СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С.(38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.07.2025 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на возило, кое го управувал пријавениот, при што во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.У.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 11.01.2026, пријавениот без знаење, согласност и дозвола на оштетената прибавил и употребил банкарска картичка, при што направил две неуспешни и три успешни трансакции на две продажни места во Штип, стекнувајќи се со противправна имотна корист.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.А.(60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 20.03.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел тешки телесни повреди.
На 29/30.03.2026 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.Н.(37), Т.Л.(22), 16-годишник и 17-годишник, сите од Скопје, како и Л.А.(24) од Италија, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 30.03.2026 во 04:50 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода К.С.(45) од Република Албанија. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект во Струга, од каде одзел повеќе производи. Одземеното е вратено на сопственикот, а по целосно расчистување и документирање на случајот против К.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.03.2026 во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од негов познаник А.Х.. Според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото возило „бмв“, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар. Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28.03.2026 се соочил со механичарот кој признал дека возилото го однел на отпад во с.Слатино. Исто така, според пријавеното, тој го пронашол возилото оштетено во отпадот и сопственикот му кажал дека го купил од механичарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ј.(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 27.03.2026 во казино во Битола, пријавениот со закана од вработената одзел пари од дневниот промет.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.А.(58) и С.А.(53), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.07.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, во кој живеел и второпријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис, а кај второпријавениот била пронајдена марихуана.
На 30.03.2026 во 03:50 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на паркинг простор на ул.„7 Ноември“ во Гевгелија биле опожарени две паркирани возила, и тоа патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на Ќ.Ф. од с.Ѓавато и патничко возило „хјундаи“ со чешки национални ознаки, сопственост на М.К. од Чешка. Повредени лица нема, а eкипа од Територијалната противпожарна единица Гевгелија го изгаснала пожарот. Извршен бил увид.
На 29.03.2026 во 21:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Х.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот упатувал закани кон неговата 42-годишна мајка и искршил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 29.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.И.(41) од една страна и М.С.(50) и Ѓ.П.(42), од друга страна, сите од Скопје. Исто така, Б.И. агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија, по што бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 29.03.2026 во 19:30 часот во Скопје, во Спортскиот центар „Јане Сандански“, каде се одржувал кошаркарски натпревар помеѓу КК МЗТ Скопје и КК Работнички-Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Д.Н.(45), Ф.С.(18) и А.В.(46), сите од Скопје, затоа што Д.Н. и А.В. фрлале предмети во салата, а Ф.С. носел „пејпер“ спреј. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат прекршочни пријави од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортски натпревари.
На 29.03.2026 во 20:10 часот во СВР Скопје, С.И.(44) од Скопје пријави дека на 28.03.2026 околу 23:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син со негови другари биле физички нападнати од поголема група малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.03.2026 во 14:10 часот во СВР Скопје, Б.Ќ.(18) пријави дека во с.Огњанци, скопско, бил физички нападнат од И.А. и Р.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.03.2026 во 17:43 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:10 часот на подрачјето на Бит Пазар, И.К.(51) од Скопје бил физички нападнат од едно лице и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.03.2026 во 16:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат М.К.(38) од Скопје, а до него бил пронајден пиштол. Од страна на лекар била констатирана смрт. Имено, тој на 03.03.2026 бил пријавен дека се оддалечил од домот. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.