Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 29.11.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

На 28/29.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.К.(29) од Р. Словенија, О.О.(30) од Р. Турција, М.И.(39), Р.Ш.(42) и К.К.(43) сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и четири шишиња со течност. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 28.11.2025 околу 23.15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул. „Рудничка“ во Кичево патничко возило „хјундаи“ со кичевски регистарски ознаки управувано од С.Т.(50) удрило во пешакот Б.А.(37) двајцата од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево.            

На 27.11.2025 во 01:47 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Ресен-Прилеп патничко возило „сеат леон“ со демирхисарски регистарски ознаки управувано од В.И.(18) од Демир Хисар излетало надвор од коловозот и удрило во метална заштитна ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од с. Журче, демирхисарско констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

На 28.11.2025 во 09:40 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата полициски службеници го лишиле од слобода Д.М.(29) од Р. Косово затоа што при гранична контрола констатирано било дека евидира со мерка „апси“ по барање од Секторот за меѓународна полициска соработка-Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка за понатамошна постапка. 

На 28.11.2025 годинa во 21:15 часот, полициски службеници од ПС Гостивар на ул. ,,Васил Василевски" во Гостивар согласно судска наредба за издржување на затворска казна го привеле А.Б.(26) од Гостивар кој се барал за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик – ‘’тешка кражба”. Тој бил спроведен во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната. 

На 28.11.2025 година во 17:40 часот на улица ,,Браќа Миладинови" во Тетово полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка-Интерпол го привеле Ш.А.(49) од Тетово кој бил баран за одземање моторно возило (рентакар) во Р. Германија. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 29.11.2025 околу 02.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди е донесен 16-годишен малолетник од с. Кондово, скопско. Според пријавеното на 28.11.2025 околу 20:50 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од четири лица кои биле со возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
  
На 29.11.2025 во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.П.(46) од Скопје по претходна пријава дека на 28.11.2025 околу 20:00 часот во домот упатувал закани кон неговата мајка, а потоа со остар предмет упатувал закани и кон неговиот брат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 28.11.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје С.Г.(56) од Скопје пријави дека околу 12:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 28.11.2025 во 15:40 часот во СВР Скопје Д.В.(66) од с. Бардовци, скопско пријави дека во неговиот двор бил физички нападнат од неговиот сосед Б.Б.(39). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.11.2025 во 12:00 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово е пријавено дека околу 09:50 часот при извршен преглед во соба во отвореното одделение каде престојувале осудениците М.К., Ф.К., И.П. и Ф.А. пронајдена била и одземена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 28.11.2025 во 13.40 часот во СВР Скопје Н.А.(41) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир во продажен објект кој се наоѓал во склоп на основно училиште неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од Т.„Н“ која работела во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 28.11.2025 во 23:00 часот во СВР Скопје Б.Б.(32) од Скопје пријави дека околу 22.25 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од неколку лица кои му го оштетиле и возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 28.11.2025 во 18:08 часот во ОВР Кочани е пријавно дека во фирма за финансиски услуги во Кочани две лица со закана со огнено оружје од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 29.11.2025 во 00:27 часот во ОВР Виница е пријавено дека во близина на стариот пат с. Блатец-Берово кај место викано „Церо“ трактор „имт 539“ управуван од З.С.(53) од с.Блатец излетал надвор од патот. Во несреќата починал возачот, а од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Виница.

На 29.11.2025 во 01.45 часот во ОВР Кратово е пријавено дека пред казино во Кратово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.С.(32) и М.А.(24). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 28.11.2025 во 20.10 часот во СВР Куманово Л.С.(48) од Куманово пријави дека на 27.11.2025 околу 07:30 часот пред училница во основно училиште во Куманово неговиот малолетен син бил физички нападнат од родител на негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Н.(60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 17/18.05.2025 во угостителски објект во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што се пронајдени и одземени метамфетамин и мобилен телефон.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против  Ќ.А. (65) од село во општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ врз деца. На 19.09.2025 година во образовна установа во село во општина Камењане, за време на одржување на час, пријавениот во неколку наврати насилно се однесувал кон двајца малолетници.

Мени за пристапност