Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извадок на дел од дневните настани 01.12.2025

Министерство за внатрешни работи Министерство за внатрешни работи

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(29) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 21.06.2025 полициски службеници сопреле патничко возило „пасат“ управувано од пријавениот и при извршен преглед во возилото, била пронајдена и одземена марихуана. 

 

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.Е.(32) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 04.03.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловечка пушка ТОЗ-66 со кал.12 и куршум со кал.7.62мм, кои неовластено ги чувал и поседувал во својот дом.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.М.(23) и М.П.(19), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.08.2025 пријавените со патничко возило „форд“ удриле во патничко возило „голф“, во кое биле В.Р., Д.П. и М.К.,  а потоа ги нападнале со употреба на тврд предмет.

 

На 30.11./01.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 23-годишната Н.К., П.Ѓ.(25), М.З.(46), М.М.(21), Т.Т.(38), А.Н.(36) и Г.Т.(44), сите од Скопје и К.А.Б.(20) од Р.Турција, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 30.11.2025 во 11:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода М.Ф.(44) од Австрија. При гранична контрола и проверки во возилото „фолксваген“ - кампер со австриски национални ознаки, кое го управувал, во неговиот личен багаж е пронајдена марихуана. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

На 30.11.2025 во 12:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода А.А.(42) од Република Турција. При гранична контрола и проверки констатирано е дека за товарното возило „сканиа“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал, приложил фалсификувани зелени карти. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

 

На 30.11.2025 околу 10:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на 21.11.2025 околу 10:30 часот на ул.„8 Велешка бригада“ во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А.(38) од Велес, удрило во 71-годишната Б.А. од Велес. По несреќата Б.А. била пренесена во приватна здравствена установа во Велес за укажување на лекарска помош, а на 25.11.2025 за укажување на лекарска помош се јавила во Општата болница Велес, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 06.09.2025 полициски службеници извршиле преглед кај малолетникот, при што кај него биле пронајдени и одземени пиштол со рамка и куршуми, калибар 7,65 мм, кои пријавениот неовластено ги поседувал и носел со себе.

 

На 30.11.2025 во 10:45 часот на ул. „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.Ф.(44) од Охрид. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид, физички го нападнал С.М.(34) од Охрид, при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 30.11.2025 во 14:45 часот во СВР Скопје, С.Ј.(42) од с.Ново Село, скопско, пријави дека на паркинг простор во трговски центар на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 30.11.2025 во 16:10 часот во СВР Скопје, А.М.(21) од с.Бунарџик, скопско, пријави дека околу 15:00 часот на паркинг простор во трговски центар на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 30.11.2025 во 23:00 часoт во СВР Скопје, 51-годишна жена од Скопје пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син и нејзината 16-годишна ќерка влегле во патничко возило „опел“ управувано од В.С., кој во возилото физички го нападнал малолетникот и го оставил во населбата Сингелиќ, а со малолетничката заминал со возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 30.11.2025 во 22:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од скопско, пријави дека, додека нивната малолетна ќерка престојувала кај нејзиниот поранешен сопруг Д.И.(39), била физички нападната од него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 30.11.2025 во 14:00 часот во СВР Велес е пријавено дека во водите на реката Вардар, кај мостот во близина на село Уланци, општина Градско, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било извадено од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес и по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција. 

 

Мени за пристапност