На 29/30.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Х.Т.(37) од Р.Србија и С.М.(22) затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 29.11.2025 година во 22:10 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишија од слобода Т.П.(32) од истото село. При преглед кај него била пронајдена марихуана. Исто така на 29.11.2025 година во 23:20 часот во село Миравци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија ги лишија од слобода С.Р.(27) и К.Т.(38) и двајцата од село Пирава, валандовско. При преглед на патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, во кое биле затекнати лицата, била пронајдена марихуана, таблети и шише со непозната течност. За двата настани е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на истите против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 30.11.2025 година во 02:30 часот, во село Велгошти, охридско лишени од слобода се А.Љ.(37), З.Т.(41) и Ј.М.(31), сите од истото село. Тие се затекнати во домот на А.Љ. каде, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, по судска наредба, извршија претрес и пронајдоа најлонски опаковки со бела прашкаста материја и марихуана, како и други предмети со остатоци од дрога. Истите се одземени и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 29.11.2025 во 13:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци кон Гевгелија на место викано „Л'гот“ патничко возило „пежо 206“ со велешки регистарски ознаки управувано од Ф.К.(19) од Гевгелија излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со повреди се здобил неговиот сопатник И.Д.(20) од Гевгелија констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
На 29.11.2025 во 23:55 часот во Скопје, на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа А.Д.(25) и Ф.Н.(26) двајцата од Скопје затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.11.2025 во 23:00 часот во СВР Скопје А.Ѓ.(24) од Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од С.С.(32) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.11.2025 во 16:45 часот во СВР Скопје Ф.Р.(19) од с.Октиси, струшко пријави дека околу 15:25 часот на подрачјето на Центар едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.11.2025 во 12:50 часот во СВР Скопје М.М.(40) од Скопје пријави дека околу 07:40 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Д.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.11.2025 во 11:00 часот во СВР Скопје Т.С.(39) од Скопје пријави дека во угостителски објект на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од А.М.(42) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.11.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје Ф.Љ.(24) од Скопје пријави дека во с.Сарај, скопско тој и неговите колеги А.Н.(18), Н.Љ.(26), А.Д.(36) и Р.С.(24) сите од Скопје кои претходно извршувале работни задачи како вработени во фирма во средно училиште физички биле нападнати од С.П.(41), Н.П.(47) и С.П.(37) сите од с.Сарај кои употребиле остар предмет и солзавец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.11.2025 во 12:40 часот во СВР Скопје Ш.Ј.К.(34) пријави дека околу 12:00 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Ф.Ш.(26) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.11.2025 година во 07:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во Општата болница во Охрид, бил донесен С.М.(34) од Охрид кај кого, биле констатирани повреди од остар предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 29.11.2025 во 18:27 часот во ПС Кочани е пријавено дека во Кочани по претходна вербална расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.К.(41) од Кочани и 42 годишната Г.Т. од Виница. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.11.2025 година во 17:41 часот во ПС Крива Паланка Р.В.(68) пријавил дека во Крива Паланка бил физички нападнат од С.С.(68) двајцата од Крива Паланка. Се работи на расчистување на случајот.
На 30.11.2025 година во 03:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека Ф.”Н” во угостителски објект во Куманово, агресивно се однесувал а потоа и нападнал вработен како обезбедување во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.11.2025 година во 12:25 часот во СВР Куманово пријавено е дека ноќта околу 22:00 часот на ул. “Илинденска” во Куманово, лицата Н.А.(18) и Б.Е.(19) биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.11.2025 во 08:45 часот во Полициската станица Карпош С.И.(47) од Скопје пријави дека неговиот син М.И.(17) откако излегол од училиште не се вратил во домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 29.11.2025 во 09.30 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ на влез во државата полициски службеници го лишија од слобода Р.К.А.(48) од Индија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.
На 29.11.2025 година во 22:53 часот во ПС Свети Николе пријавен е пожар во куќа во с. Ерџелија, светиниколско сопственост на З.Е.(59) од с.Ерџелија. Од пожарот била опожарена и кровната конструкција на соседната куќа сопственост на М.Е.(33). Повредени лица нема. Пожарот е изгаснат од страна на Територијална против пожарна единица – Свети Николе. Извршен е увид од ОВР Свети Николе.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Р.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 24.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени марихуана, гранчиња од канабис, МДМА, куршуми калибар 7,62 мм и сигнални куршуми калибар 26 мм.
СВР Велес поднесе кривична пријава против В.Г.(38) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 01.10.2025 пријавениот, со платежна картичка на друго лице подигнал парични средства од банка.