СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Џ. (20) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.09.2026 полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф 5“, но пред да застане возилото, пријавениот, преку прозорецот фрлил марихуана. Истиот ден, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Х.(23), Г.И.(46) и И.И.(25), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „предизвикување општа опасност“. На 12.12.2025 во близина на угостителски објект во с.Камењане, тетовско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што првопријавениот со остар предмет му нанел повреди на второпријавениот.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.И.(68) од Холандија и Р.И.(66) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“. На 22.09.2026, пријавените попречувале социјални работници од Центарот за социјални работи Прилеп додека извршувале службени дејствија.
СВР Велес поднесе кривична пријава против М.И.(63) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. На 02.09.2026 бил извршен претрес во хотел во Велес, при што било констатирано дека пријавениот изнајмувал хотелски соби како физичко лице, наплатувал парични средства за даденото сместување, а остварените приходи не ги пријавувал пред надлежниот даночен орган, ниту ги евидентирал како остварен приход.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против З.П. (47) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување на сигурноста“. На 24.05.2026 пријавениот преку електронска пошта и испратил закани на неговата поранешна сопруга.
На 29.09.2026 во 21:57 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул. „Св. Климент Охридски“, ул. „Св.Кирил и Методиј“ и бул. „Водњанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(68) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(32) од с.Сопиште, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.М., констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Нa 30.09.2026 во 01:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Д.(47) од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и нивната малолетна ќерка. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.09.2026 во 16:40 часот полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Е.З.(27) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 60-годишен татко, при што употребил тврди предмети. Известени се јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.09.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 10:45 часот на крстосница од улиците „Киро Ќучук“, „Белградска“ и „Васил Главинов“ во Велес, товарно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.С.(69) од Велес удрило во 65-годишната С.Н. од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
На 29.09.2026 околу 13:00 часот во Полициската канцеларија Пехчево, З.Н.(28) и неговата 24-годишна сопруга, двајцата од пехчевско, пријавија дека В.Т.(28) (поранешен вонбрачен сопруг на 24-годишната пријавителка) на социјална мрежа им испратил закани. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 29.09.2026 во 20:15 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода К.С.(35) од село во општина Зрновци, затоа што физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 29.09.2026 околу 15:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локален пат во с. Чифлик, пред основно училиште, двајца малолетници, кои се превезувале на електричен тротинет, паднале и едниот се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
На 29.09.2026 во 16:44 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Балиндолска“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Б. (61) од Гостивар, и мотоцикл „конект“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.Р. (58) од Гостивар. При тоа, М.Р. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот премин „Блаце“, на влез во државата, од слобода е лишен И.Д. (37) од Тетово, кој бил баран од СВР Тетово во врска со кривични дела по член 386 и член 396 од Кривичниот законик. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.
На 29.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка ги лишија од слобода тројцата полски државјани К.В. (49), О.А.Б. (56) и С.К.З. (55), кои откако на 28.09.2026 со четирицикли (заедно со други четворица полски државјани кои веднаш беа лишени од слобода) оштетиле влезна врата од објект- воени магацини во место викано „Еребино“, по што се дале во бегство. По преземени мерки, тие се лишени од слобода поради сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти“ по член 350 став 1 од Кривичниот законик и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 30.09.2026 во 03:20 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Т.М.(54) од Прилеп, бидејќи во семејниот дом во Прилеп физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 29.09.2026 во 21:30 часот во ОВР Прилеп, 28-годишна прилепчанка пријави дека нејзиниот поранешен сопруг физички го нападнал нивното заедничко малолетно дете. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Б.(68) од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ по член 284-а од Кривичниот законик. При контрола извршена на 19.08.2026, тој е затекнат како пред деловен објект во Охрид, нуди и врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, без да поседува соодветна лиценца, издадена од надлежен државен орган и во спротивност од одредбите на Законот за превоз во патниот сообраќај.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(67) и Д.С.(43), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Тие, делото го сториле на 06.08.2026 на ул. „15 Корпус“ во Струга, каде пресретнале 88- годишно лице од струшко село и со намера за себе да прибават противправна имотна корист, го довеле во заблуда и со лажно прикажување го навеле да им донесе пари. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна парична корист од околу 300.000 денари.
На 30.09.2026 во 00:09 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Богомила“ во
Битола било опожарено патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(74) од Битола. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Битола. Повредени лица нема, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Р.В.(49) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „овозможување употреба на наркотични дроги“ по чл.216 од Кривичниот законик. При преглед извршен на улицата „Дејан Стојаноски“ во Кичево, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, а во неговиот автомобил „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, затекнат е Д.Р. од Кичево, на чие седиште се пронајдени остатоци од марихуана, откако Р.В. му го отстапил своето возило да може да ја искористи дрогата.
На 30.09.2026 во 03:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.К.(28) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 30.09.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, Б.П.(18) од Скопје пријави дека на 29.09.2026 околу 21:30 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2026 во 03:20 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од скопско пријави дека нејзиниот малолетен син, во неколку наврати бил физички нападнат од нивниот сосед Д.Т., кој исто така им упатил закани. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 30.09.2026 во 02:36 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, бил опожарен багер „волво“, сопственост на Ф.Б. од с.Батинци, скопско. Нема повредени лица, а пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.09.2026 во 16:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 17-годишник од Скопје, по претходна пријава од 40-годишна жена од Скопје, дека извршил обљуба врз нејзината 15-годишна ќерка од Скопје, а потоа ја демнел малолетничката и барал да му испраќа експлицитни фотографии и снимки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 29.09.2026 во 10:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Воденска“ во Скопје настанал пожар во стан. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот, а поради вдишување на чад, 11-годишна малолетничка со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.
На 29.09.2026 во 07:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 45-годишната Е.С. од Скопје, по претходна пријава дека на подрачјето на о. Аеродром во Скопје, физички ги нападнала нејзината 70-годишна мајка и нејзината 13-годишна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 29.09.2026 во 18:20 часот во Скопје, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари извршија службен разговор со Д.И.(18) од Кочани, по претходна пријава дека истиот ден околу 12:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 37-годишна мајка и оштетил дел од покуќнината во домот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 29.09.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријави дека
на 18.09.2026 преку телефон добила закани од нејзиниот поранешен партнер Б.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.09.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, А.А.(22) од Скопје пријави дека околу 01:00 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.