжил со движење, при што неговиот совозач од возилото фрлил ловечка пушка, која е пронајдена и одземена.

На 31.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.К.(21) и М.Ј.(32), двајцата од Скопје, како и К.Ѓ.(36) од Велес, затоа што кај нив е пронајдена и одземена бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.   

На 31.03.2026 околу 09:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.А.(42) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната Р.И. од с.Студеничани, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „ауди“ и шестгодишен сопатник од патничкото возило „тојота“, додека со телесни повреди се здобиле друг шестгодишен сопатник од возилото „тојота“ и возачот Р.И., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 30.03.2026 полициски службеници од СВР Охрид во содејство со Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за гранични работи Запад, по претходно издадена судска наредба, го лишија од слобода Ш.В.(40) од САД, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 378 од Кривичниот законик. На Ш.В. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, по што лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Р.Х.(29) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 25.12.2025 пред угостителски објект на ул.„Василе Николоски“ во Кичево, полициски службеници го затекнале пријавениот како на импровизирана тезга продава пиротехнички средства, по што е извршен претрес во неговиот ранец и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ј.(57) од с.Раштани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во угостителски објект во Кичево, пријавениот упатил закани на градоначалникот на општина Кичево.

 

На 01.04.2026 во 01:01 часот во СВР Охрид, Г.Б.(45) од Охрид пријави дека на 31.03.2026 околу 23:00 часот пред казино во Охрид бил физички нападнат од Д.Н.-вработен како обезбедување во објектот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ј.(30) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.03.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, во кој имало импровизирана лабораторија со опрема за создавање на контролирани услови за одгледување на марихуана, при што биле пронајдени и одземени марихуана и стебла од растението канабис.   

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.А.(45) од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 09.03.2026 во семејниот дом, пријавениот упатувал закани кон неговата сопруга и нивниот син.

На 31.03.2026 во 19:00 часот во Градско, полициски службеници од Полициската канцеларија Градско го лишија од слобода И.Ф.(36) од Градско. Тој се сомничи дека од дом во село Уланци, општина Градско, одзел пари. И.Ф. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.03.2026 во 19:45 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во Општа болница Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен М.К.(51) од село Сирково, општина Росоман. Според пријавеното, тој се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во фабрика во Росоман. За настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

На 01.04.2026 во 00:10 часот во СВР Скопје, Ф.И.(55) од Скопје пријави дека на 31.03.2026 околу 10:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, при качување во автобус, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.03.2026 во 23:20 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(24), постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна сопруга дека околу 20:30 часот во домот, додека била со нејзините родители, со остар предмет им упатувал закани, а потоа ги нападнал неа и нејзиниот татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 31.03.2026 во 21:10 часот во СВР Скопје, Е.Х.(44) од Скопје пријави дека околу 16:20 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.03.2026 во 15:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Ф.Ц.(23) од Скопје, постапувајќи  по претходна пријава од неговата 20-годишна вонбрачна партнерка дека подолг временски период упатувал закани кон неа и нејзиното семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 31.03.2026 во 20:55 часот во СВР Скопје, В.П.(50) од Скопје пријави дека на 30.03.2026 околу 12:30 часот во паркот во Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички кои ги познавала, а подоцна едната малолетничка објавила слика од настанот на социјална мрежа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.03.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, И.С.(37) од Скопје пријави дека на 03.03.2026 во с.Маркова Сушица пронашла пет угинати кучиња и една угината лисица. Според пријавеното, таа самоиницијативно едно од угинатите кучиња го однела на обдукциска анализа на Факултетот за ветеринарна медицина Скопје, при што на 25.03.2026 добила обдукциски протокол според кој кучето било угинато како последица на труење од отров. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.03.2026 околу 12:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Чаир бил пронајден починат Љ.С.(64) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

На 31.03.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Карпош дошло до физичка пресметка помеѓу Е.С.(30) и И.Д.(33) од една страна и П.Т.(50) и Н.Ѓ.(43) од друга страна, сите од Скопје, а Е.С. бил удрен со тврд предмет и бил оштетен дел од инвентарот во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

Мени за пристапност