На 25/26.09.2026 на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Н.С.(49) од Скопје и Ј.П.(20) затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблета. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 25.09.2026 во 22:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат во село Лопате, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 15-годишник од с.Лопате и велосипед, управуван од И.Х.(50) од с.Лопате. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар Куманово. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.
На 25.09.2026 во 00:35 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода С.З.(24) од село Ињево, радовишко, С.А.(38) и Г.О.(23), двете од Радовиш. При преглед на патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.З., во кое сопатници биле С.А. и Г.О., било пронајдено пакување со кокаин. Запознаен е јавен обвинител, а по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.09.2026 во 12:50 часот во Полициската станица Валандово, В.К.(59) од Валандово пријавил дека во близина на регионален пат Р-1401 на место викано крстосница „Чалакли“ биле пронајдени четири неексплодирани гранати. Известена е Дирекцијата за заштита и спасување за подигнување на гранатите.
На 25.06.2026 во СВР Велес, од Казнено - поправна установа Затвор Идризово - Отворено одделение Велес е пријавено дека кај осуденикот К.А.(30) од Велес биле пронајдени таблети и марихуана. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес извршиле службен разговор со К.А., а пронајдените предмети биле одземени и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.09.2026 во 20:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Подмоље - Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 2008“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(59) од Струмица и патничко возило „форд фиеста“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 41-годишната К.Ш.З. од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Ш.З. , а со телесни повреди се здобил Ј.М. и неговиот сопатник Р.М.(57) од Струмица, констатирани во Медицински центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
На 25.09.2026 во 20:10 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес извршија службен разговор со С.К.(20) од Велес, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.09.2026 во 20:20 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на превој „Стража“, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(54) од Кичево, излетало од патот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата 48-годишна сопатничка С.С. од Кичево, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
На 24.09.2026 во 18:45 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Б.К.(75) од Кавадарци затоа што кај место викано „Бегово Поле“, атар на село Дреново, кавадаречко, во сопствена нива запалил сува трева, по што пожарот се проширил и зафатил дрва во соседните ниви. Повредени лица нема, а пожарот тој сам го изгаснал. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода шест возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Сите шест лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Е.И.(29) од с.Црвена Вода, Општина Студеничани, Е.С.(30) од Скопје, Б.Р.(30) од с.Радуша, Општина Сарај, Ш.С.(25) од с.Порој, тетовско, Б.З.(28) од Тетово и Ф.Т.(23) од Велес. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
На 25.09.2026 во 14:45 часот во с.Радолишта, струшко, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Б.К.(44) од Охрид. При преглед во патничко возило „шевролет“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, кај него било пронајдено пакување со бела прашкаста материја. По целосно документирање нас лучајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 25.09.2026 во 15:38 часот во СВР Скопје, од Јавна здравствена установа Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 13-годишник од Скопје. Според пријавеното, околу 12:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од С.Р. - родител на негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.09.2026 во 21:45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода К.А.(44) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека се однесувал агресивно и се заканувал на неговиот 67-годишен татко. Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.09.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје, Н.Ј.(55) од Скопје пријавил дека околу 08:30 часот на работното место во Општина Гази Баба бил физички нападнат од неговиот колега Д.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.09.2026 во 17:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Центар во Скопје физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.09.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од Скопје пријавила дека на 24.09.2026 околу 11:45 часот на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје, нејзиниот девер Р.М. од Скопје ѝ се заканувал. Според пријавеното, тој и претходно упатувал закани на нејзиното блиско семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.09.2026 во 18:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.П.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје упатувал закани на неговата 41-годишна сестра и нивниот татко. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.09.2026 во 12:38 часот во СВР Скопје, 20-годишна девојка од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, нејзината 49-годишна мајка Д.С. ѝ упатувала закани. По преземени мерки, нејзината мајка е сместена во здравствена установа.
На 25.09.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, Е.У.(23) од Скопје пријавил дека во службени простории на правен субјект на подрачјето на Карпош, по претходно нарушени односи, бил физички нападнат од неговиот колега М.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје, Ж.Г.(48) од с.Волково, скопско, пријавил дека на 24.09.2026 околу 16:20 часот на Транспортен центар во Скопје бил физички нападат од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.