Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.М. (46) од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 04.03.2026 на ул. „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „форд фокус“ , управувано од пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против А.Г. (42) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 11.08.2026 пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, нанесувајќи ѝ повреди.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.О. (43) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 23.09.2026 пријавениот преку апликација на социјална мрежа упатувал закани на 31-годишно лице од Кочани и неговото блиско семејство.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.М. (32) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 05.08.2026, пријавениот физички го нападнал А.И. (41) од Куманово и со употреба на физичка сила му одзел мобилен телефон и пари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Х.(52) од с.Теарце, Р.Б.(41), Н.Б.(47) и 17-годишник од с.Ѓермо, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 21.08.2026 во угостителски објект, по претходна расправија, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против О.А.(52) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 17.08.2026 во Гостивар, пријавениот физички нападнал 17-годишник, нанесувајќи му повреди.
На 28.09.2026 во 12:40 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на делница помеѓу селата Василево и Владевци, струмичко, товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(48) од село Сушево, струмичко, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. Увид на местото изврши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.
На 28.09.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 27.09.2026 во 19:45 часот на крстосницата од ул.„Христо Татарчев“ и ул.„Франк Харкорт Манинг“ во Скопје, 70-годишната М.Г. од Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
На 28.09.2026 во 21:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Арачиново и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишниот мотоциклист, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 28.09.2026 во 18:55 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со Л.А.(52) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во јавна институција во Кавадарци ѝ се заканувал на неговата 41-годишна поранешна сопруга. По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.09.2026 во 13:00 часот во ПС Виница, 18-годишна девојка од Кочани пријави дека нејзиниот поранешен партнер К.Ш.(18) од Велес телефонски и се заканувал и го прекршил претходно донесеното решение од судот за изрекување привремени мерки за заштита од семејно насилство. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 28.09.2026 во 17:15 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода М.Ѓ.(60) од Кочани. Претходно, тој насилно му одзел пари на Д.М.(54) од Кочани, откако Д.М. ги подигнал парите од банкомат во близина на автобуска станица во Кочани. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 28.09.2026 во 18:24 часот, од страна на Воената полиција на АРМ, во СВР Тетово е пријавено дека во местото викано „Еребино“ во Тетово, каде се наоѓаат воени магацини, повеќе лица со четирицикли ја оштетиле влезната врата од објектот. Војниците кои биле на стража на лице место задржале четири лица, сите државјани на Полска: Х.М.А. (55), Д.К.В. (55), К.В. (41) и К.Ј.Р. (36), додека други три лица со четирицикли се дале во бегство. Четирите лица се лишени од слобода поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик „неовластено влегување во воени објекти“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите три лица и по документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
......
На 28.09.2026 во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Д. (35) од Тетово, постапувајќи по пријава дека околу 15:00 часот пред куќа во Тетово, по вербална расправија околу паркирање на камион за градежен материјал, физички го нападнал неговиот сосед Р.И. (64) од Тетово. А.Д. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
......
На 28.09.2026 во 13:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Јажинце – Тетово, во с. Доброште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од С.М. (41) од с. Доброште и патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.Е. (34) од с. Доброште. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле С.М. и неговиот сопатник Д.Н. од с.Глоѓи, констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.
.......
На 28.09.2026 во 15:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека во с. Камењане, 14-годишник од с.Камењане кој управувал електричен тротинет, изгубил контрола и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.
На 29.09.2026 во 01:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ѓ.Ч.(41) од Струмица. Според пријавеното, тој на 28.09.2026 во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко, а агресивно се однесувал и кон останатите членови на семејството. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(62) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ по член 284-а од Кривичниот законик. При контрола извршена на 13.09.2026, тој е затекнат како пред деловен објект во Охрид, нуди и врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, без да поседува соодветна лиценца, издадена од надлежен државен орган и во спротивност од одредбите на Законот за превоз во патниот сообраќај.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37) од Бујановац, Република Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“ по член 243 од Кривичниот законик. Тој на 04.09.2026 пред угостителски објект во Струга, насилно го отворил резервоарот од патничко возило „порше“ со охридски регистарски ознаки, ставил непозната течност и предизвикал значително оштетување на возилото по што избегал. По преземени мерки, тој е лишен од слобода.
На 28.09.2026 во 10:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Рудничка“ во Кичево, А.Ѓ.(71) од с.Другово, управувајќи мопед со кичевски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „пасат“ со кичевски регистарски ознаки, претходно управувано од Ш.И.(57) од кичевското село Зајас. Притоа, возачот на мопедот, за кој е утврдено дека немал возачка дозвола, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. Увид на местото на незгодата изврши екипа од ОВР Кичево.
На 28.09.2026 во 11:50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека А.Ј. од Охрид, во семејниот дом бил агресивен и физички нападнал членови на неговото семејство. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.09.2026 во 05:55 часот во село Липково, товарно возило кое превезувало дрва не застанало на даден знак стоп од полициски службеници, при што удрило во службено возило на МВР, а потоа возачот на товарното возило со две лица кои пристигнале со патничко возило, физички нападнале двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.09.2026 во 00:30 часот полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода двајца малолетници од село Матејче, липковско, затоа што во истото село со остар предмет нападнале 16-годишник, кој се здобил со тешка телесна повреда и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.09.2026 во 23:40 часот во с.Долно Оризари , битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Љ.Д.(62) од с.Долно Оризари, постапувајќи по пријава од 21-годишник од Битола дека Љ.Д. физички го нападнал и му се заканувал со огнено оружје. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.09.2026 во 15:00 часот во ОВР Прилеп, 32- годишна прилепчанка пријави дека подолго време била вознемирувана од И.Н. од Прилеп, со кого порано била во врска. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 28.09.2026 во 20:45 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Ј.Ш.(47) од скопско, по претходна пријава во 17:00 часот во СВР Скопје од неговата поранешна 30-годишна сопруга од скопско, дека во временски период од 22.09.2026 до 25.09.2026 додека нивната малолетна ќерка била кај нејзиниот татко, тој физички ја нападнал. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 28.09.2026 во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, во присуство на бранител и родител, извршија службен разговор со 16-годишничка, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден околу 13:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, физички ја нападнала нејзината 17-годишна сестра. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 28.09.2026 во 18:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.С.(40) од Скопје, по претходна пријава дека истиот ден околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош физички ја нападнал неговата 72-годишна мајка, а притоа оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 28.09.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, била физички нападната од нејзината сестра Н.М. (73), која употребила метален предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 28.09.2026 во 19:45 часот во СВР Скопје, С.Ќ. (42) од с.Страхојадица, Општина Зелениково, пријави дека околу 08:15 часот на автобуска станица во с. Зелениково, неговиот 10-годишен син бил физички нападнат од Н.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.09.2026 во 16:10 часот во СВР Скопје, И.М.(36) од Скопје пријави дека околу 15:50 часот во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од З.З.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.09.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, С.А.(66) од Скопје пријави дека околу 13:10 часот на подрачјето на Гази Баба, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.09.2026 во 15:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Н.Ц. (20) и А.Б.(20), двајцата од Скопје, поради тоа што се однесувале агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.