Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Р.П.(23) од с.Владимирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 04.02.2026 на регионалниот пат Виница-Берово, на автобуска постојка во с.Мачево, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Р.(35) с.Камењане, Општина Боговиње, А.М.(28) од с.Челопек, Општина Брвеница и С.А.(41) од с.Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „убивање и мачење животни“. На 23.03.2026 во објект на поранешен угостителски објект во с.Черкези, пријавените организирале и овозможиле борба со кучиња.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(41) од с.Добри Дол, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување со опасно орудие“. На 07.06.2026 во близина на наплатна станица Желино, пријавениот најпрвин упатувал закани на Н.Џ., а потоа го нападнал со дрвен предмет.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Д.(44) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 14.08.2026, пријавениот упатувал закани и физички ја нападнал неговата сопруга.
На 24.09.2026 околу 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода двајца малолетници од Куманово. Тие се сомничат дека на 21.09.2026 со употреба на сила влегле во деловен објект на улица „Маршал Тито“ во Куманово и одзеле пари. Малолетниците биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.
На 24.09.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во 12:00 часот на крстосница од ул. „Јордан Мијалков“ и ул. „Герман“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ц.Б.(67) од Охрид, со живеалиште во Скопје и велосипед управуван од А.Г.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.
На 24.09.2026 во СВР Штип е пријавено дека околу 20:30 часот на ул.„Радански пат“ во Штип, О.Ј.(25) од Штип, управувајќи мопед, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот. Во несреќата, А.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Штип, при што било констатирано дека тој го управувал мопедот без возачка дозвола.
На 24.09.2026 во 22:20 часот на ул.„Гостиварска” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода У.К.(26) од Прилеп, бидејќи физички го нападнал неговиот татко и му нанел повреди. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.09.2026 во 08:10 часот во Полициското одделение Теарце, Б.В.(40) од с.Доброште пријави дека претходниот ден (23.09.2026) во попладневните часови, неговиот малолетен син и неколку негови другари, додека се движеле со велосипеди во планинскиот предел над селото, забележале неексплодирана експлозивна направа. Местото било обезбедено од полициски службеници од Полициското одделение Теарце, а направата е преземена од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, при што било констатирано дека се работи за рачна бомба од германско потекло. Се работи на расчистување на случајот.
На 24.09.2026 во 21:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода В.Т.(46) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнала нејзините родители. Таа е задржана во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.09.2026 во 23:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Р.В.(34) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 29-годишна сопруга. Тој е задржан во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 24.09.2026 во 12:30 часот во село Ораовица, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.Б.(73) од Радовиш. Според пријавеното, тој околу 10:30 часот на нива во атар на село Ораовица со моторна пила сечел топола, а откако паднала, гранка од неа го погодила Н.Т.(77) од Радовиш, кој заедно со Т.Б. отишол на нивата. Од здобиените повреди Н.Т. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Радовиш. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица – ОВР Радовиш.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.Л.(30) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.09.2026 во дворно место од семејната куќа во Кочани, пријавениот упатувал закани и физички го нападнал неговиот 28-годишен брат.
На 24.09.2026 околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во паркот во Капиштец во Скопје, малолетно лице фрлило пиротехничко средство, по што настанал пожар. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
На 24.09.2026 во 09:23 часот во ОВР Делчево, од Итна медицинска помош e пријавено дека за укажување лекарска помош на Љ.В.(68) од с.Стамер, делчевско, биле повикани кај место викано „Брана Петрашевец“ во атар на село Чифлик, делчевско. Според пријавеното, тој додека управувал трактор со делчевски регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот, кој се превртел, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кочани. Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Делчево.
На 24.09.2026 во 18:20 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Д.(28) од Свети Николе. По претходна расправија за паркинг, тој со патничко возило „форд“ со светиниколски регистарски ознаки тргнал кон Р.Б и Ј.Б., двајцата од Свети Николе, при што турнал метална порта од дворното место на Р.Б. и Ј.Б., која паднала на нив и им нанела повреди. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 24.09.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, Ф.А.(43) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син со остар предмет бил нападнат од негов соученик, нанесувајќи му расекотина во пределот на раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 23.09.2026 во 23:30 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Б.О.(43) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека на социјална мрежа упатувал пораки со заканувачка содржина на С.Б.(31) од Кочани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Денеска (25.09.2026) во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Драчево било опожарено патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(23) од Скопје. Од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.09.2026 во 12:55 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријави дека подолг временски период таа и нејзиното семејство биле телефонски вознемирувани и следени од И.А.(48) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.09.2026 во СВР Скопје, 48-годишен маж пријави дека на 23.09.2026 во неговиот дом на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од неговата 41-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка, а која оштетила и дел од покуќнината. Исто така, 41-годишната жена пријави дека била физички нападната од нејзиниот 48-годишен сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.09.2026 околу 11:00 часот во СВР Скопје, Ш.С.(59) од с.Бојане, скопско, пријави дека на 17.09.2026 во селото, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од друг малолетник, кој употребил тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.09.2026 во 16:40 часот во СВР Скопје, А.А.(28) пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од Р.К.(35), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.09.2026 во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријави дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете. Известен е јавен обвинител и Центар за социјална работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.09.2026 во 16:54 часот во Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен Ф.Р.(35) од Скопје, кој набргу починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јaвен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.