СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.Б. (61) и Љ.Д. (28), двајцата од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.11.2025 во близина на ноќен клуб, полициски службеници извршиле преглед кај второпријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин, кој претходно го набавил од првопријавениот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С. (22), М.А. (25) и Д.А. (25), сите од Куманово и Д.С. (24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 18.02.2026 пред продажно место во с.Умин Дол, кумановско, пријавените физички го нападнале Д.Ѓ..
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.П. (32) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27.02.2026 во Гевгелија, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.М.(63) од делчевско село, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 04.08.2026, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Х.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ Скопје, пријавениот со употреба на физичка сила и подесен алат од сеф одзел девет пиштоли.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.А.(18) од с.Арачиново, скопско, С.Р.(31) од с.Сарај, скопско, Б.А.(31) од с.Долна Лешница, Општина Желино, Д.А.(21) од с.Неготино, гостиварско, Џ.М.(48) од Гостивар, Д.М.(24) од с.Чајле, гостиварско и А.М.(39) од Кавадарци, кој бил и под дејство на алкохол. Додека пак, М.Ј.(61) од Свети Николе управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
На 30.09.2026 во 18:45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.К.(55) од Република Грција. При гранична контрола и извршени проверки било констатирано дека на увид приложил фалсификувана словенечка возачка дозвола. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.09.2026 на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(22) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.09.2026 во 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„534“ и сервисна улица во с.Марино, општина Илинден, мотоцикл управуван од 17-годишник од с.Марино, удрил во паркирано патничко возило „хонда сивик“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од П.М.(68) од с.Мралино, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 30.09.2026 во 11:05 часот на место викано „Бунец“, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го лишија од слобода Ш.М.А.(33) од Авганистан. При контрола во такси возило со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал, кај него биле пронајдени марихуана и ризли. Тој е задржан во полициска станица и бил изведен пред судија од Основен суд Гостивар, кој му изрекол соодветни прекршочни санкции и мерка забрана за влез во Република Северна Македонија во траење од една година.
На 30.09.2026 околу 09:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на локалниот пат с.Марена-с.Сопот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и велосипед, управуван од Б.А.(76) од с.Марена, по што возачот со патничкото возило го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2026 во 22:00 часот во село Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода А.М.(21) од село Сенокос. При преглед и контрола на патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 30.09.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода О.Р.(61) од кривопаланечко село, затоа што физички го нападнал неговиот малолетен син, при што употребил и остар предмет. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 01.10.2026 во 00:15 часот во село Мала Речица, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.И.(27) од Тетово, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.09.2026 во 20:55 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.К.(43) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава за семејно насилство од неговата 41-годишна сопруга. Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против Т.З.(57) од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги ,психотропни супстанци и прекурсори“. На 02.12.2025 во Валандово, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени семки од растението канабис.
На 30.09.2026 во 13:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа Б.Б.(29) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во близина на село Возарци, кавадаречко, од патничко возило одзел паричник, сопственост на 24-годишна жена од село во кавадаречко. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.Г.(52) од Дебар, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. На 14/15.09.2026 со употреба на физичка сила и алат исекол и одзел две метални заштитни еластични огради поставени на „Врмички мост“ на регионален пат Дебар-Струга. Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист, а на штета на Јавното претпријатие „Македонија пат“.
На 01.10.2026 во 01:10 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 21-годишен жител на Богданци. Според пријавеното, тој на 30.09.2026 околу 21:00 часот во неговиот дом физички ја нападнал неговата 17-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.10.2026 во 04:50 часот, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со Ф.Т.(29) од село Клуковец, велешко. Претходно, било пријавено дека ловочувари од Ловечко друштво Велес во близина на село Клуковец слушнале истрели од огнено оружје и поради сомнение за незаконит лов излегле на терен, при што забележале возило во кое бил Ф.Т.. Од него биле одземени две пушки и дозвола за оружје и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ц.(62) од струшкото село Враништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик - „предизвикување општа опасност“. Тој, на 25.08.2026 со потпалување на сува трева и грмушки предизвикал пожар на отворен простор во атарот на струшкото село Ложани. По преземени мерки, полициските службеници го приведоа и лишија од слобода.
На 30.09.2026 во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека П.Т. од Охрид во семејниот дом физички ја нападнала нејзината мајка. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава
На 30.09.2026 во 03:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода Т.М.(54) од Крушево, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.09.2026 во 19:50 часот полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ј.Т.(36) од село во велешко, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од домот, по кратка расправија се обидел физички да ја нападне неговата 57-годишна мајка, а потоа оштетил предмети во дворот. Тој бил задржан во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.09.2026 во 11:20 часот во СВР Скопје, Б.Р.(52) од с.Долно Лисиче, скопско, пријави дека во дворот од семејната куќа, Т.А. физички го нападнал неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 30.09.2026 во 15:40 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Б.С.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 29.09.2026 телефонски упатувал закани кон полициски службеник, кој претходно му изрекол казна за сообраќаен прекршок. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.10.2026 во 00:00 часот во СВР Скопје, А.Р.(59) од Скопје пријави дека на 30.09.2026 околу 22:00 часот во двор од семејната куќа на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија за паркинг простор, неговиот сосед Н.О. му упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2026 во 08:42 во СВР Скопје, А.С.(41) од Скопје пријави дека околу 08:00 часот, додека била на работното место во детска градинка на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје, се здобила со повреди на раката. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а за настанот е известен трудов инспектор.
На 30.09.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје, А.А.(25) од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во с.Јурумлери, скопско, бил физички нападнат од едно машко лице, кое му го оштетило возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.09.2026 во 12:05 во СВР Скопје, В.И.(43) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот, додека извршувала работни задачи во приватна фирма на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје, се здобила со повреди. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а за настанот е известен трудов инспектор.
На 30.09.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, Д.Р.(76) од Скопје пријави дека од семејниот дом на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје се оддалечила неговата тетка М.В.(86) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 30.09.2026 во 14:20 часот во СВР Скопје, Б.У.(49) и Г.Н.(55), двајцата од Скопје, пријавија дека на 29.09.2026 околу 22:00 часот нивните малолетни деца биле физички нападнати од Д.М. и Д.Н.. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.