СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(34) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 22.09.2026 во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории каде престојувал пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.
СВР Велес поднесе кривична пријава против К.В.(56) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. На 24.08.2026 на ловиште Тимјаник во општина Неготино, пријавениот вршел незаконит лов, при што усмртил диво животно во период кога ловот е забранет.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.Б.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 05.04.2026, пријавениот физички ја нападнал неговата сестра.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.В.(57) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“. На 09.09.2026, пријавениот со нож упатувал закани и пружал отпор на полициски службеници, кои вршеле службени дејствија.
На 27.09.2026 во 23:30 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на локалниот пат Струмица- с. Просениково, патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.П.(48) од село Просениково, струмичко, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.
На 27.09.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје e пријавено дека на ул. „Александар Урдаревски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(53) од Скопје и мопед трицикл „томос“ со полуприколка без регистарски ознаки, управуван од Р.А.(35) од Скопје, кој не поседувал возачка дозвола. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот на мопедот Р.А., а со тешки телесни повреди неговата сопатничка 28-годишната С.М., констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ Скопје. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 27.09.2026 во 14:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа И.А. (19) од Куманово, затоа што на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово физички нападнал малолетничка. По целосно документирање на случајот, против И.А. ќе следува соодветен поднесок.
На 27.09.2026 во 20:50 часот во населбата Ново Maало во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар го лишија од слобода М.Т. (62) од Гостивар, во врска со расчистување на кривично дело „кражба“ извршено на 24.09.2026 во продавница за облека во Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 27.09.2026 во 19:15 часот на ул. „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници ги лишија од слобода Д.М. (24), Џ.Ф. (26) и Џ.М. (25), сите од Гостивар, во врска со пријавен физички напад на 26.09.2026 од страна на Д.М. (20), кој пријавил дека во угостителски објект, на ул. „Браќа Ѓиноски“ бил физички нападнат од неколку лица кои му нанеле телесни повреди. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 27.09.2026 во 03:20 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.А.(43) од Прилеп, бидејќи во семејниот дом во Прилеп физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 27.09.2026 во 15:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Охрид, кај кичевското село Подвис, С.Т.(48) од Кичево кој управувал мотоцикл „сузуки“ со кичевски регистарски ознаки, удрил во пешакот Б.А.(51) од Кичево. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево, додека Б.А. се здобила со телесни повреди. Увид на местото изврши увидна екипа од СВР Охрид.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Т.(43) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Тој, на 28.07.2026 во својство на параглајдинг инструктор во состав на една параглајдинг компанија, без да и даде потребни инструкции и насоки, договорил тандем лет со параглајдер со А.Г.Б.(37) од Шведска и за време на приземјување кај Струга, таа се здобила со тешки телесни повреди на едната нога, по што била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
На 28.09.2026 во 01:25 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија М.К.(24) од Охрид, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.09.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје, М.И.(34) од Скопје пријави дека околу 21:20 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, малолетно лице, кое било заедно со други лица, физички го нападнало неговиот 14-годишен син и му упатувало закани со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.09.2026 во 02:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во казино на подрачјето на Кисела Вода, две лица ги вознемирувале гостите во објектот, а едниот од нив фрлил мобилен телефон кон едно женско лице, но не ја погодил. Исто така, според пријавеното, лицата оштетиле дел од инвентарот и активирале противпожарни апарати, при што неколку лица – гости и вработени, поради проблеми со дишењето биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.09.2026 во 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината Т.Д.(46) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција.
На 28.09.2026 во 01:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Р.С.(39) од Штип, по претходна пријава дека му се заканувал и се обидел физички да го нападне неговиот 67-годишен татко. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Денеска (28.09.2026) во 06:25 часот во ОВР Берово е пријавено дека настанал пожар во куќа на С.Б.(83) во Берово. Пожарот го изгаснала ТППЕ Берово, а, според пријавеното, од интоксикација од чад починал С.Б.. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Берово, а увид извршија јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Берово.
На 27.09.2026 во 19:10 часoт во СВР Скопје, од Казнено- поправната установа Затвор Скопје е пријавено дека кај осуденикот В.Т.(40) биле пронајдени и одземени пари и мобилен телефон со полнач. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.09.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Скопје пријави дека на 26.09.2026 околу 03:00 часот во неговиот дом на подрачјето на Чаир, неговата поранешна 34-годишна партнерка М.К. од Скопје физички го нападнала и оштетила дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.09.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, Ш.Х.(54) од Скопје пријави дека околу 00:30 часот на подрачјето на Центар, неговата малолетна ќерка била физички и со тврд предмет нападната од нејзиниот партнер. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.09.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна вербална расправија настанала физичка пресметка помеѓу двајца браќа (на возраст од 26 и 20 години) и нивната 46-годишна мајка, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 27.09.2026 во 19:20 часот во СВР Скопје, Х.Е.(58) од Турција пријави дека истиот ден околу 11:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, по претходно недоразбирање околу такси превоз била физички нападната од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.09.2026 во 10:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во скривница на бул. „Александар Македонски“ во Скопје. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 27.09.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ф.И.(34) од с.Инџиково, скопско, поради тоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.