На 26/27.09.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.Б.(40) и 17-годишник, двајцата од Скопје, како и Ш.К.(23) од с.Арачиново, скопско и Н.Х.(32) од Велес затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 26.09.2026 во 22:35 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и од мобилниот тим „Task Force“ при СВР Куманово го лишија од слобода П.Д.(18) од село Долно Којнаре, кумановско. При преглед кај него била ила пронајдена бела грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 26.09.2026 во 10:30 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишија од слобода М.Д.Ф.С.(35) од Франција затоа што при гранична контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на СВР Скопје. Лицето е предадено во полициска станица за понатамошна постапка.
Надворешната канцеларија за криминалистчки работи Струга поднесе кривична пријава против А.С.(67) и Д.С.(42), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. На 06.08.2026 во Струга, пријавените довеле во заблуда 88-годишник и му одзеле 300.000 денари. Тие побарале од него да им донесе денари за да ги види сопругата на едниот од нив, која била од странска земја, а за возврат ќе го награделе. Тој ги донел парите и им ги дал, а тие како гаранција му дале чанта за која му кажале дека има околу 10.000 евра внатре. Пријавените заминале, а откако не се вратиле за половина час и оштетениот си заминал дома и кога ја отворил чантата видел дека нема пари во неа и сфатил дека е измамен.
На 27.09.2026 во 02:42 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 15:00 часот на 26.09.2026 до пријавувањето со употреба на сила било влезено во објект на станица за технички преглед на ул.„Александар Урдаревски“ на подрачјето на Чаир и од канцеларијата на раководителот е одземен ресиверот од видео надзорот. Полициски службеници излегоа на местото и притоа е контстатирано дека со употреба на сила е влезено во експозитура на една банка, како и во канцеларијата на МВР, кои се во склоп на објектот, но не е одземено ништо. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 26.09.2026 околу 15:40 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Д.(44) од Скопје. Тој, претходно физички ја нападнал неговата 42-годишна сопруга, а откако дошла во Полициското одделение Шуто Оризари да го пријави настанот, тој дошол по неа, агресивно се однесувал кон полициски службеници, повторно ја нападнал и се обидел да побегне, но бил фатен и лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.09.2026 во 16:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода В.И.(51) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 45-годишна сопруга. По документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.09.2026 во 22:20 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и дрога при СВР Штип го лишија од слобода И.М.(31) од с.Ерџелија, светиниколско. При преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 26.09.2026 во 21:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ѓ.Б.(31) од Скопје поради сомнение дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје одзел детски четирицикл. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 26.09.2026 во 21:45 часот на локален пат во с.Горно Палчиште, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го приведоа М.И.(23) од Тетово. При преглед на патничко моторно возило „бмв“, во кое бил сопатник, кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (27.09.2026) во 03:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа М.Е.(19), Г.С.(19), И.Р.(20), А.М.(20). Л.Ѓ.(19), А.А.(19), В.Г.(19) и Ж.А.(20) и шест 17-годишници, сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 26.09.2026 во 16:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ф.Б.(45) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.09.2026 во 12:30 часот на ул.„Мара Угринова“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Б.(35) од Гостивар затоа што при преглед кај него биле пронајдени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Денеска (27.09.2026) во 03:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, 43-годишен маж од Скопје со остар предмет упатувал закани кон неговата сопруга. Лицето е сместено во здравствена установа, а по целосно документирање нас лучајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.09.2026 во 08:41 часот во СВР Скопје, од Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Т.Н.(60) од с.Марино, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во Јавното комунално претпријатие Водовод - Илинден. За настанот е известен трудов инспектор.
На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Карпош е пријавено дека во канал во близина на ограда од јавна здравствена установа во Бардовци бил пронајден човечки леш. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а лешот е подигнат и даден на обдукција.
Денеска (27.09.2026) во 00:30 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена од Скопје пријавила дека на 25.09.2026 и на 26.09.2026 во Скопје била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер И.М. од Скопје. Според пријавеното, таа ѝ во изминатиот период била физички малтретирана од него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.